Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
На денешен ден, пред една година, Шпанија стана светски шампион во фудбал. Честито 1 година на врвот за оваа генерација на шпанската репрезентација.
 
Во Турција продолжуваат приведувањата на осомничените за местење на резултатите од натпреварите од првата и од втората фудбалска лига. Откако во неделата повторно беше приведен претседателот на шампионот Фенербахче, Азаз Јилдирим, денес во затвор е пренесен и претседателот на вицешампионот Трабзонспор, Садри Шенер.
tra.jpg

Со ова бројот приведени лица во операцијата против осомничените за подмитување и местење на резултатите од 19 фудбалски натпревари, се зголеми на 26. Минатата седмица во притвор завршија и претседателот на Сивасспор, Мечнун Одјакмаз, тренерот на Ескишехирспор, Булент Ујгун, и неколку фудбалери меѓу кои и поранешниот турски репрезентативец Умит Каран.
 
Го гледа некој Светското првенство за жени? Вчера се играа полуфиналните натправари.

Во првото полуфинале САД ја победи Франција 3:1. Французинките играа одлично на двата натпревари што ги гледав, во вчерашното полуфинале, а и во четвртфиналето со Англија, кое по 1:1 го добија на пенали со 4:3. САД во четвртфиналето го победија Бразил. По 90 минути 1:1, па бразилките водеа 2:1 се до 120 минута кога Американките изедначија, а потоа победија на пенали. Еве го видеото од головите од вчерашното полуфинале:

Во првото полуфинале Јапонија ја победи Шведска со 3:1. Јапонките беа неспоредливо подобри од Шведска, а од она што го видов се најдобра репрезентација во моментов. Во четвртфиналето ја победија Германија 1:0, двапати по ред шампион на Светот и петкратен шампион на Европа. Жал ми е што нема да играат со Франција во финалето. Шведска во четвртфиналето ја победи Австралија, а во групата ја победија и САД. Еве го видеото од головите од вчерашното полуфинале:
 
Слики од новиот стадион на Јувентус кој нема видено.Ова е сликано вчера мислам.Стадионот се отвора на 8ми септември годинава..

marcelodanubio07.jpg


Еве уште неколку слики... 1,2,3,4.А ова е како ке изгледа на Фифа 2011/12 како што разбрав.. линк 1, линк 2...
 
Did you know that Zinedine Zidane has never been caught offside in his career. :eek:
Зидан заедно со Инзаги имаат најмногу офсајди направено досега во фудбалот. Никој друг нема повеќе.
 
Зидан заедно со Инзаги имаат најмногу офсајди направено досега во фудбалот. Никој друг нема повеќе.
Зар му треба Зидан на Инзаги во таа статистика ? :D
 
Лудница во Уругвај. :D

Како да не биде кога ја освоија 15 рекордна титула во Копа Америка.

Уефа го казни фудбалскиот сојуз на Романија заради ставање на транспарент со подршка за Младич,на натпреварот помеѓу Романија-БиХ,а казнет беше и фудбалскиот сојуз на БиХ со 15.000 евра бидејќи навивачите ги кршеа столчињата на стадионот во Букурешт.

Линк
 
Според IFFHS(Интернационалната фудбалска федерација за историја и статистика) Работнички е прогласен за најдобар фудбалски клуб за месец Јули. Веста ја има на СпортДенес

Еве и ранкингот на IFFHS

July 2011 FK Rabotnički Skopje Macedonia

Браво за Работнички, само така нека продолжат.
 
Виртуелна Премиер лига

Дали некогаш сте посакале да почувствувате како е да се биде на натпревар од Премиер лигата без да платите прескапа влезница за натпревар? Со најновиот проект на Премиер лигата, ова ќе биде (виртуелна) реалност.



Челниците на Премиер лигата наскоро ветуваат воведување на нова технологија која ќе им го приближи англискиот фудбал на сите навивачи од целиот свет кои не се во можност да ги следат натпреварите во живо на стадионите низ Англија.
„Развиваме нова технологија со која ќе седнете пред екранот и ќе имате чувство како да сте на стадион. Ако ја свртите главата на една страна, ќе го видите левиот гол, а на другата ќе го видите голот на десната страна.“
„Ќе можете да одберете дали сакате да бидете на трибината со навивачите на Ливерпул на Енфилд или на стадионот на Астон Вила. Можеби ви звучи премногу напредно, но не е така. Виртуелната реалност е веќе тука“, изјави Ричард Скудамор, извршниот дирекот на Премиер лигата.
Според извештаите, компанијата Сони веќе работи на камерата со супер широк агол, а целата технологија вклучува неколку вакви камери кои ќе креираат панорамски поглед од секое ќоше на стадионите.

http://on.net.mk/sportal/fudbal/virtuelna-premier-liga
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom