Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Nema vrska Adidas, se ako odi ke odi preku Fiat i Ferari, globalno lice na ferari mislam za 20 milioni. I 10 milioni plata.

Isti finti kako PSG, ke vidime dogodina Juve kako ke pomine so FFP.

I kako. Planiraat da ja racunaat ne mi e jasno, ama ke ima detalno soopstenie od Juve.

Sent from my ALE-L21 using Tapatalk
Епа и Фиат и Ферари се фирми ќерки на таа Ексор ли се викаше, најпаметно нешто што имам видено во последно време. Знаеш колку е лесно да претураш меѓу фирми ќерки без да те гони закон, ехее, пола Европа го прави тоа.

Супер потег на Јуве, нема што :)
 
Јувентус 30м плата годишно?
Па тоа нема да се деси никогаш, ај што неможат да му дадат толку ама и да можеа ќе му ги даваа месечно дур не наполни 60 години. Тие 15м на 3 пати со чекање, со опција да не ги платат купуваат играчи, а сега ќе даеле 30м годишно за Роналдо :pos:
Хехе ама како сега Роналдо од каде пари за плата па
 
Епа и Фиат и Ферари се фирми ќерки на таа Ексор ли се викаше, најпаметно нешто што имам видено во последно време. Знаеш колку е лесно да претураш меѓу фирми ќерки без да те гони закон, ехее, пола Европа го прави тоа.

Супер потег на Јуве, нема што :)
И после УЕФА ќе им ги девалоризира спонзорствата, ко што им напраи на ПСЖ со катарските фирми. ПСЖ за наредна година ќе бидат - 100 000 000 евра по ФФП.
 
И после УЕФА ќе им ги девалоризира спонзорствата, ко што им напраи на ПСЖ со катарските фирми. ПСЖ за наредна година ќе бидат - 100 000 000 евра по ФФП.
Не е исто, катарците ги внесуваат парите во ПСЖ а за Роналдо нема парите не поминуваат низ Јуве, ќе ги добива од фиат.
 
Добар трансфер и за Јуве и за Барса :D[DOUBLEPOST=1531253153][/DOUBLEPOST]@Ilumious што се дешава со форумов?
 
Последно уредено:
Не е исто, катарците ги внесуваат парите во ПСЖ а за Роналдо нема парите не поминуваат низ Јуве, ќе ги добива од фиат.
Тоа е веќе друго. Иако ако најдат поврзаност помеѓу сопствениците на клубот и фирмите "спонзори" на Роналдо, може да биде незгодно пак.
Добар трансфер и за Јуве и за Барса :D[DOUBLEPOST=1531253153][/DOUBLEPOST]@Ilumious што се дешава со форумов?
Не ми е јасно што е добро за Барса тука? Ако си отиде овој ќе дојде Нејмар, кој му бил опсесија на Флорентино, а тоа што Флорентино го сака, секогаш го добива. И тој што требаше да биде наследник на Меси ќе ви ја решета мрежата. Капак на тоа на 33,5 годишен играч му извадивме 100 милиони евра, а лани на резерва и извадивме 70 милиони евра. Тука добро гледам само за Реал, вие може да гледате и да учите и да се молите Меси што подолго да ви игра у тим.
 
Добар трансфер и за Јуве и за Барса :D[DOUBLEPOST=1531253153][/DOUBLEPOST]@Ilumious што се дешава со форумов?
Некоја табела е зезната, ќе биде вака и деновиве, имаме Фејсбук група од форумов за вакви денови, ако сакаш (било кој и да сака нека ми пише пп) ќе те додадам :)
 
Сите трансфери се исплаќаат на рати. Дури и Лестер на ВБА тие 3 милиони за Еванс ќе им ги плаќа на две рати.
Не им кажувај, нека продолжат да мислат дека само они така успеваат да договараат трансфери :D

Иначе, уште не ми се верува. Роналдо го земаа...
 
Топ потег на Јуве, ќе им биде успешен овој транфер, на еден или на друг начин, мислам кога они дадоа иста сума за Игуаин не знам зошто би се сметало како џабе фрлени пари за една легенда, машина од човек како Роналдо, макар што веројатно ќе мора да ја прилагодат играта по негови потреби сега.

Уште ако успеат да прелажат некој тим да фрли 50-60 за Игуаин, тогаш Роналдо скоро џабе ќе им испадне.
 
Тоа е веќе друго. Иако ако најдат поврзаност помеѓу сопствениците на клубот и фирмите "спонзори" на Роналдо, може да биде незгодно пак.

Не ми е јасно што е добро за Барса тука? Ако си отиде овој ќе дојде Нејмар, кој му бил опсесија на Флорентино, а тоа што Флорентино го сака, секогаш го добива. И тој што требаше да биде наследник на Меси ќе ви ја решета мрежата. Капак на тоа на 33,5 годишен играч му извадивме 100 милиони евра, а лани на резерва и извадивме 70 милиони евра. Тука добро гледам само за Реал, вие може да гледате и да учите и да се молите Меси што подолго да ви игра у тим.
Како прво тешко да го земете Нејмар, како второ и да го земете и било кој да дојде ќе биде послаб Роналдо. Сега почнува транзицијата во Реал, Модриќ е во години и тој кај да е ќе бега :D
И нормално дека ќе се надеваме Меси што подолго да игра, кој не сака да игра најдобриот икада :)
 
Реал со трансферот отвори нова можност.

Прво, затоа што директно го започна процесот на деРоналдизација на тимот. Презаситен од успеси во склоп со нов стручен штаб би можело да доведе до лоши сценарија. Вака го решија тој проблем.
Второ, отвара врати за подмладување на тимот и раѓање на нови лидери.
Трето, финансиското оптеретување кое им го носеше Роналдо можат да го пренасочат кон нови потенцијални суперзвезди кои ќе газат следнава декада (Мбапе на пример).
Е сега можеби овој процес нема да даде инстант резултат, но доколку паметно одигра летово може да постават нови темели по кои ќе имаат солидни резулати после некој период.

Од друга страна, Јуве направи топ потег.

Прво, доведе лидер кој би можел да ги води до титула на ЛШ.
Второ, покрај возраста има во него добри години фудбал.
Трето, топ потег од аспект на маркетинг и финансиски приливи од други канали.
Четврто, ќе ја зголеми атрактивноста на Сериа А и привлекување на други играчи во иднина од сличен профил.

Е сега околку финтиве со платата. Демек Фиат и Ферари ќе му ја плаќале платата 2/3, а 1/3 Јуве. Се надевам дека е лоша шпекулација само. Но, доколку е точно тоа, мислам дека ФФП е сериозно изманипулирано и евентуална нереакција од надлежните ќе доведе до создавање на нова пракса каде ќе биде вешто избегнувано ова правило кое на долг рок има добра замисла.

Утре ќе можат да се дрзнат спонзорите да финансираат играч сам да си го откупи договорот (ако има откупна клаузула да го откупи) и бесплатно да премине во тимот во кој што е спонзориран од нив. Јас сепак мислам дека 30м годишно ќе кешира Јуве и нема да ризикува потенцијален бан.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom