Не озбилно, не гледам што смета кај трансферите што се објавуваат. Некој може сака да си прати ради кладилница, некој може гледа и нешто друго не само светите лиги. А башка и никој не ги става трансферите на Гронинген, Сент Мирен и Дижон. Ги ставаме трансферите од топ 4 лигите плус тие на побитните европски екипи кои се редовни во Евро натпреварувањата како Ајакс и ПСВ од Холандија, Порто, Бенфика и Спортинг од Португалија, француските тимови, Зенит, ЦСКА, Андерлехт, Базел, Селтик и сличните екипи. Или пак некои веќе познати играчи кои одат на печалба во Америка или кај Арапите.
Друго, според мене уште поарно е што се ставаат вакви понебитни трансфери. Оти за Швајнштајгер во Манчестер ќе прочиташ и во фан клуб Баерн и во фан клуб Манчестер и во ПЛ темата и на фејсбук и на ТВ ќе видиш и во сон ќе ти дојде. Ама за Шакел во Дерби нема да видиш никаде. Мене бар ми е интересен овој трансфер оти сакам Дерби да влезе во Премиер Лига, па ме интересира кои трансфери ќе ги направат. Исто интересно беше што го искористија Скај Бет транфер фондот за да го купат, а веќе беше спомнато низ темиве за тоа.