Гафови на "коментатори"

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера во преглед на колото...Манчестер Сити - Сандрленд...и сега директен жолт картон за Мек картни...:pos::pos:
 
Од стално сум сакал да ги ругам спортските новинари кај нас. Неписмењаци. Па тоа Бошко легендата, син му негов.. од МТВ плејада новинари и новинарки во последно време, и да не ги набројувам веќе. Сакам тука постепено да им ги собираме гревовите :D

Јас едно време му водев записник на Игор Трпевски, еве две утакмици му имам запишано. Еве ги во целост..


Депортиво Ла Коруња – Реал Мадрид
(26.02.2005)

- Како стојат работите по се изгледа Луис Фиго ќе се пресели на
англискиот полуостров
- Онака, фудбалски, нашки кажано “исплива во празно“
- Која беше само идејата на Луке односно Виктор
- Не бадијала старите рекле “нападот е најдобра одбрана“ (?!?!)
- 35 година има Хуан Фран, во Јуни ке полни 37
- Како стојат работите Реал Мадрид ќе за јабележи својата.. четврти пораз

Забелешка. Игор има чудна навика секоја своја грешка да ја исправа со односно. Јас не сум некој лингвистичар опасен ама мислам дека кога ќе згрешиш нешто се вика „се извиниувам, тоа беше Виктор“ на пр. а не да се исправаш со „односно„


Реал Мадрид – Атлетик Билбао 0-2 (во исто време се игра Барселона – Мајорка)
Недела, 20 Фебруари 2005
- Во оваа минута се десија многу работи и во Мадрид и во Атлетикодносно Барселона..
- …Реал Мадрид и Атлетико (Атлетик-Атлетико исто му е)
- Овој пат има самодоверба во неговите нозе
- Ќе го почекаме крајот на натрпеварот (во 44та минута од прво полувреме на Барселона – Мајорка) …односно на полувремето..
- Сигурно не слуша радио, тоа е повеќе од сигурно (Луксембурго со бубачка во уво)
- Кој ли би бил сега на телефон на Флорентино Перез? Сигурно тоа не е претседателот на Барселона (Перез збори на мобилен)
- Ечеберија и носи предност на екипата на Реал Мадрид односно Атлетик
- Дејвид Бекам…. (тишина) …англичаните едноставно би рекеле „no coment” (лелелелелее...)
- Ако следиме нијанси кој е подобар, е сега колку подобар, мое мислење е дека Фиго е подобар, а има и жолт картон само да видиме за кого... (реченица на Игор)
- Ууууу.... тројна замена на Луксембурго, досега вакво нешто немам видено
- ...со оглед на грешката во првото полувреме, доколку не му ја земеме на душа (се мисли на главниот судија)
- ...ииии Декоо води со два спре... односно Барселона води со два спрема нула.
- Она што не му го важеа во 17тата минута сега мора да му го важат (му поништија гол па истиот фудбалер пак даде)
- Човекот си славеше сент Валентајн во Париз (Роналдо)
- ...вечерва навистина не се знае кој каде игра (анализа на Игор за играта на реал)

И на крај. Капата доле за Љубомир Николовски


Абе ме изнасмеаа!!!:pos2:
Ама на Јанко-јади бурек му нема рамен:)Да го слушаш и да умираш од смеење:pos2:
 
Вечерва ако гледаше некој пред да почнит дуелот Холандија-Македонија, кога се вклучуваше директниот преднос можевме да го слушниме Игорче- Ајде затворај врата(се слуша БАМ) и снимај!:pos2:
 
Да му посакаме добредојде на коментаторот од Канал 5 телевизија што го коментираше натпреварот Хамбургер - Манчестер Сити.Не ми текнува како се викаше ама гаф до гаф бесконечно.Можеби од трема ако имал што коментира 1 натпревар но сепак за негов прв натпревар слаба оцена од мене.Добро што играчите не теренот го поправија впечатокот во тој поглед на натпреварот.Понатаму повеќе да биде спремен и без ФАТАЛ ЕРОРС.
 
Тој коментатор ова не му беше прво искуство. Не се грижи има тој коментирано и тоа многу.
 
Тој коментатор ова не му беше прво искуство. Не се грижи има тој коментирано и тоа многу.
Мислев прв од новата шема на Канал 5 да ги превземе натпреварите од УЕФА КУПОТ и ЛШ.
 
Ливерпул - Њукасл, Леива дава гол и коментаторов вика на А1:

И ова мислам дека е офсајд, со левата рака Леива беше понапред! :tapp::tapp::tapp: Што не ќе слушнеш више...
 
Џејми О'Шеј го реши натпреварот со Арсенал...:jaj:
Добро е барем првата буква од името ја погоди.
 
i mancester povede so 1 sprema 1 :)
 
Денеска на натпреварот Евертон - Тотенхем оној коментаторот од А1 со очилата:vozbud:
(Слободен удар за Тотенхем, се мести живиот ѕид на Евертон)
Фризурата на Фелаини дополнителна заштита за голманот Хауард :pos2::pos::pos:
 
Денеска на натпреварот Евертон - Тотенхем оној коментаторот од А1 со очилата:vozbud:
(Слободен удар за Тотенхем, се мести живиот ѕид на Евертон)
Фризурата на Фелаини дополнителна заштита за голманот Хауард :pos2::pos::pos:

:pos2: :pos2: :pos2: :pos2:
Нешто нај, што имам слушнато во последно врме....
Аууу колку сум се смеел еј :pos::pos:
 
Денеска идиотот Југослав на мечот Јунајтед-Сити: „Бразилецот од Бразил...Ра...Ру...Робињо!“
 
На наша Тв Јанко на Лацио Сампдорија на пеналите..

промашија Сампдорија и Јанко вика "е овој од Лацио ако промаши ке го мавам со хебла" и овој погодува и вика "добро е спаси глава" :pos:

А прво кога промашија Сампдорија вика "Леле го прочита како селски буквар за првоодделенци"..имаше и уште ама не ми текнуваат.
 
Вчера Југослав..Во 75-та минута вели:Еве го Тевез како поддршка на Роналдо(а Тевез беше изваден од игра во 65-та)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom