Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Калиси не иде нигде,се рчка со сите и се прави најпаметна и најмоќна.Не верувам воопшто некогаш и да стигне до Вестерос не па да направи нешто таму со своето его и арогантност.

До сега на свој грб ги има навлечено овие од Вестерос,Варлоците,Астапор и сега и овие богаташиве додека самата има лимитирани бројки од 8000 војници и 3 змеја.Очекувам да се вртка сега како Роб едно 3 сезони и ништо да не прави.
Јас мислам Калиси ќе влезе во борби за тронот таму на крај негде......сега вака попатно ќе се рчка ваму таму.
Плус не и се израснати змејовите,кога ќе пораснат ќе тргне накај кингс лендинг.
 
Калиси направи тешка глупост. Има војска. Наместо да ја прифати понудата да добие бордови со кои ќе може да ја пренесе војската во Вестерос, реши да ослободува робови... Осеќам ова скапо ќе ја чини. Не верувам да помине така лесно како во претходниот град.
Стварно многу глупа... сака да ослободи 200.000 (мислам дека беа толку) луѓе од кои поголемиот дел би преминале во нејзината војска.
 
Стварно многу глупа... сака да ослободи 200.000 (мислам дека беа толку) луѓе од кои поголемиот дел би преминале во нејзината војска.

Тоа не се тренирани војници, што ќе и се такви во војската? А колку од овие што ги има ќе изгуби за да го освои градот и да ги ослободи тие робови? Плус мислам дека ќе и биде потешко отколку што мисли. Не за џабе беше кажан фактот дека тој град има моќни сојузници.
 
Првата полу-досадна епизода. Премногу отишле на картата на голотија, ко Спартакус да глеав (плус па и „арената“ со мечката).

Џејми или Тајвин мора да се барем номинирани за ЕМИ за најдобра споредна улога. Лани беше како немале доволно скрин-тајм, годинава имаат и растураат.

Џон Сноу и Игрит го уништија почетокот на епизодава, тек после втората сцена со нив ми беше малку океј, али мааааалку. На многу глуп начин ми беше и бегањето на Ајра.

До душа очекував и ваква затоа што George RR Martin е писател на сценариото за епизодава, но мислев ќе биде поинтересна. Али ипак, ми се чини дека сцениве ќе испаднат битни баш заради тоа, ваљда стариот не вадел некои небитни работи за во епизодава.

Но затоа наредните три се сите напишани од продуцентите, кои беа писатели и на најјаките сезонава, so let's get ready to rumble! :D
 
Малку спора епизода како и претходната, ама мораше да се дефинираат карактерите за понатаму, пред да се развие плотот на приказната.
Дури и двете теткици со Теон беа уфрлени за да се спаси од монотонија епизодата, но сепак неколку работи беа дефинирани.
Ако се сомневавме дека Џејми Ланистер не е променет и е истиот самобендисан син (барем јас го есапев за исто ѓубре), сега дефинитивно ни се даде до знаење дека има промена во неговиот карактер.
Важен сегмент е дека Џофри се осуди да се посомнева во работата на стариот, односно да го нафрли својот авторитет. Ова е само еден добар предзнак дека нешто понатаму ќе се случува на ова поле, дали Серсеи го користи своето влијание кон Џофри за да го спречи договорениот брак, или пак му е досадно на Џофри па е решен малку да си игра крал ќе видиме понатаму. По мое никој не би требало да си игра некакви игри со стариот знаејќи ја неговата интелегенција и суровост.
Трета работа која се начна оваа епизода е тоа двоумење и нерешителност на Џон Сноу на која страна би бил кога еднаш би дошла пресметката.

И за крај мислам дека е време Калиси да потегне некој глупав потез, не верувам дека чичко Мартин ќе дозволи толку успеси по ред за некого. :D
(Не ми е читан овој фрагмент на книгите, односно ја имам прочитано само првата, така што се ова погоре е шпекулација)

Ах да Роберт има копиле, и тоа три пати попаметно од Џофри.
 
Трета работа која се начна оваа епизода е тоа двоумење и нерешителност на Џон Сноу на која страна би бил кога еднаш би дошла пресметката.
Не ми изгледаше дека се двоуми, тој убаво знае што сака и што би се случило, се обидуваше да ја одврати "you know nothing" од сигурна смрт.
 
И оваа како и претходната епизода беше посветена на подлабока разработка на ликовите и дејствијата. Пошто е екранизација на книга потребни се и вакви епизоди каде на гледачите ќе им се прикаже што им се врти во глава на ликовите, како размислуваат, што чувствуваат и сл. GRR Martin во книгите пишува од аспект на ликовите со минимум нараторство па ако режисерот рипа од случка во случка ќе биде многу нејасно за гледачите. Неизбежни се некои од овие сцени кои изгледаат незначајно и верувајте не се само за да попунат време (време и епизоди има премалку а настани и дијалог премногу, дури и се крати на големо :(). Изгледа досадна и спора зашто нема акција и некои големи твистови, но доста детали и хинтови има кои на обичениот гледач не би му значеле ништо а за постудиозните фанови и те како е значајна епизодава. Едноставно од друг агол ја гледаш секоја сцена, секој детал доколку ти е познато дејството од книгите. The devil is in the details.

GoT е чуден феномен, и по цел ден би гледал вакви "досадни" епизоди, едноставно времето ми лета. Проблемот не е во шоуто, туку во разгалената публика која очекува CGI спектакал од секоја сцена во секоја епизода. Па бидете реални и во останатите одлични серии како Breaking Bad, Lost и сл. се чека дури и неколку епизоди да се случи нешто конкретно а се измеѓу е build-up и разработка на карактерите. Но како и да е се работи за вкусови и нормално дека нема на секого да му се допадне серијата или одредена епизода. Секој има право на мислење и тоа треба да се почитува!

Е сега околу епизодава. Ако предходните сезони Tyrion беше омилениот на публиката (не дека сега не е) оваа сезона дефинитивно Jaime, Olenna, Daenerys и Tywin доминираат во сите сцени во кои се појавуваат. Tywin is boss, it is known. Jaime ја има најдобрата трансформација на лик кој некогаш ја имам прочитано или гледано на TV, се разбира половина од заслугата е на одличната интерпретација на актерот.

Да не испадне дека само ја бранам серијава, објективност пред се. Овој пат имам замерка за претераните сцени со голотија. Kога ќе ми текне колку само споредни ликови и квалитетен текс се изоставени за 2-3 голи тетки... Единствено можам да ја разберам сцената со Theon до некаде, но поентата можеше да се постигне и со пократка сцена.

Втората замерка е што страшно ме нервира што го форсираат Orell, лик кој е микс од 2 лика но поради финансии и време е споен во еден за потребите на шоуто. Далеку поинтересен лик и со многу подобри дијалози и досетки е Tormund Giantsbane. Сакам да видам повеќе од Tormund а помалку од Orell! Понатаму Yggrite воопшто не е ваква "несериозна" но е добредојдена промена. Ми се допаѓа како глуми, од ведра сцена може со една гримаса и 2-3 збора да ја претвори сцената во сериозна.

За нијанса послаба од претходната епизода но добра увертира за последните 3 од оваа сезона.
 
Веќе 7ма епизода. Ко вчера да почна сезонава , а уште 3 епизоди останаа од неа. :(
 
Првата полу-досадна епизода.
Да. Пошто предходната беше комплетно досадна.

И оваа како и претходната епизода беше посветена на подлабока разработка на ликовите и дејствијата.
Овде престанав да те читам.


Не беше така лоша, имаше неколку мачки и една мечка. Сериозно, подобра од предходната.

Џејми го прават омилен лик на сите. Во исто време, ја фрлаат Калиси под автобусот. Сцената беше толку „не-Калиси“, дијалогот лош, Калиси збунета како да не знае што сака да направи... И каде и исчезнаа војниците? Едвај 20 души имаше.

Сцените со Грејџој се како цензурирано продолжение на Хостел.
 
Па не ја гледај.
Поглуп одговор аман.

Знам дека е богохулие да се критикува серијата на форумов ама последните 2 епизоди не се на нивото на серијалот (со исклучок на неколку сцени) а последната епизода за мене е најлоша во оваа сезона.

Што ново дознаваме?
Дека Санса е глупа?
Дека Гендри е син на Роберт?
Роб напредуваше во војната?
Сноу виде ветерница и што?
Која беше поентата на сцената со Теон?

Прв пат (со исклучок на Калиси и Арја) се чувствувам како да можев да не ја гледам епизодата а да не пропуштам ништо!
 
Поглуп одговор аман.

Знам дека е богохулие да се критикува серијата на форумов ама последните 2 епизоди не се на нивото на серијалот (со исклучок на неколку сцени) а последната епизода за мене е најлоша во оваа сезона.

Што ново дознаваме?
Дека Санса е глупа?
Дека Гендри е син на Роберт?
Роб напредуваше во војната?
Сноу виде ветерница и што?
Која беше поентата на сцената со Теон?

Прв пат (со исклучок на Калиси и Арја) се чувствувам како да можев да не ја гледам епизодата а да не пропуштам ништо!

Не викам дека е лошо за критика, ама ако не ти се свиѓа - не ја глеј. Критиката твоја таков одговор заслужуваше. А сеа што го пиша ова, е тоа е веќе друга работа.
 
Не викам дека е лошо за критика, ама ако не ти се свиѓа - не ја глеј. Критиката твоја таков одговор заслужуваше. А сеа што го пиша ова, е тоа е веќе друга работа.
Па не сакав да пишам за да не правам спојлери за епизодата бидејќи беше рано, јас уште на стрим ја изгледав. Инаку може не си прочитал на некоја од претходните страни пишав и што не ми се допадна во претходната 6та епизода
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom