Реал со трансферот отвори нова можност.
Прво, затоа што директно го започна процесот на деРоналдизација на тимот. Презаситен од успеси во склоп со нов стручен штаб би можело да доведе до лоши сценарија. Вака го решија тој проблем.
Второ, отвара врати за подмладување на тимот и раѓање на нови лидери.
Трето, финансиското оптеретување кое им го носеше Роналдо можат да го пренасочат кон нови потенцијални суперзвезди кои ќе газат следнава декада (Мбапе на пример).
Е сега можеби овој процес нема да даде инстант резултат, но доколку паметно одигра летово може да постават нови темели по кои ќе имаат солидни резулати после некој период.
Од друга страна, Јуве направи топ потег.
Прво, доведе лидер кој би можел да ги води до титула на ЛШ.
Второ, покрај возраста има во него добри години фудбал.
Трето, топ потег од аспект на маркетинг и финансиски приливи од други канали.
Четврто, ќе ја зголеми атрактивноста на Сериа А и привлекување на други играчи во иднина од сличен профил.
Е сега околку финтиве со платата. Демек Фиат и Ферари ќе му ја плаќале платата 2/3, а 1/3 Јуве. Се надевам дека е лоша шпекулација само. Но, доколку е точно тоа, мислам дека ФФП е сериозно изманипулирано и евентуална нереакција од надлежните ќе доведе до создавање на нова пракса каде ќе биде вешто избегнувано ова правило кое на долг рок има добра замисла.
Утре ќе можат да се дрзнат спонзорите да финансираат играч сам да си го откупи договорот (ако има откупна клаузула да го откупи) и бесплатно да премине во тимот во кој што е спонзориран од нив. Јас сепак мислам дека 30м годишно ќе кешира Јуве и нема да ризикува потенцијален бан.