@Bateman, да беше уште Венгер ќе се „плашев“ дека сеа конечно ќе го собре Бензема, но вака мислам дека ќе си остане у Реал лагано пак ко прва опција.
Пишав коа ја освоивме ЛШ, дека не ме чуди да има големо бранување летово во клубот. И сеа кога сите мислат дека „поголемо од ова не може“ зашто заминаа Зидан и Роналдо, мислам дека минимум уште еден од главните играчи ќе си фати патот другде. Тука не го земам во предвид Бејл, за кого не е изненадување ако замине, иако мислам дека се намалија шансите за негово заминување сега.
Еве има некои шпекулации, сеуште недоверливи за Марсело дека ќе го прати Кики во Јуве. Тоа ми е скоро невозможно од аспект на финансии, не знам дали Јуве би се осмелил да раситни уште една стотка или бар приближно за играч. Но ако случајно се деси тоа, тогаш сум пак уверен дека овие го земаат Зидан догодина за тренер.
Иако први на тапет за можно заминување ми беа некој од двоецот у средината, Модриќ или Кросс или двоецот пред нив Иско и Асенсио. Но со ангажирањето на Лопетеги веројатно Шпанциве тешко да ги пуштат. Но ако не пуштат никого од нив тоа би значело веројатно и заминување на Ковачиќ, иако клубот сака да го задржи ќе биде како со Мората, ќе бара минутажа и ќе го пуштат ако некој даде голема сума.
На крај Навас, ако запнале да земаат нов голман, не верувам он да прифати да биде резерва и тоа ќе биде џек-пот за сите клубови кои им треба голман да добијат квалитет за ефтино.