Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Манчестер купи напаѓач, земете го денов за слава, без разлика кој е типов.
Кој е последниот напаѓач што сте го купиле, да не е позајмица, фри трансфер? Мене ми текнува на Марсиал, ако го рачунаме за напаѓач, ако не тогаш Ван Перси, значи едно добри 10год се шлепаат со кој стигне напред.
Се купувале, не дека не се купувале, ама од Лукаку навака, се тоа биле некои краткорочни решенија, Кавани на пример, Вегхорст на позајмица. Ама тоа било у 5 до 12, дај шта даш. А и пред Лукаку праве неки такви краткорочни трансфери, без некоја логика, Фалкао, Ибра. Играчи кои знаеш дека максимумот што можат да ти го пружат е сезона, две преку сила.

Иначе детево не треба сеа да се очекува дека одма ќе биде Халанд, Бензема, Левандовски, али ќе се примети одма разлика, ќе видите. Можда нема 20 гола да даде, ама на таа позиција од сите подобро ќе се снаоѓа. Рачунајте дека нашите крила, Рашфорд и Антони не се некои јаки асистенти.
 
Да бе Лукаку го заборавив, имало еден во десет години значи.
 
10 гола со се купови му е плафон, ќе биде скапа верзија на Вегхорст у смисла на голови. Ништо чудно Гарначо или Марсијал да му земат место иако едниов е крило.

Поарно да земеа уште еден голман онака пошо им се фрлаат пари. Кога веќе го земаа Хојлунд со сличното име со Халанд, можеа сеа некој бел Онана за резерва од 70 милиони.

Броени му се деновите и на Тен Хаг каде бе со овој ум

10то коло дебакл од Сити дома, скор 4 3 3 уште некој дебакл од некоја Севиља или топка да не допрат против Реал Баерн и доста беше

Плус гостување на Емирати и дома сл Тотенхем
Марсијал може само на некој Арап у Арабија да му земе место, до толку е паднат.
Автоматски споено мислење:

Со Лукаку поефтино ќе поминеа...
Само нездрави може да појдат по такво копиле.
Среќа нашите не се толку глупи. :D
 
Ја па викам ке даде 23 гола укупно, до 29 јули, следњќу годину, с'сфе пријателски.
Ама Манчестер па ке биде на исто ниво.
Како до сега(Али Ахмети).
 
Еве му се куца отказот, готов е. По факс ќе му го пратат.
Манчестер Јунајтед не смее да си дозволи вакви трансфери колку да се рече купиле некој, не у ситуација кога 10 години служи за потсмев.

Еве тренер на Манчестер, ја гледа статистикава 9 гола дал у кариера шо помислува. "Пари имаме, а да даеме 75 милиони, ако он не дава голови се надевам Маунт ќе дае 10, Бруно 15 и Рашфорд 20"

Па со 9 гола упола од сума не вреди, ај шо не вреди нема да го земам без пари да ми го даваат
 
Зошто мислиш дека купиле колку да се рече дека купиле некој? Манчестер Јунајтед моментално нема никаков шпиц, од една страна се жалиме со месеци дека факинг Вегхорст ни игра на таа позиција, од друга страна викаш "со 9 гола ни за без пари не би го земал" за перспективен, млад напаѓач, кој има 20 години.

Цената не планирам да ја правдам, бидејќи се сложувам дека е бар 10тина милиони прескапа. Исто се сложувам дека е огромна коцка ако планираат да ја истерат цела сезона со главен шпиц што уште нема излезено од пубертет. Ама трансферот може да се испостави одличен, за некоја година секако.

Никој од нас не знае што се случува во позадина. Верувам многу зависи и од тоа дали ќе си замине Марсијал летово, ама од каде гаранција дека Јунајтед нема да загризе и по некој поискусен шпиц до крај на трансфер периодот?

Има уште месец и некој ден до крај, а Кејн сеуште е достапен на пазарот. Со секој екстра изминат ден Леви губи во неговата преговарачка позиција, бидејќи (барем според пишувањата) има инструкции да искешира во случај играчот да најави дека не го продолжува договорот под никакви услови. Имам некое чувство дека ќе пробат пак за некоја недела, ако ме заврши работа Баерн до тогаш.

А тогаш може да се постават вака: Шпиц имаме веќе и не сме крајно зависни на таа позиција, а сега ти си тој што мора да го продаде Кејн и тоа во наредните 10тина дена, бидејќи ќе ти кидне без пари наредно лето. Башка и ако играчот притисне малку, тие 10-15 милиони вишак што ги фрлиле за Хојлунд, ќе ги вратат на овој начин. Секако, знам дека звучи too good to be true, ама зошто да не. :D Додека Баерн не го потпише Кејн, Јунајтед ќе го држи под лупа, јас сум 100% сигурен.
 
Добар бизнис ама за Аталанта мислам дека дечково не е ни блиску до ова сума за која купен. Kога би ми требал купец би се викал Манчестер Јунајтед. Овој ќе е најверојатно најскапото засилување шо ќе го донесат а последниве 10 години после Фергусон практично тешки флопови им се најскапите засилувања доведени во тековната година.Лукаку,Мегваер,Санчо,Ван ден бек,Ди Марија,Погба,Ентони,Марсијал,Фред буквално листа очајна.
 
Леле, замислувам ситуација, детево Хојлунд да играше во некој Брајтон и после една просечна сезона со девет голови, да беше продаден за 75 милиони. Ќе се свртеше муабетот од некои фанови на Сериа А за преценети Англичани, претерување, чуда. :icon_mrgr:

Хојлунд со девет голови во Сериа А, во најнапаѓачката екипа во лигата, после една сезона си оди за 75 милиони евра, на 20 години. Аферим, велам.

Не е ова критика за момчето, да се разбереме. Го гледав сезонава во Аталанта и малку за Данска, поседува голем талент и има одредени атрибути.
Цената е толкава затоа што купувачот е од Англија.
Ве знаат сите дека си ги преценувате играчите и затоа ве дерат толку.
 
Манчестер Јунајтед не смее да си дозволи вакви трансфери колку да се рече купиле некој, не у ситуација кога 10 години служи за потсмев.

Еве тренер на Манчестер, ја гледа статистикава 9 гола дал у кариера шо помислува. "Пари имаме, а да даеме 75 милиони, ако он не дава голови се надевам Маунт ќе дае 10, Бруно 15 и Рашфорд 20"

Па со 9 гола упола од сума не вреди, ај шо не вреди нема да го земам без пари да ми го даваат
Абе да е така сите ќе работиме како тренери и скаути. Статистиката од 9 гола е последното нешто што го виделе кога го скаутирале играчот. Така иде зборот.
Многу подлабоко и поопширно копаат и истражуваат скаутите и очигледно нешто виделе, процениле и затоа се одлучиле да идат ол-ин на детево. Деби сезона му е ланската бе, колку сакате да даде, 20 години има и не ни беше цело време прва постава.

Изборот на играч е океј, еден од најперспективните шпицови е овој, цената е превисока у секој случај и одран е Манчестер али у иднина ќе им се исплати. Моја проценка е дека иде над 20 голови у сите конкуренции сезонава.

Не знам каков им е пристапот на англиските екипи кога пазарат од Италија, ама е премногу лош и аматерски, дерени се буквално за секој играч што ќе го побараат.
 
Од една страна се смееш кој кур бил тој Хојлунд вака така, од друга страна проценуваш над 20 голови у првата сезона, интересно. :D

Не знам што се чудите, секогаш се плаќа потенцијалот, а во случајов и неопходноста од шпиц на Јунајтед, па затоа и таква е сумата. Да, ризик е, ама ако гледате така па кој трансфер не е ризик... Хаверц не е ризик за Арсенал за слична сума на пари ко Хојлунд?
 
Умре времето кога имаш шпицови кои ти гарантираат 20+ гола во ПЛ. На прсти се бројат таквите и веќе се испазарени, без можност да одат во друга екипа.

Во Англија освен Халанд и Кејн кој е на излезни врати, кој друг може да го гарантира тоа? Која друга екипа има таков профил играч што ќе решета мрежи?

Еве Арсенал да се земе на пример, го имаат Жезус кој е алл-раунд тип на напаѓач. Знае да проигра, асистира, да се извлече на крило... Головите се поделени помеѓу шпицот, крилата, амф и цмф (Џака).

Детево има 20 години и е еден од најголемите потенцијали моментално. Плус, има висина, курпурентен е, знае да загради и проигра до крила. Не верувам да се очекува он да биде главна виолина во напад. Туку нешто како Жиру што беше во онаа, најсилната Франција.
За некоја сезона има можност да прерасне во нешто (по)големо.
Со оглед на пазарот и изборот на играчи, добар бизнис е ова за Јунајтед, освен цената, ама сите знаеме како е таа формулирана и на кои услови се базира.
 
Фанови на Јунајтед моментално:

Млад е, корпулентен, проигрува, асистира.:ROFLMAO:
 
Attachments

  • Screenshot_20230730_115305_Firefox.jpg
    Screenshot_20230730_115305_Firefox.jpg
    239,6 KB · Прегледи: 13
  • Screenshot_20230730_115305_Firefox.jpg
    Screenshot_20230730_115305_Firefox.jpg
    239,6 KB · Прегледи: 13
Премногу критики за трансферот на Хојлунд. Ајде кажете достапен и докажан напаѓач за кој гарантирате дека ќе даде 20+ голови
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom