Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Off topic: Меси дава гол за Мајами, ESPN групно свршува на сите мрежи. Роналдо, Бензема гол дале во Арабија, голем кур... :D
Да пратеше алџезеира ќе знаеше дека коментаторот урла бетер од звучниците у џамија у чаир али ти само ЕСПН ги пратиш
 
Има некое подетално инфо околу плаќањево? Колку сега у кеш а колку изнесуваат бонусите?
 
Леле, замислувам ситуација, детево Хојлунд да играше во некој Брајтон и после една просечна сезона со девет голови, да беше продаден за 75 милиони. Ќе се свртеше муабетот од некои фанови на Сериа А за преценети Англичани, претерување, чуда. :icon_mrgr:

Хојлунд со девет голови во Сериа А, во најнапаѓачката екипа во лигата, после една сезона си оди за 75 милиони евра, на 20 години. Аферим, велам.

Не е ова критика за момчето, да се разбереме. Го гледав сезонава во Аталанта и малку за Данска, поседува голем талент и има одредени атрибути.
 
И сеа ќе удриме бе чекај.
Ќе прашаме прво ако Хојлунд вреди 70, колку би вределе Лаутаро, Осимен, Леао, Влаховиќ.
Па после ќе ја нападнеме Аталанта дека си ги преценува мртвите играчи. Ќе поставиме аргументирани факти како ниеден што искочил од Бергамо не успеал у кариерата.
Па сите сложно ќе му се изнасмееме на Манчестер што фрла пари на секакви играчи.
Па они ќе речат дека се плаќа потенцијал а не моментален квалитет.
Па Стек ќе им удара гаранции како ова е новиот микс од Халанд и Ибрахимовиќ. Па они ќе му ставаат срција и лајкови несвесни дека им го упропастува секој трансфер со своите косачки предвидувања.
Па ќе се отворат нови теории на заговор за ФФП, позадинската продажба на Манчестер, парите од тв правата на англичаните, масовно понижување на сиромашната Калчо лига.
Итн итн итн.
 
Тоа ќе се случи, од збор до збор. :pos:

Мене ми е интересен избор, во перспектива мислам дека ќе им се погоди.
 
Сериозно преплатен. 60 милиони евра после бонуси требаше да е плафон. Ама не дека има некој избор на деветки. Особено не такви какви што сака Тен Хаг.
 
И сеа ќе удриме бе чекај.
Ќе прашаме прво ако Хојлунд вреди 70, колку би вределе Лаутаро, Осимен, Леао, Влаховиќ.
Па после ќе ја нападнеме Аталанта дека си ги преценува мртвите играчи. Ќе поставиме аргументирани факти како ниеден што искочил од Бергамо не успеал у кариерата.
Па сите сложно ќе му се изнасмееме на Манчестер што фрла пари на секакви играчи.
Па они ќе речат дека се плаќа потенцијал а не моментален квалитет.
Па Стек ќе им удара гаранции како ова е новиот микс од Халанд и Ибрахимовиќ. Па они ќе му ставаат срција и лајкови несвесни дека им го упропастува секој трансфер со своите косачки предвидувања.
Па ќе се отворат нови теории на заговор за ФФП, позадинската продажба на Манчестер, парите од тв правата на англичаните, масовно понижување на сиромашната Калчо лига.
Итн итн итн.
Кога начекаш луѓе што немаат фудбалско знаење ги стрижеш додека можеш.
Али тоа е боље да одат парите за трансфери одколку кај газдите како дивиденди.

ПС за тие што ги спомна Влаховиќ, Леао, Лаутаро, Осимен 200 мил ќе треба да платиме колку неспособни има у управата.
 
Последно уредено:

Има некое подетално инфо околу плаќањево? Колку сега у кеш а колку изнесуваат бонусите?

75 милиони евра + 10 милиони во бонуси. Или во Англиска верзија, 63 милиони фунти + 8 во бонуси. Пепе како онај пат кога даде гол против Гимараеш тип на пари. Дерење. Онака, до срж. Таман се понадевав дека овие нашиве што преговараат, научиле нешто, па успеаа да издејствуваат колку толку нормални суми за Маунт и Онана, ама ова е врел шамар и назад во реалноста. Претпоставувам дека улога играло тоа што тренеров го сакал по секоја цена. Ова е трансфер на кој ке се кршат многу копја, и ке го стави Тен Хаг под потенцијален притисок ако детево не направи нешто позначајно.
 
Леле, замислувам ситуација, детево Хојлунд да играше во некој Брајтон и после една просечна сезона со девет голови, да беше продаден за 75 милиони. Ќе се свртеше муабетот од некои фанови на Сериа А за преценети Англичани, претерување, чуда. :icon_mrgr:

Хојлунд со девет голови во Сериа А, во најнапаѓачката екипа во лигата, после една сезона си оди за 75 милиони евра, на 20 години. Аферим, велам.

Не е ова критика за момчето, да се разбереме. Го гледав сезонава во Аталанта и малку за Данска, поседува голем талент и има одредени атрибути.
Премногу ризикува ТХ, шкрипи на позиција напаѓач и наместо искусен да се донесе они фрлаат едно брдо пари на талент нешто слично ко со бразилецов
 
10 гола со се купови му е плафон, ќе биде скапа верзија на Вегхорст у смисла на голови. Ништо чудно Гарначо или Марсијал да му земат место иако едниов е крило.

Поарно да земеа уште еден голман онака пошо им се фрлаат пари. Кога веќе го земаа Хојлунд со сличното име со Халанд, можеа сеа некој бел Онана за резерва од 70 милиони.

Броени му се деновите и на Тен Хаг каде бе со овој ум

10то коло дебакл од Сити дома, скор 4 3 3 уште некој дебакл од некоја Севиља или топка да не допрат против Реал Баерн и доста беше

Плус гостување на Емирати и дома сл Тотенхем
 
Хојлунд е Јон Дал Томасон тип играч.
Ќе даде неколку гола, но нема да е тоа тоа што го бараат фановите на Ман.Јун.

Али ајде полека, може ќе не демантира сите.

Инаку од 23ч. на Арена 1 Премиум играат пријателски натпревар Барса и Реал Мадрид.
 
Манчестер купи напаѓач, земете го денов за слава, без разлика кој е типов.
Кој е последниот напаѓач што сте го купиле, да не е позајмица, фри трансфер? Мене ми текнува на Марсиал, ако го рачунаме за напаѓач, ако не тогаш Ван Перси, значи едно добри 10год се шлепаат со кој стигне напред.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom