Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Одамна се зборува ова. Иако е ова невозможно, баш би сакал да го видам Пелето како се губи на теренот покрај 10-ката на Барселона, Меси, кого препотентниот Бразилец постојано го негира како најдобар играч. :rolleyes:
баш ме интересира како старец од 70 години ќе игра со дечки од 20 год кој можат да му бидат внуци.Ама замисли Пеле дава гол против барса ххаха тоа ќе биде лудило
 
neymar-ronaldinho-i-m.jpg


:pos:
 
Јапонците им ја сокрија топката на таџикистанците

Дури 45 удари кон противничкиот гол без ниту еден возвратен упатија репрезентативците на Јапонија во квалификацискиот дуел со Таџикистан во кој победија со убедливи 8-0. „Сините самураи“ поставија недостижен рекорд држејќи ја топката во своите нозе цели 81 минута што е 90% од времето. Ова е најголемата победа од 2000-тата година во квалификации за СП кога го совладаа Брунеи со 9-0.
Тимот на Алберто Ѕакерони е сега без пораз на 17 натпревари, серија која трае веќе 16 месеци од поразот од Холандија со 1-0 од СП во Ј.Африка

Извор
 
Претседателот на Сантос, изјави дека би сакал да го види Марадона во составот на Барселона во натпреварите во Светското Клупско првенство во декември.
Тој вели дека би било прекрасно да се види во еден натревар на една страна Пеле и Нејмар(Сантос), а на другата страна Меси и Марадона(Барселона).
 
Денеска беше објавен распоредот за Светското првенство за во 2014 година.
Првиот меч ќе го отвори домаќинот кој ќе се наоѓа во групата А, на стадионот во Сао Паоло, мечот ќе се одигра во 21 часот (по наше време)
Секојдневно ќе има по четири меча, од по две групи.
Ќе има четири термини во групната фаза, значи во 17 часот, 20 часот, 23 часот и 02 часот.
1/8 финале и 1/4 финалето ќе се играат во термините од 17 часот и 21 часот (по два меча на ден)
1/2 финалето ќе се одигра во 21 часот (Бело Хоризонте и Сао Паоло) исто и мечот за трето место е во тој термин. (Бразилиа)
Финалето е закажано за во 20 часот на Маракана, Рио де Женеиро.
 
многу симпатични термини. замислувам некој глуп вторник како си седам пред телевизор со грицки и пиво и уплата онлајн , и си чекам мечевите у 23 и 02 часот.

ама чекај бе , 2014 , јас тогаш ќе треба да станувам сабајле за на работа :pos:
 

11 години затвор за навивачот кој уби полицаец



Судот во Катанија ја потврди казната за навивачот кој уби полицаец по сицилијанското дерби помеѓу Катанија и Палермо во 2007-та година.


Во инцидентите по големото дерби на Сицилија помеѓу Катанија и Палермо, смртно настрада полицаецот Филипо Ракити кој бил удрен од осудениот навивач со лавабо откорнато од еден од тоалетите на стадионот.
По убиството се тврдеше дека Ракити бил убиен со домашно направена бомба која била фрлена во полицискиот автомобил, но аутопсијата покажала дека поголемиот дел од повредите биле здобиени претходно кога тој бил удрен со лабаво во пределот на главата.
Казната од 11 години затвор беше изречена уште минатата година, но осудениот навивач имаше право на жалба, а денес судот само ја потврди првостепената казна.
Во уличните нереди по натпреварот помеѓу ривалите Катанија и Палермо беа повредени над 100 луѓе меѓу кои и 60 полицајци.








Забрането пушење на ЕП 2012



Европската фудбалска унија (УЕФА) ја усвои забраната за пушење и рекламирање на цигари на Европското првенство 2012 година во Полска и Украина.


УЕФА соопшти дека забраната се однесува на сите осум стадиони на кои ќе се играат натпреварите на ЕУРО.
Претседателот на УЕФА, Мишел Платини изјави дека забраната на пушење е воведена "заради почитување и грижа за здравјето на нашите гледачи".
Исто така, градовите домаќини ќе мора да ја применуваат политиката за забрана за пушење и на јавни места, во градскиот превоз и рестораните.
УЕФА заедно со Светската здравствена организација и Европската унија работи на примена на новата политика за заштита на јавното здравје.
Европското првенство во Полска и Украина ќе се одржи од 8 јуни до 1 јули, следната година.
 
Од 50 милиони народ не се најде никој да направи точна математика колку бода ќе се потребни. Таленти.
 
Промена на правилата за офсајд и црвен картон

Комитетот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) предводен од Франц Бекенбауер предложи промена на правилото за офсајд и ревидирање на правилото за црвен картон, кај прекршoците кои се казнуваат со пенал.

http://on.net.mk/sportal/fudbal/promena-na-pravilata-za-ofsajd-i-crven-karton
 
Billy Sharp од Донкастер, а некој го знае од Шефилд, вечерва игра за Донкастер и постигна гол кој го посвети на неговиот син кој почина викендов на дводневна возраст. :S Секоја чест за човеков..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom