Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
УЕФА ќе ја казни Црна Гора, ама и Русија
Демек фрлањето на бакља било последица на провокациите на Русите и Србите кои навивале против ЦГ, а имале знамиња на Србија, Донецката Народна Република и Руската Империја.

На состанок на УЕФА се разговарало и за забрана на истакнување на симболи кои се поврзани со актуелни политички ситуации во светот, како и симболи на организации и држави кои не се поврзани со мечот.


Абе, ја казнија Албанија за инцидентот со дронот во Србија?
 
Нема теорија да не се пушти солза на видеово. Нек си ебе матер, легендиште!!!! :place::place:
Најпотценет фудбалер последнава декада и повеќе. Сите го вртеа муабетот дека е модна икона (што е сепак негова кривица) а ретко кога по статии го читаш неговото име кај најдобри светски крила во изминатите периоди.

Стив Мекларен не го викаше за репрезентација зошто не го бивало со глава :vozbud:
 
Moмакот ради кој загледав фудбал ко дете, и го засакав Јунајтед...

Криво ми е само што не му дадоа да "одигра" една сезона во Јунајтед, и тука да си го има прошталниот меч.
 
Бекам ми е омилениот играч, нивоа над сите други играчи што сум ги сакал. Како дете бев опседнат со него. Мислам дека првото големо разочарување во животот како дете ми беше кога премина во Реал. Седев и го читав весникот и не можев да верувам што пишува, беше незамисливо за мене Бекам да игра за некој друг тим освен Јунајтед. Се сеќавам кога играа Aнгличаните против нас во 2003-та Наше Маало имаа наградна игра во која требаше да одговориш точно на неколку прашања и даваа како награда карти за натпреварот. Кога видов дека ме извлекле и сфатив дека ќе го видам Бекам во живо сигурно сум бил блиску до паѓање во несвест. Детски радости :)

Настрана модата и сите други контроверзии околу него, најдоброто нешто што го има Бекам (барем натерани сме да веруваме дека е така) е дека е приземјен човек и никогаш ги нема загубено вредностите на кои што бил научен како дете. Човекот има еден тон пари и може светот да си го купи што се вика, меѓутуоа изгледа дека не е воопшто арогантен. Ги почитува многу децата и останатите нормални луѓе. Самиот има изјавено дека го натерал син му да работи во некоја кафетерија преку викенди колку да научи како е самиот леб да вади.
 
Последно уредено:
http://www.dailymail.co.uk/sport/fo...sing-television-replay-overturn-decision.html

Незнам дали е ова за казнување или пак да се поттикне ФИФА да се воведат тв снимки после кои судиите ќе можат да ја донесат конечната одлука.
Ако не го казнат ќе биде преседан, што ништо чудно да го следат понатаму и други судии. Според правилата на ФИФА, судијата прави прекршок на правилата и 99% сум сигурен дека ќе биде казнет. Толку годинии им требаше да ја прифатат гол-технологијата, ќе им требаат уште неколку за воведат разгледување на снимка.
 
ПСЖ-Милан наптревар на у10 тимовите...у 10 бе...

11110274_874904705901837_5919203680959771874_n.jpg


Црнчево сите го хејтале пошто излгеда ко да матурирал на градежен, нашол работа у Гранит и у моментов ужива во пензијата играјќи фудбал
 
Има да го бричат Спахиќ на суво... Не искача тоа балканското од нас така лесно, каде и да сме.

 
Има да го бричат Спахиќ на суво... Не искача тоа балканското од нас така лесно, каде и да сме.

A што е причава со Емир Спахич , зашто се истепал со редариве ??
 
Не сум најсигурен, али нешто во врска со тоа што имал група другари на стадион, па изгледа не сакале да ги пуштат во тој, осигурениот дел. Ме мрзеше да барам од повеќе извори информации...
 
http://www.goal.com/en/news/3194/vi...ssional-player-scores-stunning-header?ICID=SP

Најстариот фудбалер професионалец има 48 години и не само тоа туку и сеуште постигнува погодоци..

Играчот е азиец,а неговите 48 години во нормални не-азијски години се претпвараат во 20ина пошто сите знаеме дека Азијциве се роботи..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom