Леле крајов, не сум била повозбудена за наредна епизода. Бар не сезонава.

Што фино, сите се собраа, секој со некој си се знае, журка. Давос од таму ваму, од југ на север, па ова што се издеси епизодава порано 2 сезони траеше.
Очигледно дека на Давос му ги даваат репликите од мемињата и она што го мислат фановите. Уште те мислев веслаш.
Али добро излезе ова со Гендри во секој случај, плус и он скратил фризура, поличен е вака.
Сега дефинитивно мислам дека Џејми нема да ја пипне Серси, во смисла пророштвото. Ако гине некој друг ќе ја убие, Џејми и е верен до гроба.
Џон не е копиле. Сега и по титула може да си го бара тронот.
Којзнае што плетка овој Прстето. Пораката беше од Санса и се спомнуваше Џофри, за што поточно се работи ќе видиме. Мада најнеинтересен дел ми се они моментално.
Крајот, леле. Борбите со Дени и змејовите се ок, но најјаките работи се случуваат секогаш на Северот. Или над него.

Кој ќе умре од овие? Мора некој да отиде наредна епизода. Јас типувам на Берик и Џора првично. И двајцата демек имаат некоја цел, па може сега ќе си ја стигнат.