Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Па моментално ја опиша ситуацијата во Челзи со Куртоа и Хазард. Како што ќе им покачи Челзи на двајцава, како што Јунајтед еве ќе му ја покачи на ДДГ ако сака да остане, ќе им покачи и на Погба и на Лукаку ако заслужат, не знам што е толку тешко ова да се сфати.
Тоа де, ако заслужиле ќе им ја покачат. Санчез може заслужи во Арсенал да го направат најплатен, ама во Јунајтед никако не заслужил да е далеку најплатен играч во ПЛ.
И Јунајтед се погоди така во случајов, мене ми е исто мислењето за било кој клуб. Ете Челзи сакаат да им дадат 300 и 200 на Хазард и Куртоа. Ќе смеат со такви понуди да им се појават доколку сега од нигде го потпишат Санчез на 400? Си имаат некаква структура за платите сите клубови и јас само викам дека не се согласувам дека е паметно да ја нарушуваат и да предизвикаат поместување на границите за некој кој не е Меси или Роналдо.

И мислам дека доста беше од муабетов, стварно досадно е веќе да вртиме во круг :D
 
Како прво не го пишавме ние тоа, туку новинаров како што може да видиш.
Второ, може не е трансфер гуру ама за финансии аман немој да пишуваш ако не знаеш. Прв регрутиран човек им беше на Американците кога го купија клубот и беше главен во сет тој економски раст на МЈ од 2009 натака. Изгуглај да видиш какви резултати има и со претходните негови работни места поготово со J. P. Morgan од каде што го донесоа. Евреи не доверуваат финансии на штогоде личности, не се тоа Камчев и Мијалков.

Трето, ако стварно се овие бројкиве на кои е договорен, во право е новинаров и заслужува пофалби.
Тоа што Јунајтед има приходи и грдна пара во нив не значи дека Ед мора да го преплаќа Санчез и неговите агенти. Ова со Санчез е буквално расфрлање со пари. Самите имате пишано како после транферот на Роналдо екипите знаеле дека имате пари и ви барале повеќе од реалната вредност на играчот. Епа сега летово ќе биди истата ситуација и другите екипи ќе сакаат да им ги преплатите играчите како Санчез.
 
Ако добро памтам, те цитирав за делот кај што викаш дека Вудвард не го бива за финансии. Може за трансфери не е Марота ама дека не го бивало за финансии мало сутра.

On joining the club in 2005 he initially managed the capital structure of the group and advised on the overall financial business plan. In 2007 he assumed responsibility for the commercial and media operations and developed and implemented a new overall commercial strategy for the Club.

Еве повеќе ако сакаш да си прочиташ. http://www.bbc.com/sport/football/21532300

И да, ако е точно дека само 5 милиони фунти би добил агентот на Санчез ако дојде во Манчестер, тоа е ништо, стандардна сума што ја добива секој агент, го зборам ова затоа што се вртеа суми дека ќе искешира 15 милиони. Јунајтед е далеку зад Сити и Челзи во преплаќање агенти, барем беше изминатата 2017.
 
Mood:

[DOUBLEPOST=1516016879][/DOUBLEPOST]

За некој месец, ке може да бира кај ке оди. Јуве 100% би се вмешал, нема шанси оној вашиот дијагонален, да не се вмеша во играч кој е слободен, и автоматски имаш 3 клуба во игра.
Да ама парите што Јунајтед ќе ги даде на Арсенал сега во тој случај би ги распоредиле во 5 сезони и на тоа кога ќе додадеш плата од 15тина милиони ќе се соберат 20тина без бонуси годишно, Јуве тоа неможе да го дозволи во никој случај.
 
Проблемот е шо го вреднувате трансферот на Санчез по тоа колку му останало од договорот, а не според тоа дека е докажан класа голгетер во Англија и има уште најмалце 4 сезони про фудбал во него.

За вакви играчи, тимови како Јунајтед и Реал кои моментално се во резултатска криза ќе фрлат и по 120-130м на лето кога ќе се бара алтернатива. А и незнам од кај ви се идеите дека летото ќе дојде за 0 евра, ако сега кога има уште договор бара 20 милки бонус замислете колку ќе бара летото кога ќе е слободен и ќе може да бира на лицитацијата.:LOL: Свесен е за својот квалитет Санчез и гледа да си го искешира, како и секој на негово место.
 
Тоа де, ако заслужиле ќе им ја покачат. Санчез може заслужи во Арсенал да го направат најплатен, ама во Јунајтед никако не заслужил да е далеку најплатен играч во ПЛ.
И Јунајтед се погоди така во случајов, мене ми е исто мислењето за било кој клуб. Ете Челзи сакаат да им дадат 300 и 200 на Хазард и Куртоа. Ќе смеат со такви понуди да им се појават доколку сега од нигде го потпишат Санчез на 400? Си имаат некаква структура за платите сите клубови и јас само викам дека не се согласувам дека е паметно да ја нарушуваат и да предизвикаат поместување на границите за некој кој не е Меси или Роналдо.

И мислам дека доста беше од муабетов, стварно досадно е веќе да вртиме во круг :D

Па така кажи што те мачи :D
Значи се плашиш за Хазард дека нема да го продолжи договорот ако не добие колку Алексис.
 
Не се плашам, би сакал одма да поднесе трансфер барање доколку на нов играч (кој не е поквалитетен од тебе) му нудат дупло од тоа што го зимаш, а тебе нејќат, најдобриот играч во тимот веќе 5 години. Од друга страна ако му дадат и него толку, ќе треба и на сите други драстично да почнат да им ги зголемуваат платите, и ете ти за една или две години дуплирање на трошоците за плата. Ептен добро, планско работење (y)
 
Абе луѓе во време кога Дембеле со 1 сезона изиграна беше платен 100 милиони негде не знам точна сума, оваа сума за играч како Санчез што ќе ја даде МЈ воопшто не е преплаќање макар и 1 месец да има од договор. Машинерија е Јунајтед за праење пари. Во право се кога викаат дека тој Ед или како и да се вика е гуру за финансии. Па овие јувенташиве т.е некои од нив се навредија како тоа може некој да каже дека има подобар и од Марота. [emoji23][emoji23][emoji23]

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Проблемот е шо го вреднувате трансферот на Санчез по тоа колку му останало од договорот, а не според тоа дека е докажан класа голгетер во Англија и има уште најмалце 4 сезони про фудбал во него.

За вакви играчи, тимови како Јунајтед и Реал кои моментално се во резултатска криза ќе фрлат и по 120-130м на лето кога ќе се бара алтернатива. А и незнам од кај ви се идеите дека летото ќе дојде за 0 евра, ако сега кога има уште договор бара 20 милки бонус замислете колку ќе бара летото кога ќе е слободен и ќе може да бира на лицитацијата.:LOL: Свесен е за својот квалитет Санчез и гледа да си го искешира, како и секој на негово место.

Гледам јас Роналдо со неговите 32години парче прави
 
Не се плашам, би сакал одма да поднесе трансфер барање доколку на нов играч (кој не е поквалитетен од тебе) му нудат дупло од тоа што го зимаш, а тебе нејќат, најдобриот играч во тимот веќе 5 години. Од друга страна ако му дадат и него толку, ќе треба и на сите други драстично да почнат да им ги зголемуваат платите, и ете ти за една или две години дуплирање на трошоците за плата. Ептен добро, планско работење (y)

Клуб да не купуваш шо се загрижи за платите на играчите во иднина?
 
Не се плашам, би сакал одма да поднесе трансфер барање доколку на нов играч (кој не е поквалитетен од тебе) му нудат дупло од тоа што го зимаш, а тебе нејќат, најдобриот играч во тимот веќе 5 години. Од друга страна ако му дадат и него толку, ќе треба и на сите други драстично да почнат да им ги зголемуваат платите, и ете ти за една или две години дуплирање на трошоците за плата. Ептен добро, планско работење (y)

Нема тука планско непланско. Ако сакаш да ги добиеш/задржиш најдобрите ќе мора да плаќаш исто како конкуренцијата.

Пазарот веќе не е ист и клубовите мора да се прилагодат. Сега со 200 илјади неделно не можеш веќе да имаш топ-5 играч.
 
Гледам јас Роналдо со неговите 32години парче прави

Роналдо последна асолна сезона што ја изигра на врвно ниво беше во сезоната 2014-2015 каде неговиот тим всушност ништо не освои ама тој индивидуално изгази и се изнададе голој и тоа кога наполна 30 години..од тогаш скоро не постои и голем дел од играчите што играат природни крила и голгетери(самата игра му се базира на физикусот и брзината) на 30-31 година нагло му паѓа формата и не постојат..така беше и со Робен,Рибери и многу други играчишта што биле и подобри од Санчез..ама на форумот постои стереотип дека ако е 28-29 уште играчот имал што да понуди и можел да игра до 33 години во топ форма како ништо(муабети за мали деца)

Еве Паје ти е чист пример,не постои чоекот и ништо посебно не игра на само 30 години (значи не бил будала Венгер кога не сакаше да го купи)..и Санчез веројатно кај и да оди ќе биди едносезонски играч и пари фрлени во провалија за неговиот скап договор со оглед дека како што одат годините ќе паѓа нагло.

И многумина забораваат дека во Барселона(во вистинска екипа каде притисокот е поголем за освојување на трофеи) не беше ништо посебно и не за џабе лесно се ослободија од него за багателна сума.

Добар играч е Санчез ама тука на форумот се крева до плафон..Манчестер Јунајтед го имаат на таа позиција Марсијал што има ненормални предиспозиции и потенцијал да стани подобар играч од Санчез и сега овие го преплаќаат Санчез..некако ми нема логика искрено
 
Затоа вие си зимате Дринквотерчиња у тим,да не им текне да бараат многу пари еден ден.

Sent from my SM-G903F using Tapatalk
Јбг, јас најмногу би сакал да го следат примерот на Јунајтед за успешно работење и доминација во ПЛ последниве години, ама не може секој :toe:
 
T
Роналдо последна асолна сезона што ја изигра на врвно ниво беше во сезоната 2014-2015 каде неговиот тим всушност ништо не освои ама тој индивидуално изгази и се изнададе голој и тоа кога наполна 30 години..од тогаш скоро не постои и голем дел од играчите што играат природни крила и голгетери(самата игра му се базира на физикусот и брзината) на 30-31 година нагло му паѓа формата и не постојат..така беше и со Робен,Рибери и многу други играчишта што биле и подобри од Санчез..ама на форумот постои стереотип дека ако е 28-29 уште играчот имал што да понуди и можел да игра до 33 години во топ форма како ништо(муабети за мали деца)

Еве Паје ти е чист пример,не постои чоекот и ништо посебно не игра на само 30 години (значи не бил будала Венгер кога не сакаше да го купи)..и Санчез веројатно кај и да оди ќе биди едносезонски играч и пари фрлени во провалија за неговиот скап договор со оглед дека како што одат годините ќе паѓа нагло.

И многумина забораваат дека во Барселона(во вистинска екипа каде притисокот е поголем за освојување на трофеи) не беше ништо посебно и не за џабе лесно се ослободија од него за багателна сума.

Добар играч е Санчез ама тука на форумот се крева до плафон..Манчестер Јунајтед го имаат на таа позиција Марсијал што има ненормални предиспозиции и потенцијал да стани подобар играч од Санчез и сега овие го преплаќаат Санчез..некако ми нема логика искрено
Te молам објасни како 2015/16 со 51 гол и 2016/17 со 41 гол во сезона не се на врвно ниво?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom