Овие што ја читале книгата и понатаму со коментари од типот: „интересна епизода“.
Епизодава е шокантна, бесмртна, епска, редефинирачка, ненормална, историска, антологиска... Не памтам друга епизода од било која серија вака да ме извадила од памет. Го мразам Мартин, и во исто време им благодарам за оваа епизода која никогаш, никогаш нема да се заборави. Сега се прашувам само дали во следниве сезони ќе можат да го надминат ова...?
Ова ќе му дојде како во Friends да го убијат Чендлер во прва сезона, а во трета да ги измасакрираат Моника, Џои, Фиби и Рос и потоа да ти остане само Рејчел во придружба на Гантер, Џенис и Ричард. Океј, жанрот е друг нормално како и ликовите, ама заедничко е што и двете серии имаат ликови за кои си заинтересиран, ликови кои ти значат и на кои им посакуваш се` најдобро во живот.
Ептен сурова работа, од една страна ти иде да го колнеш Мартин до деветто колено што те вади вака од памет, но од друга страна ти иде да му се заблагодаруваш што ти смислил вакви настани, невидени во било која друга серија. Финтата е што стариот цело време ти сервира погрешно сфаќање околу приказната. Уште од прва епизода ти вели 'На ти, овие се добри, овие се лоши'. Нормално, како и во секој филм/ серија и како во реалниот живот, природно ти иде да навиваш за добрите. Да, финоќата во повеќе случаи се покажа како досадна за гледање, подосадна од, да речеме, малтретирањето на една Санса, ама без разлика, имаш надеж дека дури и замислениот универзум на Мартин ги почитува правилата дека добро со добро се враќа.
И потоа ја гледаш деветтата епизода од прва сезона. Нед bends his knee пред Џофри, си викаш ај главен лик е шо, сигурно нема да умре. Завршува епизодата и сфаќаш дека си се заебал и дека не бил главен лик. Ти паѓа криво, но истовремено знаеш дека ова нема вака да помине и дека Ланистерови ќе го платат својот долг како и секогаш. Нели, Серсеи вели: Is this the price we pay for our sins? Гледачите велат: yes it is, има да го јадете.
Деветтата епизода од првата сезона е битен фактор во резултатот од деветта епизода последна сезона. Разликата помеѓу смртта на Нед и смртта на Кејтлин, Роб, Талиса, Нед Старк Втори, Греј Винд и останатиот дел од Северњаците, е што резултатите се катастрофални. Надежта за одмазда која одеднаш се појави после смртта на Нед тука ја нема. Да, Арија може да порасне и да го шета Вестерос со списокот во рака, Рикон може да стане опасен воин, Калиси може да престане да го имитира Спартак и да запали се` живо во Вестерос, но повеќе и тоа не е сигурно. Во Прељубници барем во секоја епизода ти велеа дека 'нико није сигуран', а тука нема никакво предупредување. Изенади ме еднаш, срам да ти е. Изненади ме по втор пат, срам да ти е пак, само не мора да ме изненадуваш по трет пат. Гледачот сфаќа дека работите никогаш не испаѓаат така како што треба/ очекувал и затоа престанува да гледа херои во ликовите и да очекува хепи ендинзи. Сосема разбирливо, некои т.е. сите веќе три години чекаме на Џофри некој да му ја скине скиселената фаца, а тоа станува се` поневеројатно. Дури има некои гледачи кои се и претерано оптимисти, како на пример овој тип:
Играта на Мартин дека добрите не победуваат секогаш ја сфативме уште во прва сезона, но сега во трета ни се чини дека играта му се состои од мотото 'добрите не победуваат никогаш'. Не мислам дека писателот е до толку забеган серијалот да го заврши со некој гад како седи на тронот, ама барем сега-засега јас не гледам како може да дојде до промени во владејачката структура на Седумте Кралства. Роб и Кејтлин не ми беа којзнае колку омилени, не ми беа ни во првите 15 омилени ликови, ама она кое ја прави епизодата крајно језива не е само нивното свирепо убиство, туку и помислата дека во наредните епизоди ќе треба да го гледаме исходот. Тајвин и Серсеи ги обожавам, ама истовремено сакам да им ги видам главите забодени на колец како го красат King's Landing. Контрадикторно звучи ептен, ама треба да има некакви правила во серијата, исто како што треба да има и во реалниот живот.
Од друга страна пак, моментите од последната епизода ја прават GoT да биде таква извонредна серија каква што е. Свирепоста е дел од ДНК-та на серијата и една од нејзините карактеристики која ќе ја запише во историјата на телевизијата во Америка и светот.
Многу интересна работа: колку повеќе бруталност ќе ти понуди серијата, толку повеќе те тера да ја цениш. На некој ќе му ја пресечат раката и едвај чекаш да видиш наредната епизода во каква состојба ќе биде тој. Некој ќе заврши со „круна“ на глава и тоа ќе ти биде причина да сакаш да дознаеш што ќе се случува со некој друг лик. Некои бруталности се помали, некои поголеми, но не верувам некој да се откажува од серијата поради нив. Напротив, бројот на фанови се зголемува се` повеќе.
Причината е едноставна, а тоа се ликовите. Нивната разработеност е детална и воопшто не се разликува од онаа кај другите квалитетни серии. Да, Game of Thrones има змејови, ворлоци, вајт вокери, вингови, воргови, џинови и смоук моунстери, но тоа не се најважните работи во серијата. Ликовите не се само фаци со дијалог, туку речиси реални луѓе за кои гледачот се интересира и со кои се приврзува. Го познаваме Роб добро и неговото минато, ја знаеме исто и Кејтлин. Ни беше мило кога Роб го зароби Џејми, ни беше глупо кога Кејтлин го ослободи Џејми. Дури и кога ни беа досадни, а тоа беше често во последната сезона, сепак си мислевме дека не заслужуваат да им се случат вакви лоши работи.
Сепак, иако Старкови загинаа на крајно језив начин, сцената со нивната смрт за мене ќе остане запаметена како една од најјаките сцени кои некогаш сум ги гледал во серија или филм. Како што ќе ја паметам I won сцената од Breaking Bad, или пак Not Penny's Boat од Lost, така ќе ја паметам и Црвената свадба. За тоа колку е заслужен Мартин, толку се заслужни и продуцентите на серијата, во комбинација со режисерот. Сцената беше језива, но истовремено феноменална. Прво ти сервираат идилична атмосфера, потоа на Едмур му ја сервираат Мис Фреј Универзум и ти даваат до знаење дека нешто не штима, потоа го слушаш Болтон дека му станал зет на Фреј. Ја затвораат вратата и ја слушаш Rains of Castamere. На крај - масакар, кој мислам дека не го очекуваше ниеден гледач што ги нема читано книгите.
Непредвидливоста и немилосрдноста, помеѓу другото нормално, се работи кои GoT ја прават да биде тоа што е, а тоа е една од најдобрите серии моментално за мене. Токму затоа, на Џорџ Мартин сакам да му порачам да се гони упм, но истовремено сакам и да му се заблагодарам што ми овозможува да уживам во неговата генијалност, и преку книгите и преку серијата.
А, да. П.С. не ми се верува дека ќе има нешто пошокантно понатаму во серијата, освен ако на Мартин не му текне да направи human centipede од омилените ликови на фановите.
П.П.С. Може забегав малку со долгиот пост, и затоа еве поклон за укажаното внимани (не е спојлер, сликата е HQ затоа):