Пошто ти одговорија кои се децата јас сакав само да надополнам со мотивите зашто некако не успеаа да ја доловат сцената, намерно или не мислам дека делува недокажано. Многу клучна сцена која ќе помине незабележано поради тоа што на мнозинството Daenerys ви е одбивен лик, па претпоставувам не обрнувате многу внимание на симболиката и дијалогот, boobs and dragons only.

Мене баш оваа сцена ми ја одбележа епизодата, иако и останатите беа одлични.
По ослободувањето на робовите во Astapor и Yunkai, очите на Daenerys се вперени кон следниот град на робови Meereen. Големите господари (челници на моќни фамилии) кои робовладеат со градот, со цел да ја предомислат и заплашат Dany, наденуваат робови на секоја милја со раката вперена кон Meereen (или може беше кон запад, не ме држете за збор). Господарите знаат дека Dany сочувстува со робовите и сакаат да и дадат до знаење дека нивниот град не е Astapor или Yunkai, кои видовме беа завземени без борба. Пораката што и ја праќаат е дека ако не се откаже од походот и не ја сврти армијата кон запад, ќе падне уште повеќе робовска крв.
And Dany being Dany, видовме во епизодава дека ваквиот потег не ја заплаши, напротив ја трогна и разгневи, пошто нели таа е нивната mhysa (мајка) и чуствува одговорност за секој роб.
П.С. Ох да, Паскал е одличен избор за Oberyn Martell (Red Viper)!