Знаев дека ќе се упецаш за Снајдер, сеа ќе ти кажам зошто не си во право. Снајдер таа сезона освои ТРИПЛЕТА и играше финале СП. Секогаш сезоните кога има СП се малку поспецифични во доделувањето на ваквите награди, затоа што СП е најголемото натпреварување на планетава и се вреднува најмногу. Снајдер на тоа СП ИЗГАЗИ, сам го победи Бразил со 2 гола и беше најдобар играч на Холандија, а имаше и клучна асистенција до Робен во финалето која не ја реализираше.
Снајдер го даде клучниот гол да пролаз во групите во ЛШ, против Динамо Киев на гости во 90-та минута, му асистираше на Милито во финалето и изигра една страшна ол раунд сезона. Епа сега брат, Снајдер со 3 титули и финале СП и плус сите горенабројани работи, не заслужи да земе Златна топка?
Не е иста ситуацијата со ВВД и Меси, и пак ќе ти повторам ЗАСЛУЖУВА И ВВД да ја земе, само не е СМЕШНО да земе Меси, тоа сакам да ти кажам. Смешно е што Марсело е во составот на годината, смешно е што Рамос е ставен како десен бек, во услови кога Арнолд и Робертсон изиграа едно 500 класи погоре од сите бекови на светот. Ливерпул освои ЛШ, Барселона играше 1/2 финале ЛШ, Ливерпул заврши втор во домашната лига, Барселона ја освои, Ливерпул не играше финале во куповите дома и не освои титула, Барса играше финале во купот. Уз сите овие податоци и горенаведените бројки за Меси, мислам дека глупо е да се збори оти не заслужил или е смешно да ја земел наградата.