Да сега ми текна на муабетот во ходниците кога збореа дека граѓанската војна ќе им овозможи на Дотраките да влезат во Кралството. Потоа следеше состанокот на кој Роберт настојуваше да се убие Калиси, а Варис го поддржа. Во секој случај, ликот е таков што никогаш не може да се каже со сигурност што планира и што мисли.
Да. Затоа и прашав. И покрај тоа (муабетот во ходниците), не бев сигурен дали сум во право.
Плус, во книгата, Варис доаѓа кај Ед, помеѓу турнирот и смртта на Роберт, за да го предупреди дека Ланистерс ќе сакаат да го убијат кралот (за да се наметнат преку Џофри). Всушност го изненадува Ед, кога му кажува дека веќе се обиделе (безуспешно) тоа да го сторат на самиот турнир каде што Роберт се уфрли да учествува. Всушност кралицата со тоа што му "забрани" да учествува, пред сите благородници, се осигура дека ќе навистина ќе учествува, со тоа што е сигурна дека во такво окружување нема шанси Роберт да ја послуша, да се повинува на нејзината воља. Башка што и тој самиот навистина сакаше да учествува во борбите на турнирот.
Ова го знаеше и Ед и му поверува на Варис. Но за несреќа немаше време да реагира. Вториот обид (на ловот), беше успешен.
Е сега, од ова заклучуваме дека Варис дефинитивно не беше во Ланистерската завера, но како мајстор шпиун се знаеше. Моја претпоставке е дека, ако тој беше вистински лојален на кралот, ќе се потрудеше некако нешто повеќе да стори. Додуше и тоа што отиде кај Раката на кралот, беше нешто, сепак сметам дека има вистина во тоа дека на него му беше идејата да се истепаат останатите, во контекст на флертот со Таргаријанците.
Во секој случај добар борџијски лик. Тие маестрите (мајсторите)
ги опишуваат како ликови без наклоност кон некоја куќа. Слободни стрелци. Додека за огромен дел од останатите се посочува наклонетост кон куќа (припадништво, вазалство...)
Така и се прикажани (и он и другиве). Они можат да флертуваат со сите.