Да ти ебам масонот Мартин, ми падна нетот и не можев да го постирам постов.
Овие што ја читале книгата и понатаму со коментари од типот: „интересна епизода“.
Епизодава е шокантна, бесмртна, епска, редефинирачка, ненормална, историска, антологиска... Не памтам друга епизода од било која серија вака да ме извадила од памет. Го мразам Мартин, и во исто време им благодарам за оваа епизода која никогаш, никогаш нема да се заборави. Сега се прашувам само дали во следниве сезони ќе можат да го надминат ова...?
Нема шанси, ова е врвот, кулминацијата на се, changing point of everything, точка која те остава без идеја и недогледност. Не спојлеришам со ова, туку и самите продуценти кажуваат во видеана дека ова е настанот кој едвај го чекале да дојде но веднаш би го дале на некој друг да го направи од страв, затоа што е премногу шокантно и психички разурнувачко.
Значи едно е да ги убиваш (постојано) твоите главни карактери, али ова беше повеќе од тоа. Едно е на пример да умреше Роб во тек на војна од Ланистерите или Кејтлин или па случај како смртта на Нед каде што тоа е замисливо до некој степен, но ова што се случи на Red Weeding беше брутално, психички убиствено, зад секоја граница. Едноставно НЕНОРМАЛНО беше сето ова!
Нема, нема таков неочекуван пресврт за споредба, значи беше до бол, до исцедување на гледачот/читачот. И тоа од страна еве на мене, гледач кој не беше баш фан на Старк, но човеков ја уништи сета правдина, лојалност и надеж за доброто во сценава.
Едноставно ова беше кулминацијата, не гледам што понатаму би можело да шокира вака, нема со што би се надминале, и да има јаки твистови после ова ништо нема да биде исто, не само во серијава туку општо во светот на сериите.
Али серијата барем за мене е таква што сигурно оние ко мене кои се до гуша затрескани ќе и останат верни гледачи до крај. Бидејќи и тоа што ја мразиш серијата до дно некогаш (иако не ми се десило тоа уште со GoT) е доказ колку серијата е добра до бола!
Кога гледајќи/читајќи се запознавав со делата на J.RR. Tolkien*** бев импресиониран од деталноста на неговиот креиран свет, на сите тие пространства, навики на расите, нивните сличности и разлики, но тоа беше далеку во доменот на фантазијата.
Game of Thrones е improved version, со импресионирачка реалност и компарација со нормалниот свет и со неверојатно погодена одредена доза на sci-fi елементи, што ја прави совршена до перверзија. Едноставно стариов ја нашол вистинската формула за градење на нов свет, во кој и најмалите детали се поврзани со нешто, каде што дејството оди зад секоја замислива граница. Значи ненормалниот напишал илјадници страни внесувајќи се и до најситни детали.
Сеа многу ги споменав книгите но тоа е сепак тие се сржта, а мислам дека и нема подобра продукција од HBO за екранизирање на работиве и мислам дека досега и продуцентите завршија феноменална работа, до степен каде што на серијава не можеш да и најдеш никаква мана.
Сеа многу од вас а и по странскиве портали се жалеа на споро дејство со слаба динамика но серијата е таква што дури и Џејми и Qhorin the Halfhand да би играле баскет би била интересна, затоа што серијава е = на свет, свет во кој секој детал е ненормално обработен. Јас би сакал и да им дадат уште поголем буџет, а и треба пошто ова е неповторувачка можност, сезоните да ги продолжат на барем 13 епизоди за поголема обработка и поголемо уживање.
Можеби се наоѓаме во години кога излегуваат срање филмови, али на сметка на тоа се наоѓаме во години на фантастични серии, најдобрите во историјата на телевизијата а Game of Thrones е моментално јаготката на шлагот.
***
J.R.R. Tolkien
G.R.R. Martin
ова дури сеа ми падна у очи и нема шанси да е случајност! Илуминати се и двајцата! 