Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Проблемот е што се прекршени правила и се водат истраги за нив, лани ако ти текнува пробаа да протнат продажба на хотел или паркинг места нешто така беше и сакаа да го вметнат како приход во клубот, кратко кажано како да продале играч, исто договорите на 15 години што ги правеа за да може да потпишуваат све и свашта ако не се лажам ги банираа од ПЛ или УЕФА да може максимум на 5 години да бидат, итн итн. Да ми речеш дека во пост Роман ерата Челзи работи исправно и коректно за мене е смешно искрено, инаку ништо немам против Челзи.
Продажбите на хотели, тренинг центри, женски тим се одобрени од ПЛ. Не можат да поминат без они да ги проверат. Имаше после крајот на сезоната гласање за да се затвори таа можност. Исходот? Сите клубови гласаа да може тоа да се прави и понатаму. Ете Вила пред некоја недела си го продаде женскиот тим. Распоредување на рати со долгите договори исто беше нешто целосно легално што секој клуб можеше да го користи. После решија УЕФА или ФИФА да го ограничат на 5 години. Не беше ова никакво кршење правила туку прилика која можат сите клубови да ја искористат.

Единствена истрага против Челзи е за некои неправилности од времето на Роман кои новите газди сами ги пријавиле кај УЕФА и ПЛ кога го превземаа клубот. Со УЕФА се спогодија лани, од ПЛ уште истражуваат ко што знам.
 
Сега знам како се осеќаат челзијашите секое лето со трансфери :icon_lol:

Време е за Исак. Допаминот од трансферот на Екитике полека бледнее (не бев нешто многу за негов трансфер). Мора да го појачаме :icon_lol:
 
NAmerno im go zedoja da im demonstriraat sila
 
И Барса така на времето демонстрираа сила, лупаа 100-200 милионки за непотребни играчи, па се сликаа со Верати за на крај ни Верати да дојде и Арапиве (Катарци, Арапи исти кур реално) од инат 220 милиони одма за Нејмар ко од шала. Овие Саудијциве уште побогати се, секој у маало си има фудбалски клуб си игра менаџер IRL, да не ги изнервирате може цел град да го купат со се играчи и стадиони.
 
Проблемот е што се прекршени правила и се водат истраги за нив, лани ако ти текнува пробаа да протнат продажба на хотел или паркинг места нешто така беше и сакаа да го вметнат како приход во клубот, кратко кажано како да продале играч, исто договорите на 15 години што ги правеа за да може да потпишуваат све и свашта ако не се лажам ги банираа од ПЛ или УЕФА да може максимум на 5 години да бидат, итн итн. Да ми речеш дека во пост Роман ерата Челзи работи исправно и коректно за мене е смешно искрено, инаку ништо немам против Челзи.
Работата е што новите газди си ја имаат завршено домашната задача, најверојатно уште пред и да ја пуштат официјалната понуда за купување на клубот. Не измислиле топла вода, тие правила важат(ле) за сите исто, србите ја имаат онаа поговорка: ко први њему девојка. И тие договори по 15 години што ги спомнуваш биле според закон, значи ниту едно правило ни тука не било прекршено, УЕФА интервенирала по склучените договори а не пред, така што Челзи ги нема прекршено ни тие правила.

За други истраги што се водат против Челзи, а информациите да се јавно достапни, јас со такво нешто не сум запознаен. Ако мислиш за истрагите за ПСР, за тоа што го продадоа женскиот тим, некои хотели и сл. тоа е веќе расчистено уште во јануари и Челзи е ослободен од тие обвинувања. Освен ако не мислиш на нешто друго?

Јас колку што го пратам клубот, сфатив дека адвокатите си ја сработиле својата работа и од легален аспект Челзи е чист. Едноставно нашле дупки ( loopholes ) во веќе постоечките закони и не гледам начин според кој Челзи би бил казнет за (не)почитување на законите. Тоа е грешка на УЕФА, ФА или кој и да е задолжен за правење и спроведување на овие закони. А сега колку е исправно и коректно од морален, етички или било кој друг аспект е друга приказна, која мислам дека пред законите и не е толку битна. :)
 
Продажбите на хотели, тренинг центри, женски тим се одобрени од ПЛ. Не можат да поминат без они да ги проверат. Имаше после крајот на сезоната гласање за да се затвори таа можност. Исходот? Сите клубови гласаа да може тоа да се прави и понатаму. Ете Вила пред некоја недела си го продаде женскиот тим. Распоредување на рати со долгите договори исто беше нешто целосно легално што секој клуб можеше да го користи. После решија УЕФА или ФИФА да го ограничат на 5 години. Не беше ова никакво кршење правила туку прилика која можат сите клубови да ја искористат.

Единствена истрага против Челзи е за некои неправилности од времето на Роман кои новите газди сами ги пријавиле кај УЕФА и ПЛ кога го превземаа клубот. Со УЕФА се спогодија лани, од ПЛ уште истражуваат ко што знам.
Види, истово може да го кажуваат или го кажуваа фановите на Барса пред 7-8 години. Исходот го видовме, почнаа свадби да организираат за да можат некое евро плус да приберат у каса. Ај ќе видиме и за Челзи, ќе покаже времето, мада после менување на газда, долгови, трансфер банови, ти да потрошиш толку за нецели 4 години не ми е баш верно дека е све регуларно ама ајде. Небитно, да не беше сезонава титулата во ЛК со оглед на потрошените пари имаат фијаско од сезони во пост Роман ерата.
 
Да, ќе видиме за тоа понатаму. Поентата ми беше само дека тие работи за кои зборевте не беа нелегално направени. Дефинитивно превземаа огромен ризик и ако доволно од играчите не се развијат во играчи со кои ќе освојуваат титули, ќе имаат проблеми. Иако еве гледаме дека не им е проблем да ги продаваат за профит.
За очекувањата поради потрошените пари би рекол не е исто да потрошиш билион на докажани играчи кои се спремни да победуваат сега и на таленти кои треба да се развиваат неколку години. Ако го направеа првото и ги имаа резултатите што ги имаат, клубот ќе беше повторно пред пропаст сега. Но, целиот план од старт беше инвестирање во најдобрите таленти со план за 3-4 години да можат да почнат да се натпреваруваат и да останат на тоа ниво (тука доаѓаат во игра долгите договори, нема Палмер за 2 години да може да одбие нов договор и да отиде за ништо).
 
Види, истово може да го кажуваат или го кажуваа фановите на Барса пред 7-8 години. Исходот го видовме, почнаа свадби да организираат за да можат некое евро плус да приберат у каса. Ај ќе видиме и за Челзи, ќе покаже времето, мада после менување на газда, долгови, трансфер банови, ти да потрошиш толку за нецели 4 години не ми е баш верно дека е све регуларно ама ајде. Небитно, да не беше сезонава титулата во ЛК со оглед на потрошените пари имаат фијаско од сезони во пост Роман ерата.

Челси ги вади тоа што прават огромен обрт на пари со продажби, што го пумпа PSR-от. Имаат милион играчи што може да ги продадат во било кое време и да дојдат до пари. Ја средија структурата со плати, и имаат ниски договори со перформанси. Почетните плати се мали, но ако има титула, идат на високо ниво. Ако играчите добијат пари, ке добие и клубот, прост пример со париве од последниот куп. Како за крај, добро продаваат. Мадуеке, Џексон ке го увалат. Веига пред трансфер во Атлетико. Само од овие тројца ке соберат 120m минимум.

Верувам дека штом ке ги исправат ултра глупите трансфери како Феликс, Стерлинг, Мудрик, Нкунку, Фофана, дека веќе нема да прават трансфери каде што играчот на прва ке има висока плата.
 
Кој е бе овој Етиките и зошто вреди толку?
 
  • Љубов
Reactions: S.L
Кој е бе овој Етиките и зошто вреди толку?
Зш не им е хитно да го продаваат и таа цена му ја ставија, сакаш плати сакаш најди си друг играч.
 
Сега знам како се осеќаат челзијашите секое лето со трансфери :icon_lol:

Време е за Исак. Допаминот од трансферот на Екитике полека бледнее (не бев нешто многу за негов трансфер). Мора да го појачаме :icon_lol:
Откако го изедовте курат плеткајќи се околу Каиседо, види сега како не се заебавате. :D
Не ви требал Каиседо, Лавиа ви бил прв пик па се уплеткавте и во Каиседо да накачите цена и на крај останавте со курот во раце, ни Лавиа ни Каиседо, видиш како учите од најдобри сега. Њукасл не им пушташе за Исак, им се уплеткаа во Етикики, сега им го зедовте и него и Исак ќе им го лапнете.
You are welcome :noze:
 
За Лавиа не сум сигурен дека бил некаков пик. Да го сакаа ќе го собереа со повреме.
Каиседо очигледно бил цел ама тогаш лузерот Клоп се расправаше со тие работи затоа и ја заебаа работата :icon_lol:
Сега Едвардс е назад заедно со Хјуз и цела екипа. Нема веќе заебавање.
Ливерпул прво добива зелено светло од играчот после договара со клубот. Со Каиседо обратно направија и затоа таков беше исходот. Клоп направи добри работи ама нанесе и штета на клубот со глупостите негови па можеби и добро е што си отиде.

Структура на клуб/спортски директори, скаути, дата >>>> тренер.
Многумина нема да се сложат ама баш така е.
Колку и да е добар тренерот, ако цела моќ е кај него, кога ќе си оди следува распад систем како во Јунајтед после Фергусон.

Клоп почна да станува многу моќен и затоа си отидоа Едвардс, Ворд, Грем, итн.
Му даде голема власт и му препушти тренинзи и припреми на Пеп Лијндерс кој лани попи отказ од Салцбург, а сега е помошник на Гвардиола. Таман да ги упропасти и нив :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom