Уф, едвај дочекав да ја изгледам епизодата и да не ја отворам темата цел ден, а гледам цело време нови мислења се пишат тука.
Е па арен беше, арно го снајде викаат во мојот крај. Педерчето плаво си го доби заслуженото од кого, читам тука секакви теории, ја искрено појма немам, кој имаше најголем интерес кралот да биде убиен, некако не ми е логично Тајрелови да се тоа, дворскиот шут, шо знам не верувам дека он може нешто да организира вакво. Ја би одел со теоријата за Санса, сумњиво го гледаше Џофри цело време.
Сега дефинитивно малце подобро се осеќаат некои од нас отепани од шокот од Red Wedding, иако тоа беше пошокантна сцена у секој случај. Нормално, за задоволствто да биде целосно, ќе треба да ја дочекаме и трагичната судбина на Фреј и Болтон (ако се случи некогаш). Болтон се гледа дека не е глуп, јасно му е дека и покрај тоа што Тајвин го назначи за Warden of The North, тој нема фактичка власт, ниеден северен клан не му е лојален, а веројатно знаејќи за неговата улога во погибијата на Старкови, тешко дека ќе воспостави контрола нас Северот во скоро време.
Како што и најавите за четвртата сезона викаа Тирион ќе биде во многу тешка ситуација сега, а кутрата Санса сега пак ќе биде сама и безпомошна.
Нема трогателен настан да се случи во серијава а Rains of Castamere да не ја ислушаме.