Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Вие си пишувате за актуелниве случувања, али темава е за сите, така што...

Ја изгледав во еден здив првата сезона. Задоволен сум во глобала. Ќе продолжам секако. Само ми е глупо што Нед го нема, се надевам дека некако ќе се издигне од пепелта и така таква е серијата :icon_lol:
Разочаран сум и од тоа што Дрого умре, ваљда... некако многу малку се покажа, голем борец, а безвезе да умре. Ја очекував во некоја битка или слично.
И кој кур не го утепаа Џејми, заб за заб. И така е бескорисен.
Тој пријателот од Роб, ми има многу гадна фаца и све мислам дека ќе направи некоја пиздарија, ќе го предаде и ќе има изговор демек ете, цело време ме одвојувавте, не ме рачунавте за свој, не е тоа мој дом, бла бла.
И на тоа копилето Џофри би му ги откорнал јајцата за една секунда, да го видам негде. Општо, не само поради ликот, актерот е гаден, антипатичен.

Одиме на втора, ама некако многу главни ликови и јаки ликови отидоа во првава сезона. Е во втора глеам нешто аждери, змејови, кур се тресе, тоа не ми се свиѓа, ама добро е.
 
51655a3d8bb74.jpg


првото и последното :icon_lol:
 
Одиме на втора, ама некако многу главни ликови и јаки ликови отидоа во првава сезона. Е во втора глеам нешто аждери, змејови, кур се тресе, тоа не ми се свиѓа, ама добро е.

Нема главни ликови серијава, не е House или Dexter. Секој лик што се појавува е со причина и игра главна улога во големата слика. А за змејови и слично, жарнот на серијата е фантазија така да нека не те демотивира тоа бидеќи серијата е одлична и станува се подобра и подобра. :)

И совет од мене, не отварај тема дури не ги изгледаш сите епизоди до последната. Серијава е најинтересна доколку не знаеш ништо (за гледачите) или доколку ги имаш читано книгите па сакаш да видиш како ќе се одвива сето тоа.
 
ајде некој ако сака што ја читал книгата на ПП да ми објасни што ке се деси на крајот од серијава, ја отупеа 2 епизода со забрзување ја гледав, а гледаат пари има и сеа ке ја отераат 200 епизоди цела серија.
 
Некако мислам дека Марџери или Санса ќе го средат Џофри. Што поскоро, тоа подобро.
 
аха, ама затоа да ти го снема пуцвалот од ревенантс ќе пиштиш со капс :D

На кој до што му е работава. :icon_lol: И овде имам еден пуцвал за кој ако го снема ќе кренам узбуна. Оној од ревенантс барем мртов е, кај ќе бега, за Сноу треба да му ја мислам.:unsure:
 
ајде некој ако сака што ја читал книгата на ПП да ми објасни што ке се деси на крајот од серијава, ја отупеа 2 епизода со забрзување ја гледав, а гледаат пари има и сеа ке ја отераат 200 епизоди цела серија.

Не се знае крајот уште, треба да има уште 2 книги што не се излезени уште.

Ако си ја гледал втора епизода со забрзување, ти препорачувам да престанеш да ја гледаш серијава и да прочиташ на Вики што се случуваа понатаму.
 
И кој кур не го утепаа Џејми, заб за заб. И така е бескорисен.

Како бе бесконечно. Таа грешка ја направи Џофри кога го уби Нед. Многу повеќе му вредеше жив отколку мртов. Вака можат да им поставуваат услови на Ланистери.
 
Rzq5beb.jpg


Time traveling Greyjoys
--- надополнето: 12 април 2013 во 01:45 ---
sophie_gif.gif


плус имам и една „приватна“ фотка од неа, ама не ја ставам, ебаве гуштерољубците. :D

Пер, малолетна е..Тоа го сфатив откако ја најдов сликата...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom