Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
и ја коа глеав слика дека умрел, глеам крв од уста, очи, си мислев го збрцал некој а оно ептен тапа, требаше да пати, да се мачи за сите гревови..

Ти реков, свеж си, имаш уште да учиш how the Game of Thrones is played. :)
Ова шо го посакувавте/посакувавме за Џофри беше неизводливо во наредните години.
Требаше да се започне нова војна, а како што вели Тајвин: Wars swallow gold like a pit in the earth.

Одлична епизода. Не знам зошто некои сметаат дека била досадна, па дури и полоша од минатата. Луѓе, ако за вас ова е досадно, можете да си се вратите на холивудските блокбастери со презаситеност на акција и CGI porn. Серијата никогаш не претендирала да убива секаков вид на досада кај публиката (која има разновидни дефиниции за тоа што е досадно кога гледаат нешто на ТВ).

YAY! Имаме нова (Queen) Mother Of Madness! :D Скоро и да заборавив дека оваа е швркната ко Серсеи. Али дека и она заедно со него оркестрирала толку многу? Не ми се веруваше. Но ете, стај го Бејлиш во миксот и се ти е јасно. Што ти значи љубоморна сестра. Од сите ликови кои би ве прашале дали ги сомневате дека биле вмешани во заговор да се скинат број луѓе и да се започна војна, не верувам дека Лајза Тали ќе ви беше вашиот прв, втор, па ни трет итн. погодок. Ј.

Ова. Се откри главниот причинител, искрата и можам да го наречам the Big Bang of the Game of Thrones а некои велат слаба епизода. И тоа не се потврди тој на кој бевме наведени (како за Purple Wedding), туку имаше баш јак твист.
 
Серијава не е нормална. На еден куп спојлери, теории се јас еве никогаш не претпоставив дека Лиса е директно замешана во се а Бејлиш е главниот конспиратор. Значи да сумирам, Бејлиш оркестрира со Лиса Ајрин ( зошто таа се нафатила на тоа не ми е уште јасно, освен дека жената е ментална) серија настани за да ги доведе Ланистерови и Стракови до такви конфликти кој ќе прераснат во огромна војна низ целиот континет, војна која речиси ги уништи Стракови, а ги банкротира Ланистерови ( потпомогнато и од неговите финансиски дубари и задокжувања како Master of Coin), ќе доведе до смрт на наводно неговата голема љубов, за на крај да се добие што- Хаос, хаос кој тој толку многу го посакува, затоа што тоа го прави, или барем тој си мисли еден од најмоќните луѓе во Вестерос.

Си реков јас, уште кога ја гледав втората сезона, тој човек е најгнасен, расипан и најопасен лик од сите овие во играта на троновите.

Добро е што барем еден план на Лорд Болтон не успеа, му го скинаа шпионот. Сакам во наредните епизоди малце повеќе минутажа за Оберин и нешто повеќе потези од негова страна, нешто ми е пасивен у моментот, дојде на кралската свадба, кралот умре, а он уште си седи во King's Landing.
 
Може ќе и покаже Подрик на Бриен во кој сегмент од неговото сложење на Тирион беше најуспешен :rolleyes:

tumblr_n2cfuphs5F1se9fcoo1_500.jpg
 
Последно уредено:
( зошто таа се нафатила на тоа не ми е уште јасно, освен дека жената е ментална)
Затоа што таа одсекогаш го сакала Питер, кој на времето ја сакал Кејтлин. Всушност, цело време „трагедиите“ во серијава се поврзани со емоции. Секоја одлука што се базира на емоции доведува до смрт на ликот кој ја донел или колапс на неговиот план. Пробај да гледаш така, и Мартин станува многу предвидлив. Бар кога станува збор за судбината на ликовите. Техниката со која го изведува тоа е многу непредвидлива и шокантна. :D
 
Серијава не е нормална. На еден куп спојлери, теории се јас еве никогаш не претпоставив дека Лиса е директно замешана во се а Бејлиш е главниот конспиратор. Значи да сумирам, Бејлиш оркестрира со Лиса Ајрин ( зошто таа се нафатила на тоа не ми е уште јасно, освен дека жената е ментална) серија настани за да ги доведе Ланистерови и Стракови до такви конфликти кој ќе прераснат во огромна војна низ целиот континет, војна која речиси ги уништи Стракови, а ги банкротира Ланистерови ( потпомогнато и од неговите финансиски дубари и задокжувања како Master of Coin), ќе доведе до смрт на наводно неговата голема љубов, за на крај да се добие што- Хаос, хаос кој тој толку многу го посакува, затоа што тоа го прави, или барем тој си мисли еден од најмоќните луѓе во Вестерос.

Си реков јас, уште кога ја гледав втората сезона, тој човек е најгнасен, расипан и најопасен лик од сите овие во играта на троновите.

Добро е што барем еден план на Лорд Болтон не успеа, му го скинаа шпионот. Сакам во наредните епизоди малце повеќе минутажа за Оберин и нешто повеќе потези од негова страна, нешто ми е пасивен у моментот, дојде на кралската свадба, кралот умре, а он уште си седи во King's Landing.

Убивањето на Кејтлин мислам дека е непосакувана колатерална штета од Littlefinger. Сигурно не ги изрежирал сите работи кои се десија, а мислам дека Red Wedding е таква, барем во поглед на смртта на Кејтлин. За Оберин, немај гајле, не заборавај што му вети Тајвин во третата епизода. :)
 
@Шкорпион Повеќе шега беше тоа за Viserys отколку став. Ми се допаѓаше ептен изведбата на Harry Lloyd, и внесуваше одредена динамика во нејзината приказна. И далеку од вистина е тоа дека сите сакале да умре што поскоро. Него, не те загрижува тоа што Daenerys се служи со истите финти на брат и? :D
Не потсетува тоа нејзиното "kill them all" на исто така брилијантниот потег (или барем ќе беше да не го спречеше Jaime) на татко и, фамозното "burn them all".
Инаку, добро е Dany што учи, цената за тие лекции е само пола континент, а и онака знаеме дека Essos е играчка и отскочна штица за она вистинското што следува во Westeros.
Можеби и во право си за глумата, постои можноста продуцентите да ја замислуваат како социопат, само некако не го пренесуваат тоа баш најдобро на публиката. Нејсе, ќе се повторувам по којзнае кој пат ако продолжам. Само ќе прашам, мислиш дека Daenerys ќе биде добар и праведен (под правда не подразбирам распнување на 163 случајно избрани аристократи) монарх на Westeros? Бидејќи тоа е ставот на мнозинството фанови. Ако сметаш дека треба да го запали цел Westeros бидејќи тоа и го заслужуваат во ред, тоа барем ми има смисла, колку и да е симптоматично за оние што тоа го посакуваат. :sneaky:
 
Дечки, нешо ме интересира. Епизодата беше ок, ама моментот кога Бран се префрли во Ходор? Зошто во Ходор? Не можеше ли во Лок и едноставно да го пушти своето тело и да се стрча, сеуште во Лок, во битката на некој меч?
 
Уште нема способност да контролира покомплексни умови од тој на Ходор.
 
А зошто Ајра уствари ја им посакува смрт на Берик и Торос од Мир? Само заради тоа што го дадоа копилето на Роберт на Мелисандре, не памтам да и направија некое друго зло.
 
Дечки, нешо ме интересира. Епизодата беше ок, ама моментот кога Бран се префрли во Ходор? Зошто во Ходор? Не можеше ли во Лок и едноставно да го пушти своето тело и да се стрча, сеуште во Лок, во битката на некој меч?

Веќе го контролираше Ходор, во ветерницата кога го уќута ради грмотевиците.
 
Веќе го контролираше Ходор, во ветерницата кога го уќута ради грмотевиците.
Знам, памтам на тоа, ама се чудев зошто не на Лок.. После фактот од bateman ми е јасно.
 
Писмото во првата епизода, кога Нед и Кат лежеа во кревет, добија писмо преку гавран од оваа за тоа дека избегала од Кингс Лендинг зашто била сигурна дека некој и го убил мажот, по што Нед беше мотивиран да ја прифати понудата на Роберт и да оди во главниот град, за да го реши убиството на својот втор татко. Всушност фора им направија за да го однесат Нед доле. :)
Има ли видео од оваа сцена, затоа што не ми текнува одамна беше.?
Значи како што те разбрав, сестра и на Кат и праќа писмо дека избегала од Кингс Лендинг затоа што некој и го убил мажот (а што бара таа во Кингс Лендинг, а не во својот замок во карпите).
И потоа Нед се нафаќа да оди во Кингс Лендинг да го најде убиецот на својот шура фактички.
Се тоа е организирано од Бејлиш со цел да ги скара Ланистерс и Старк и да предизвика хаос, хаос во кој тој би владеел.[DOUBLEPOST=1399319170][/DOUBLEPOST]п.с инаку за да седнеш на престолот не треба да имаш само некое си "право" (да потекнуваш од некоја фамилија и сл), исто такво право има и Питер Бејлиш со маестралните потези кои ги влече цело време.
Убаво си одговори тој кога го праша Санса, а што сакаш ти, тој и одговори СЕ!
iron-throne-littlefinger.jpg
 
Добро бре луѓе, кога ќе сватите дека во серијава нема еден негативен лик кој стои во позадина и ги контролира сите лоши работи. Не ви е ова Супермен, па да го имате Лекс Лутор како главен негативец.
Во серијава имате неколку ликови кои се служат со интриги (Малопрсте, Варис), имате ликови кои се служат со пари (Ланистери, Тајрели), имате луѓе кои се служат со сила, а некои со разни комбинации од овие начини, и нити еден од нив не е класичен негативец. Сите од нив си имаат свои цели, и ако гледате од нивна гледна точна, тие и само тие се во прави, а сите други се „лошите“. Свртете ја точката на гледање, и некој друг е добриот, а сите останати се лоши.
Исто како и во реалнот живот, нема апсолутно добри, нема апсолутно лоши, сите користат се што можат и колку што можат за да победат во играта на престолите.
 
Има ли видео од оваа сцена, затоа што не ми текнува одамна беше.?
Значи како што те разбрав, сестра и на Кат и праќа писмо дека избегала од Кингс Лендинг затоа што некој и го убил мажот (а што бара таа во Кингс Лендинг, а не во својот замок во карпите).
И потоа Нед се нафаќа да оди во Кингс Лендинг да го најде убиецот на својот шура фактички.
Се тоа е организирано од Бејлиш со цел да ги скара Ланистерс и Старк и да предизвика хаос, хаос во кој тој би владеел.

Мажот од Лиза Арин беше рака на кралот (Роберт Баратеон). На почетокот од серијава, мислам прва или втора епизода од прва сезона, лежеше спружен тој пред ми се чинит железниот трон. (Иначе не му е шура туку баџанак на Едард Старк :))
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom