Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Симпатично лице, за згодна не знам, не ги покажа другите атрибути досега.
 
Никој не го спомна дијалогот помеѓу Тајвин и Серсеи... :oops:

Не знам дали сум единствениот, но најнестрплив сум за заплетот што следи со "Железната Банка", Станис и Тајвин. Другите дејствија ми се со многу помала возбуда од ова.

Btw, дијалогот помеѓу Сандор и Арја ме пресмеа, а особено овој момент:
Your friend's dead and Meryn Trant's not 'cause Trant had armor and a big fucking sword.
 
Danny i Snow se najdosadni likovi..

tumblr_n5342an1XK1s95j2so1_250.gif



tumblr_n543uxUKo21s5etoco2_250.gif


tumblr_n53rc7jdWl1s95j2so2_250.gif

Three bitches, one throne, who wins, who dies? :icon_lol:
 
Каде се наога огромната статуа на човек со меч? Дали Станис отиде во Бравос да бара помош од Железната Банка ?

 
Многу ми е нереален тој кипот. Уште на трејлерот за новата сезона го помислив тоа. Знам оти ќе кажете да не барам такви логики во свет со змејови, џинови, зомбиња, кадешто годишните времиња се менуваат еднаш на 10 години, ама овој изгледа како да е висок 500 метри. И со таква конструкција би бил невозможен.

Очигледно инспирација на Мартин (ако го има во книгите) е Колосот од Родос, но сликата што си ја имаме за ова светско чудо е многу искривена со текот на годините и денес историчарите категорички ја отфрлаат можноста статуата да стоела на два брега.

Но којзнае, можеби има некои друго објаснување, можеби ова е остаток од магичните градителски вештини на стара Валирија... Ќе видиме во следната епизода. :гик:
 
Бравос, конечно!
Поради билдањето на Бравос во овие 4 сезони јас со душа чекам да ги видам дешавките таму.
 
Мотивите на Питер немаат врска со Кејтлин. Ниту пак бил сигурен дека Роберт ќе го побара Нед за нова рака на кралот. Џон Ајрин е човекот што го прави владеењето на Роберт функционално. Тој е убедливо најмоќниот човек во кралството дотогаш, нешто како Тивин Ланистер сега. И е исклучително способен. Со неговата смрт Питер си ја засилува сопствената позиција и важност во советот, а и создава хаос кој може да го искористи.

А, интересна работа е што тој умре непосредно откако дозна дека Џејми ја плеска Серсеи, што мене на времето ми изгледаше како одличен мотив да го "онемогуќат"
 
Работи кои ги приметуваш по репризирањето на епизодата:

hxDJAih.jpg


I know that feel bro. :(

ou08zFj.jpg


каков цар, најјаката реченица во епизодата уствари. :pos:

RAqWbEg.jpg


Wow, chill out dude, SPOILERS! :вонзем:
Како бе по репризирањето? Зошто ги немаш приметено овие работи од едно гледање??
 
А бе се вратив скоро 50 страни наназад да прочитам за Џофри. Сите сте среќни и радосни што му ставија отров на копиленцето во виното.

Ја па многу сакав да го видам на колена, како моли за сопствениот живот, да му се гледа страв на лицето од она што следува.
Начинот на кој умре ми беше големо разочарување, очекував крв, драма, барање милост, сечење глава. Нешто жестоко бре.
Тоа е поентата. GRR Martin прави да се чуствуваш како да е се под конец. Прераскошна кралска свадба со јадење, пиење, жонглери, најдобрите пејачи во Westeros, разно разна забава и така сите во добро расположение. Потоа Joffrey being a dick му го презентира изненадувањето кое му го спремил на Tyrion и тензијата почнува да расте. Знаеш дека некое тешко срање ќе се случи, но не за кралот туку за Tyrion. Си мислиш ваљда нема Tyrion да го збрца својот внук и крал пред сите моќници и да си ја запечати судбината. Но сепак подсвесно знаеш дека нешто не штима но се надеваш на Tyrion да биде "saved by the bell".

Баш тоа и се случува, вниманието на Joffrey е тргнато од Tyrion и си викаш "ухх, за малку..." за миг потоа Joff најантиклиматично и неочекувано да умре. Тоа е една од најинтелигентно напишани глави било кога (заедно со Red Wedding) и серијата успеа многу добро да го долови.

Тоа што пола форумџии се спојлерисаа за неговата смрт е друга работа, можеби затоа и разорачувањето на начинот на кој умира.[DOUBLEPOST=1399457779][/DOUBLEPOST]
Колку што можеме (и не можеме) да знаеме, можеби се работи за преживувањето на нивната нација/популација/вид, па мораат и тие да се придвижат на југ само за да преживеат. ;)
Пошто горе на север им е ладно? :D

Не сериозно, се сложувам. Не дека The Great Other или кој и да стои зад WW е цвеќе за мирисање но ако гледаме така и R'hllor зема жртви преку своите проповедници Red Priests. Се е до аголот од кој гледаме.
 
Последно уредено:
Пошто горе на север им е ладно? :D

Ништо чудно, можеби можат да опстанат само во зона со одреден температурен појас, да речеме од -50 до 0 степени (лупам од глава, разбира се. :) :) ).
 
Како бе по репризирањето? Зошто ги немаш приметено овие работи од едно гледање??

Cuz i was in шок од бомбата за Литлфингер и Лиза.

tumblr_mz0xe4X49k1sfm4w6o4_250.gif


Вака Литлфингер на големото цицалче. :sneaky:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom