Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Џон и рече Дани. Поклише сцена од нивната последна, амин. Ко да чекаш брат и сестра да се плеснат, е такви ми се нивните сцени со симпатичните погледи. Ако ги спојат, ќе се ужаснувам додека ги гледам. Полош пар немало и ќе нема.
Е сега и ти... Не се праи на удрена. Од сам почеток се гледа дека они двајца идат еден кон друг и дека се ултимативниот пар у серијава (на книги и емисии).
Тоа што му е тетка, е скроз нормално за нивна фамилија.
 
Неверојатна епизода, се извадија со 4-та и оваа за се претходно, се ежев и тресев со отворена уста на сцената кога змејовите ќе ги топат мртвите, FUCKING EPIC!
 
20882147_10213693862481574_5703372654269500274_n.jpg
 
Сцената кога Џон е на работ и во очите му се гледа очај, беше како флешбек на истата ситуација во која се најде во битката со Ремзи.
 
Зомбијата и до сега го поминуваа Sидот, проблемот беше за вокерите. Дали сега со змејот се решава тој проблем? Некако планирано ми стоеше сето ова од Вокерите, си почекаа како да ја очекуваа Даенерис со змејовите. Не би било чудно со оглед на тоа што Night's King скоро сигурно ги има истите моќи како и Бран.

Инаку сезонава е добра за гледање, ама ако вклучиш мозок за момент ќе ти заебе чувство. Знам дека треба да зберат многу дејствија во 2 кратки сезони ама толку нелогичности...многу од нив без никаква потреба. Сценографијата е добра, ефектите за серија исто така супер, глумата кај кого како. Само сценаристите не ја испланирале сезонава како што треба. Тоа е тоа, и со 6000 страни воведен материјал не е лесно да се напише квалитетна кулминација и крај.
 
Е сега и ти... Не се праи на удрена. Од сам почеток се гледа дека они двајца идат еден кон друг и дека се ултимативниот пар у серијава (на книги и емисии).
Тоа што му е тетка, е скроз нормално за нивна фамилија.

Па Џон не знае дека е нејзина фамилија. Кога ќе дознае, не верувам дека ќе си рече ајде, нема врска Дани, да си тераме ние двајцата. Што знам, еве Серси и Џејми се удрени, али Џон ми нема таков менталитет.
 
Супер беше епизодава освен делот со Арја,очобол. Али колку и да е добра ако фатиш да размислуваш зашто се таму и дека влечкаат зомби затвореник ти се заебува цел филм.
 
Не хејтам, ама синџирите беа непотребни кај најдоа толку ковано железо, сцената со Џон и Дени беше подосадна од Сем и Гили на времето, едино шо ми се допадна беше тоа шо змејот му го зедоја иако и тоа беше малце глупо зш Драгон беше поблиску и не леташе ако го убиеше него ќе ги убиеше и сите кои беа на него, а најт кинг стрелаше со копјето во воздух, да не зборам за то шо го фрли ко торпедо.

Како и да е како шо спонма членот погоре ако не го уклучуваш мн мозокот сезонава е топ за гледајне.
 
Ми се допадна ептен епизодава, одлична беше, крајот беше особено закон. Тормунд не смее да згине, таа беше напната сцена. За Берик бев сегурен 99% дека ќе умре тепајќи се со Ноќниот Крал (ќе ни треба име за него).

6/7 души vs цела армија е ептен Холивуд клише али ај тоа ќе се прогледа низ прсти. Имаше некои други работи кои ме нервираа како Арија-Санса конфликтот кој ептен е вештачки и нема смисла, Бенџен што умре онака колку да се отарасат од него и да даде начин како Џон стига до ѕидот.
 
Башка како го извадија змејот, а не смеат у вода... кој го врзаше, оди најди му крај. Нелогички се многу работи, како со Џејми што одма пропадна, па дури и се спаси... наместо да беше заложник.

Се приметува од авион дека веќе главните ликови се исфорсирани, не е ко шо беше.

8-ма цела ќе биде со овие, кујзнае уште поголеми глупости ќе се дешаваат и поголеми фантазии. Бран очекувам да го контролира змејот, замисли ејј еве ги браќава и оди со нив :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom