Уште не, сепак за да се натпреваруваат со Сити им треба играч како Фекир кој во случај да се повреди некој од тројцата напред или да му се случи синдром на втора сезона ќе може достојно да ги замени. Сепак титула во ПЛ е долга стаза и ќе требаат квалитетни играчи. Видовме минатата сезона кога во финале Ливерпул немаше никаква замена при повреда на Салах. Сепак и вака, ако го донесат Алисон, имаат далеку подобар и поконкурентен тим од Јунајтед, Тотенхем, Челзи и Арсенал. Ќе бидат интересни за гледање како и да е.
Ми се свиѓа тоа што и Ливерпул и Арсенал конечно почнаа да прават паметни трансфери. Купуваат играчи што стварно им требаат и кои што ќе им ги пополнат слабостите од минатите сезони, а не само колку да се купи нешто. Кај Ливерпул не се ни сомневам дека новиве играчи ќе се вклопат во тимот, кај Арсенал може да биде малце проблем зашто сепак премногу новости и промени имаат од сезона за сезона, ама на долг рок мислам дека ќе имаат успеси.