Јас не се сложувам дека беше лошо финале. Добивме разврска на сите приказни кои се одработуваа низ оваа сезона во 60 минути без притоа да изгледа како набрзина нафрлени сцени. Го видовме епилогот од Red Wedding, ја слушнавме приказната за Rat Cook, добивме фикс дијалог од Small Council и епик ходоринг. Очекувавте клифхенгер завршница како финалињата на S1/S2 затоа импресиите ви се паднати?
Според мое субјективно мислење повеќе ми се допадна оваа епизода од предходната, нормално ако не го земеме Red Wedding во предвид, настан кој ја направи таа епизода неповторлива и ги дигна апетитите на сите гледачи кои сега ќе го бараат истото во секоја наредна епизода, што е нереално.
Од епизодата би ја издвоил сцената со Tywin и компанија, перфектно одглумено со моќен дијалог. Имаше дури 3 сцени на кои ми се насолзија очите, првиот пат на бизарната сцена со King in the north, потоа на разделбата на Jon Snow и Yggrite (bitch can act) а третиот пат кога робовите во Daenerys гледаат како мајка. Посебно беше добра сцената со Dany, робовите не ја гледаат како освојувач туку како спасител, огромна симболика има таа сцена знаеќи како Dany целиот свој живот го поминува како роб за сега цели градови да паѓаат пред нејзината моќ со минимални загуби на нејзина страна. Симболиката оди до таму да покрај проклетството од S1 на Mirri Maz Duur кога и вети дека повеќе нема да има деца сега Dany не само што ги гледа своите драгони како деца, туку сега има цела маса од робови и следбеници за кои таа е нивната мајка! И баш поради оваа симболика мислам дека финалната сцена беше емотивна и на место.
Добивме прикладна завршница која за волја на вистината беше за нијанса побледа во споредба со клифхенгерите од првата и втората сезона, но не помалку добра и значајна. Режисерите претпоставувам сакале сезонава сепак да заврши со happy end после она што го видовме предходната епизода, и со право. Фановите на книгите имаа 2-3 други моќни финални сцени во глава и верувам ќе има и такви кои ќе се почуствуваат измамени од крајот, но јас не сум еден од нив. Сега кога знаеме што се случува со ликовите отвара многу простор за дискусија и тероии, нешто што ќе ги држи фановите до наредната сезона.
Со зголемениот рејтинг и гледаност, очекувам многу поголем буџет и посветеност на детали и поголема опфатеност на веќе постоечките и ликовите кои ќе следат во иднина. Се на се сум задоволен од S3 и останувам на ставот дека ова е најдобрата адаптација на книга во тв шоу/филм.
10 месеци без GoT, ќе биде агонија.