Коловрт
Озимандија
- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 4.015
- Поени од реакции
- 9.165
Висерис е исто толерантен на оган ама според мене тие шо немаат гајле од оган можат да "несат" змејски јајца. И нормално мора да биде женско
Имаше еден ненормален на ЈуТуб со теорија дека сите овие наследни особини кај Таргеријанци може да се објаснат преку основните генетски закони на Грегор Мендел. Дека дарбата за пилење змејски јајца може да ја има само некој што го наследил тој ген и од таткова и од мајчина страна. И цело семејно стебло од Егон Освојувачот до Денерис го имаше разглобено во обид да докаже дека само оние со овој ген имаат испилено змејчиња. И нормално, Денерис го има наследено истиов.
Познавајќи ја темелноста на Џоле Мартин, сосема е можно да го имал ова во предвид, но многу јасно, да го остави како скриен дел од приказната, зад параванот на (оган и) крв.