Гафови на "коментатори"

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Баш сега пред пола сат го гледав финалето на 100 м мажи на ОИ во Пекинг...коментираше Златко Калински...пред стартот на трката кажуваше нешто за Мајкл Џонсон ( легендарен спринтер од САД ) , меѓутоа место да го нарекува Мајкл Џонсон дури 3 пати рече Мајкл Џексон...хе хе...ај првиот пат си реков лапсус дека прави ама кога уште 2 пати го нарече Мајкл Џексон видов дека типов појма нема шо зборува
 
Преги гледам фудбал мидлсборо и тотемхем незнам кој коментатор беше на а1 некаде 21 минута од натпреварот топката ја зеде модрич и овој прв контакт на модрич со топката а цело време топката у него.. ц цц ...
имаше уште еден ама го заборавив
 
Тоа дека Дос Сантос бил бразилец. Татко му е бразилец, мајка му е мексиканка, и настапува за Мексико.
 
Можеби и тоа ама не го слушнав ... на почетокот ја тресна ама неможам да се сетам...
 
Баш сега пред пола сат го гледав финалето на 100 м мажи на ОИ во Пекинг...коментираше Златко Калински...пред стартот на трката кажуваше нешто за Мајкл Џонсон ( легендарен спринтер од САД ) , меѓутоа место да го нарекува Мајкл Џонсон дури 3 пати рече Мајкл Џексон...хе хе...ај првиот пат си реков лапсус дека прави ама кога уште 2 пати го нарече Мајкл Џексон видов дека типов појма нема шо зборува

:vozbud::vozbud::vozbud: Брат ми има 10 години и се смееше ко луд на коментарот на Златко Калински дека Мајкл ЏЕКСОН рекол дека немал досега видено поголем атлетски потенцијал од Усеин Болт. :toe:
 
Златко Калински, денес:

„..За Усаин Болт легендата на атлетскиот спорт Мајкл Џексон има речено...“

Усаин Болт трча и го соборува светскиот рекорд на 100 метри.


„...Фантастично! Ова го надмина дури и легендарниот Мајкл Џексон...“



Инаку се работи за Мајкл Џонсон.


ИЗМЕНА: Сега го видов комантарот на Gligor за истово. Идејата ми беше дека дури 2 пати Калински истресе исто.

Ова е на рамниште на Атанас Костовски - Таско, кога наместо да кажува Шукер (СП во фудбал 1996, Франција) кажуваше Шурјак, и тоа упорно, без да сфати... Дури едно време му рекле, па се поправи „...Всушност тоа е Шукер, не Шурјак“.
 
Крусер..не беше 2 пати туку 3 пати...2 пати рече Мајкл Џексон пред почетокот на трката а третиот пат откако заврши...изгледа и Калински е готов како шо беше пред него Танаско...до негде е нормално за гафот шо го направи денес Златко бидејќи околу 60 години има чоекот..иначе едни од најјаките бисери ги има истресено Иван Мировски ( Бог да го прости )...чоекот беше специјалист за кошарка и секогаш ми беше интересен да го слушам...уште од времето на СФРЈ кога беше во врвот таа репрезентација во кошарка...еве еден од бисерите на Мировски...додека топката е во во воздух да ви ги соопштам составите ...ха ха
 
Калински, сега на 400 метри жени:

"Почеток на трката и Сања Ричардс како да ја брка некој!":pos2::pos2:
 
Југослав Костовски:
Кристиано Роналдо нема да игра во изминативе неколку меча...
 
Исто така Југослав Костовски:
"Манчестер Јунајтед играше против Манчестер Јунајтед и Питербороу"

Подоцна се загреваше Посебон, и Југослав Костовски вика:
"Еве уште еден од тинејџерите на Манчестер Јунајтед, да видиме дали е Еванс, или можеви Гибсон", а кога влезе Посебон вика "Во игра влезе Посибон".

Човекот треба да си даде отказ.
 
Оф мори мајкоооо! Абе овие од СИТЕЛ како во гс да се правени бе!!!
Серхио Гарсија (Хави Гарсија), Серхио Гарсија (Серхио Рамос), Хуго Торес (Мигел Торес)! Кого стигна го нарече СЕРХИО ГАРСИЈА а немаше ниту еден Серхио Гарсија :pos2::pos2::pos2::pos2: Тешки дегени се значи!!! Имаше уште најмалку 10 киксови ама ги забраев у пм!
 
како на пример

наредната недела Реал на Ноу Камп ќе ја пречека Валенсија

од кога Ноу Камп е стадион на Реал!!!
 
На натпреварот вчера Валенсија-Реал,Трпче вика еве ја сега клупата на Валенсија,ги гледаме Фернандо Торес и Елвир Банега ,се згазив од смеење.После вика минатата сезона Реал и Валенсија изиграа многу квалитетни натпревари,во кои постигнаа дури 16 гола.Првиот натпревар заврши 5-1 за Реал,а вториот 3-2 за Валенсија(тоа сеа 11 гола).Леле нека се убие човекот не знам што живи:pos2:
 
Исто така Југослав Костовски:
"Манчестер Јунајтед играше против Манчестер Јунајтед и Питербороу"

Подоцна се загреваше Посебон, и Југослав Костовски вика:
"Еве уште еден од тинејџерите на Манчестер Јунајтед, да видиме дали е Еванс, или можеви Гибсон", а кога влезе Посебон вика "Во игра влезе Посибон".

Човекот треба да си даде отказ.

Отказ можат да му дадат,а он може да си даде оставка...

А иначе за Посебон не му замерувам заради тоа што си личеа ко јајце на јајце со тиа другиот играч што влезе...
 
На натпреварот вчера Валенсија-Реал,Трпче вика еве ја сега клупата на Валенсија,ги гледаме Фернандо Торес и Елвир Банега ,се згазив од смеење.После вика минатата сезона Реал и Валенсија изиграа многу квалитетни натпревари,во кои постигнаа дури 16 гола.Првиот натпревар заврши 5-1 за Реал,а вториот 3-2 за Валенсија(тоа сеа 11 гола).Леле нека се убие човекот не знам што живи:pos2:
за ова убаво си рече човекот дека паднале 11 гола и ти не претерувај сеа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom