Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
На натпреварот кој решавал за титула во Кипар, играч на Апоел бил погоден во главата со куршум испукан од трибините :eek:

kaka-kipar-4-615x400.jpg

kaka-kipar-3.jpg
 
кој е тој мозок бе да пукаш со пиштол на стадион
 
На денешен ден, пред 29 години се случи една од најголемите катастрофи во фудбалскиот свет. Финалето на Лигата на Шампионите (тогаш позната како Куп на Шампионите на Европа) се одржа во Брисел на Хејсел Стадионот, а меѓусебно се вкрстија Европските великани Ливерпул и Јувентус. Инцидентот се случи еден час пред да почне натпреварот... хулиганите од Ливерпул ја пробија заштитната ограда која ги делела од неутралните навивачи сместени во тој дел од стадионот. Крајниот резултат од оваа трагедија е 39 починати а допонително уште 600 други биле повредени. Сепак организаторот на натпреварот решил утакмицата да биде одиграна се со цел да се спречат понатамошните инциденти. Јувентус на крај го добил натпреварот со 1-0 со голот на Платини постигнат од пенал во 58 минута. Сепак УЕФА реши овој инцидент да не помине неказнето, и донесла забрана Англиските тимови да не настапуваат во Европа во следните 3 години, додека пак Ливерпул е казнет на 5 години.

Тимот на Ливерпул: Гробелар, Нил, Ларенсон, Белгин, Никол, Хансен, Далглиш, Велан, Раш, Велш, Варк
Тренер: Џо Фаган
liverpool-team-cecf1985.jpg


Тимот на Јувентус: Такони, Фаверо, Кабрини, Бонини, Брио, Ширеа, Бриаши, Тардели, Роси, Платини, Боњек
Тренер: Џовани Трапатони
brug2.jpg


Трагедијата на Хејсел Стадионот

Финалето на мечот
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom