Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Од перспективата на куќата Болтон, Ремзи има право на освојување на северот исто како што Старк имаат такво право. Добро ја искористи ситуацијата на Старкс и стана заштитник на северот (тука нема љутиш, појакиот секогаш преживува, послабиот е отфрлен, тоа ти е природна селекција) . Тоа што е психопат си е друг проблем.
Џон двапати ја изневери ноќната стража (еднаш со дивјаците, еднаш кога дезертираше како командант), и се тоа му се простува зошто е фанс фејворит.
Како што реков, секоја приказна има различни гледишта. Не бидите толку затворени во умот

Сакаш да кажеш Ноќната стража го изневери Џон со тоа што го убија како куче, во заседа со ножеви во срцето. Точно, клетвата на Џон за Стражата е дека ќе го штити Кралството од дивјаците, меѓутоа тој сметаше дека направи најдобра одлука што ги помина преку ѕидот за да ги спаси од Белите и плус доби сојузници и доверба кај нив. Ако се сеќаваш кога го убија татко му Нед Старк и Роб стана крал на северот тој сакаше да замине и да и помогне на својата фамилија но беше спречен од намерата од страна на Мормонт командирот на стражата. Тој си остана верен на стражата и покрај тоа што цела фамилија му ја заклаа. Мормонт командирот и Halfhand гледаа во него потенцијал за иден командир на Стражата, исто како и Maester Aemon. Тој само еднаш ја изневери стражата до тоа што ги пренесе дивјаците преку ѕидот и за тоа плати со својот живот. Откако умре неговата стража заврши, ако се сеќавате на заклетвата. Откако го вратија во живот, не по негово барање, повеќе не гледаше корист и чест во тоа да служи на стражата која го уби, и луѓето кои ги сметаше за браќа. Јеби га, таков е светот на Вестерос. Ако можат едните да прават што сакаат зошто не и другите.
 
Никогаш нема да биде успешен лидер од Џон. Тој може ќе ја има почитта од луѓето ама џабе е кога неговите емоции евентуално ќе го натераат да направи катастрофална грешка, што во најдобар случај ќе го кошта неговиот живот а во најлош, животот на сите кои го следат.
 
Останатите не веруваат дека воопшто постојат White Walkers, и плус попрво меѓусебно ќе се истепаат, а не па да собереле војска против WW. Така да останува само Џон, не за џабе го вратија од мртвите. На крај краева серијата е за Џон и Калисито, едниот да ги спаси од WW, другава да го земе тронот, барем тоа што ќе остане од него. Не знам зошто толкава омраза кон ликот на Џон, не направи никаква глупост цела серија.
Не бе каква омраза, океј лик ми е Џон. Се зезав кога реков да умре. Само се надоврзав на членот Sapphire, бидејќи не се согласувам со нејзиното мислење дека тој момент и потег на Џон симболизира храброст. Импулсивност и непромислени одлуки иницирани од емоции не се карактеристика на добар лидер и крал.
 
Се надевам не си саркастичен пошо се согласувам со тебе :)
Иначе ако евентуално бејлиш го добие северот и воспостави контрола тој ќе стани lord paramount on the riverlands, protector of the vale and the north. Можите да го забележите пропустот на тајвин и кардиналната грешка на серсеи. Педофингер има доволно армија да отцепи пола кралство и да се осамостои од нив ако земиме во предвид колку се ослабнати ланистер


Сум. :)
 
Никогаш нема да биде успешен лидер од Џон. Тој може ќе ја има почитта од луѓето ама џабе е кога неговите емоции евентуално ќе го натераат да направи катастрофална грешка, што во најдобар случај ќе го кошта неговиот живот а во најлош, животот на сите кои го следат.

Старкови се познати по нивната чест и храброст. Да не беше така немаше сите да изгинат. На некои луѓе им е поважно тоа отколку моќта и парите.
 
Последно уредено:
Од перспективата на куќата Болтон, Ремзи има право на освојување на северот исто како што Старк имаат такво право. Добро ја искористи ситуацијата на Старкс и стана заштитник на северот (тука нема љутиш, појакиот секогаш преживува, послабиот е отфрлен, тоа ти е природна селекција) . Тоа што е психопат си е друг проблем.
Џон двапати ја изневери ноќната стража (еднаш со дивјаците, еднаш кога дезертираше како командант), и се тоа му се простува зошто е фанс фејворит.
Како што реков, секоја приказна има различни гледишта. Не бидите толку затворени во умот
Дерење живи луѓе во споредба со пренесување на дивјаците преку ѕидот за не станат зомбиња,од која преспектива и да глеаш не е исто. Џон ти е гуд гај ко од дизни цртан. Далеку е серијава од сите се исти бидејки карактеристиките што ние како луѓе ги сметаме за добри ги немаат сите ликови. Многу сум офтопик како и да е :D
 
Се друго е споредно,факинг Ланистерс,Старкс и компанија Литлфингери ,посебно копуците од деца дебилчиња на Серси и Џејми:pos:,сите се само пиони во играта која треба допрва да претстои,борбата на МРАЗОТ(ледот):icon_mrgr: Белите Шетачи:cool:и Огнот на чело со Дени и летечките гуштери..:pos:
А јас па цело време мислев Мразот е Сноу, односно песна за Дени и Џони:D
Иначе да не се праам генерал после војна, ама до толку бе не им текнало на дивјаците да му направат некое оружје на џинот? Со еден штит ќе ги брани сите дивјаци:( А со едно дрво сите ќе ги размава.
П.С За момент помислив дека Санса имаше план да го скине Сноу. Најверојатно затоа и доцна дојде. Бејлиш и јаде гомна сигурно:sakasuste:
 
Моментот кога Давос им вика на неговите стрелачи да не стрелат за да не ги убијат нивните луѓе, а истиот момент Ремзи ладнокрвно им вика Loose..:shok2:
 
Едно важно прашање што ги интересира сите денес, зошто Санса не му кажа на Џон за засилувањето од Вејл, ќе видиме наредната епизода затоа што имаше во промото дека зборуваат за тоа, мое мислење е дека не знаеше дека навистина ќе дојдат и второ можеби играше некаква игра, сакаше да го чува факторот изненадување, преѓеска кажавме дека коњаницата одлично дојде против формацијата во која тргна Ремзи. Но требаше да му каже, стопати ја праша што да прави, од каде да најдат уште армија, а она као демек да почекаме а не кажува зошто, цела епизода беше многу ладна и искалкулирана, веќе го имаше прежалено Рикон, а можеби и Џон, не сакам да помислам дека сакаше чист простор за себе во наследството на Винтерфел и Северот, не е можно да е станата до толку сурова, или пак може ?!

Санса со епизодава покажа дека не е дотолку глупа и дека ако и се укаже прилика и избега од сите психо фаци кои ја понижуваа, матер ќе им ебе и око нема да и трепне. Нешто што никој од Старк фамилијата го нема, Џон најмалце. И татко и, па и брат и загинаа од што беа многу поштени и се замараа за емоции и го гледаа правиот пат. Нормално дека Рикон беше изгубен случај, и сама кажа дека она најмногу го познава Ремзи и дека овој нема жив да го остави во ниеден случај, човекот му збрца нож на татко му жити се.
Мене ми се гледа нормален нејзиниот развој, само така нека продолжи. Џон е лик кој очито останува до самиот крај во серијава, иначе со сите негови емоционални постапки досега не еднаш, требаше пет пати минимум да го воскреснуваат.
Што се однесува за тоа што не му кажа за Бејлиш, верувам дека ни таа не беше сигурна дека овој ќе им дојде напомош. Дека она се спрема за владеење, можда да, можда и не. Али како и да е, нејзиниот лик конечно добива некоја острина и моќ, што мене ми е супер ко гледач и се надевам нема пак да ја направат безгласна буква до крај.
 
@Tomasino
Не можеш да му замериш на Џон што така им се пушти на сите, уствари тоа баш убаво го опиша неговиот лик, односно неговата душа. Затоа и го дадоа она Don't од сер Давос, затоа што он знаеше дека Џон ќе тргне. Таков е Сноу, добар човек, си ја почитува фамилијата и се би направил за нив. Според мене ова е баш добро направено и не би замерил ништо. Дури мислам дека на крајот Ремзи стварно да предложеше битка 1 на 1 Џон ќе прифатеше. :D
Никој не му ја негира храброста,принципите според кои се води,но ако сака да е лидер во војната со WW ќе мора да научи нешто..
Го наметна прашањето за карактерот на Старк(ови):icon_mrgr:
Баш тој карактер на лозата Старк ги чинеше многу,премногу платија за таа нивна желба за праведност,за ред,за почитување на боговите,правилата итн..
Брендон и Рикард Старк беа жртви на лудиот крал,зошто имаа јајца да бараат правда од кралот,за малку и Едард ќе настрадаше тогаш,да не добиеше подршка од Џон Арин,куќата Тали и нормално од другарчето Роберт Баратеон...
Но години подоцна токму карактерот на Нед речиси ја уништи куќата,не се навикнати Северњаците да ја играат играта на Јужните лордови..
Во тој свет на интриги,предавства,лицемерие не се наоѓаат...
Да изиграше попаметно немаше Роберт така да заврши,killed by a pig:tapp:,немаше еден whoremonger како Литлфингер да го заеби онака,немаше ни Серси така да напрај пресврт и со малку повеќе ум и ликавост ќе висеа главите на предавниците на спајк:icon_mrgr:...Ама таа пуста чесност на Нед..
Роб дури и бетер заврши,и покрај цела своја генијалност на военото поле не знаеше како да ја игра ИГРАТА,се водеше по принципите на татко му,ги потцени можностите на една опасна куќа како Фреј,го прекрши зборот и ветувањето,не си достоја на зборот и на крај ја плати цената,а кога имаш противник како Тајвин Ланистер нема да те спасат тие принципи..
За шо?За "РИБИЦА":pos:го изгуби Северот:facepalm:
Можеше да е голем крал,на крај остана запаметен како КРАЛОТ КОЈ ГО ИЗГУБИ СЕВЕРОТ:tapp:
Џон,иако сеуште не се знае дали е син на Нед,но јасно е дека е НЕГОВА КРВ(ако се испостави за точно дека Лиана му е мајка),барем ова е сигурно и тој си го има тој табиeт-почитувањето на старите обичаи на северот,праведен е,сака да ги спаси сите,би се жртвувал ако треба,итн,и на крај плати скапа цена,баш тие за кои се жртвуваше му ги збрцаа ножевите(со ќутенката):tapp:
Во битката ,темпото на битката така се одвиваше,во таа кланица и тоа лудило не се знаеше ни кој пие ни кој плаќа,камоли да има време да координира со нападот,како шо тоа го праеше Ремзи од безбедна дистанца...
Можеби и зборовите на Санса кога му рече да не ја игра играта на Ремзи и да не влегува во можната стапица доведе наместо на разумот да се ослони на својата храброст..
Кога веќе му го скинаа братот пред очи доцна беше за се..
Јасно беше дека ќе има фронтален all in напад,и добро е шо Сер Давос навреме виде колку е сатот,иначе толку ќе беше од Џон...
Како и да е,очекувам Џон во иднина далеку повеќе одговорност да преземе,веќе не е само lord comander туку е командант на Северната Војска..
А сега ќе има нов распоред на силите,воената сила на најголемите куќи е уништена,Болтон,Карстарк,Умбер,толку беше од овие предавници:kuracc:,ќе мора да се обедини останатиот дел од северот ако сакаат да имаат шанса против WW,нешто шо го навести Сер Давос кога ја кандисуваа лејди Мормонт,кој дијалог беше:cool:
Многу важно е како ќе се постави Лилтлфингер сега,дали ќе сака да искористи шанса и уште одма да се промовира со некоја ујдурма(преку Санса)во Warden of the North?или ќе чека расплет на ситиацијата во Kings Landing?
Како е тргната таму работата не гини граѓанска војна,на Серси и се одбрајни деновите,ако не се лажам судењето е "закажано"за последната епизода,а штом се укина правото на шампион го изеде стапот сестрата:kuracc:..
Изгледа Џејми ќе треба да прекрши уште некоја заклетва за да ја извади од калта глупачата,натаму одат работите,како и да е,не очекувам уште долго да опстои куќата,Џејми-Серси+Томен=ПИШИ ПРОПАЛО,:popce:ако не ги реши Врховниот Врабец во меѓувреме:icon_mrgr:,ако куртулат од него тогаш ќе го изедат од Тирион кога ќе реши дени да ги "посети"..
Само ми е жал шо ги искастрија епизодите,премногу материјал имаше,барем за уште едно добри 4 сезониx10 епизоди,а овие решија се да акнат во две сезони,и тоа скратени...:shook:
Тоа е,изгледа е некој дил со дебелиот(Мартин),изгледа намерно тој не ја објавува новата книга,остава ХБО да го повлечи потегот,па потоа кога ќе заврши серијата целото внимание ќе се насочи кон прашањата кои можат да ги одговорат само книгите..
Абе мајката си ебале значи,шо ти е капитализам,користат максимално,се чудиме после зошто се богати западњаците...:angel:
 
Никој не забележа дека Ремзи можеше да го скине со стрелата Џон додека се гледаа Џон и Вун Вун, али се одлучи да го буцне Вун Вун у око
Е ајде де... па и послето тоа можеше у стомак немораше у глава да го гаѓа :)

Sent from my MI 5 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom