Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали пратите, покрената е акција #BartomeuDimiteYa на твитер. Одзивот е над очекувањата. За само неколку часа #BartomeuDimiteYa стана No.1 trending worldwide.

За да не остане само на твитање, Аугусти Бенедито, голем критичар на Бартомеу и целото моментално раководство, покрена постапка за собирање на потписи за покренување на гласање на недоверба на Бартомеу од страна на членовите на клубот (socis).
http://votdecensura2017.cat/
 
Да можеше Алексис да игра десно крило, би кажал дека Јунајтед со негово купување ке си ја купепе титулата. Не се идиоти Сити.
 
Кога сме кај Бенедито, треба да се напомене дека е близок соработник со Лапорта во други бизниси. Лапорта на последните избори се мислеше и да не се кандидира, и да го подржи Бенедито. Иста филозофија на работа имаат.

http://madrid-barcelona.com/2014-11...lidad-de-apoyar-a-benedito-noticias-del-barca

Интересно е шо тогаш Барса беше жртва на сопствениот успех со триплетeто кое обезбеди нов мандат на моменталната гарнитура. :D Ништо чудно позади акцијата на Бенедито да се крие и Лапорта , можно е во случај на избори да му има ветено и претседателско место ако добијат.

dede.jpg
 
Последно уредено:
Да можеше Алексис да игра десно крило, би кажал дека Јунајтед со негово купување ке си ја купепе титулата. Не се идиоти Сити.
Srekja ako go zemat Aleksis i ako igra levo krilo nema da ja 'kupat' titulata.
 
Srekja ako go zemat Aleksis i ako igra levo krilo nema da ja 'kupat' titulata.

Јунајтед има поголем проблем на десната страна. Лево Марсијал и Рашфорд може колку толку да допринесат. Не викам дека се на нивото на Санчез, ама можат да дадат солиден придонес. Десно Мата ни игра крило. Мислам дека све е јасно.
 
Воопшто немаат врска годините, ама има уште една година од договорот и повеќе од 60 нема шанси некој да понуди, дури и тоа е многу. На Арсенал е дали ќе сака да земе 60 милиони или 0. Не е малце.

А да си имаше подолг договор, ќе одеше над 100 сега, нормално.
 
Па ако дојде Санчез кој ќе лета од Сити?
 
Па ако дојде Санчез кој ќе лета од Сити?

Компани, да може Давид Силва уште малку назад да го повлече да направи место за Санчез
 
Фабињо се договорил со ПСЖ за трансфер. Останува уште клубовите да се договорат за сумата. Изглеа 60 мил.евра ќе биде.
 
Пред 17 години Рома за 30 годишниот Батистута плати 35 милиони евра... пред 17 години. Зборувајте ми како во 2017та 60+ милиони се многу за 29 годишен Санчез.

П.С До кога ќе праиме муабет за цениве?
 
Пред 17 години Рома за 30 годишниот Батистута плати 35 милиони евра... пред 17 години. Зборувајте ми како во 2017та 60+ милиони се многу за 29 годишен Санчез.

П.С До кога ќе праиме муабет за цениве?
Па есен иде , деца у школо да се праќаат , ајвари , зимници , дрва ... мора и да видиме колку на трансфери ќе ни отидат :D . Домаќини ли сме што ли сме .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom