Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Не се ни клубовите глупи, гледаат дека ги зимате играчите на позајмица и им ги враќате, односно не ги откупувате. Ептен Амди Бајрам потези со позајмициве, па затоа (според мене) за тоа вле гледаат ко последна опција. Исто ќе биде и со Рафиња, зошто прочитав дека пак сакате позајмица, па ќе проба Барса да го ували некаде до крај на преоден, ако не успее а не им треба, ќе ви го дадат пак вас (ако сеуште го сакате/имате потреба од него).
Не знам сеа, да не се правам ко што викаш Амди Бајрам, ама мислам дека со секој клуб може да падне договор “под маса“, на пример го зимаат сега Малколм на позајмица со можност за откуп, ама на страна да договорат следното лето сепак да го откупат, нели за да влезе во следната фискална година, како му доаѓа таму. Така мислам и со Гаљардини направивме, па си го откупивме после позајмицата.

А за Рафиња мислам дека во право е Интер, претеруваат овие од Барса, бараат 30 и кусур милиони за играч кој се враќа од две посериозни повреди една по друга, треба и тоа да го имаат во обзир. Мада, ко што рече и ти, можно е на крај да не се најде купец зашо не е никој будала да фрли 30-40 милиони за играч после две такви јаки повреди, па пак да дојде во Интер на позајмица. Нашиве ако добро видов сакаат пак позајмица ама со облигативен откуп следното лето, што не е лоша опција за двете екипи штакурац.
 
Па ако го немаш следено цела сезона како може да пишуваш за некој играч?


Sent from my Mi A1 using Tapatalk

Па кога и да пуштев Милан паѓаше гол по глупост на Бонучи, неколку натпревари имав изгледано и на сите тие Бонучи беше катастрофален , дали е флоп или не вие си знајте


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Челзи, Атлетико Мадрид, Сент Етиен, Бордо, Брест...девојче ти очигледно имаш превишок слободно време. :)
Да не додавам ама буквално за кој и да е играч, да излези шпекулација за некаде, ти имаш експертиза. Без разлика дали игра во прва лига во Малта или во Примера.

ми се можи


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Не викам само ПЛ да пратиш ама не можам да разберам како може 100 лиги да се пратат и уште сигурен да си во перформансите на еден играч.

Знаеш Лингард какви голчиња стегна сезонава, ехеее :) а реален муабет повеќе од скуад плеер не е. Затоа штом и Баерн и Арсенал и МЈ беа поврзувани со Малком а не потегнаа за нешто повеќе, мене ми кажува многу, не може скаути на 3 вакви клубови да се грешка дека не е подготвен за во топ клуб.

јас реков дека е добар играч од она шо го имам виденоне дека е екстра играч, и додадов на муабетот дека штом се заинтересирани повеќе клубови џа него ваљда виделе нешто во него, сигирно знаат поќе од кајгана форумџиите.
И да не пратам сто лиги,си следам Француско, Германско и Шпанско првенство, си имам неколку тимчиња интересни за следење и во слобдно време си ги пратам.
Пример не пратам серија А ама Аталанта и Сампдорија ми беа екипите кои си ги следев ланска сезона истото важи и за другите лиги :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Не се ни клубовите глупи, гледаат дека ги зимате играчите на позајмица и им ги враќате, односно не ги откупувате. Ептен Амди Бајрам потези со позајмициве, па затоа (според мене) за тоа вле гледаат ко последна опција. Исто ќе биде и со Рафиња, зошто прочитав дека пак сакате позајмица, па ќе проба Барса да го ували некаде до крај на преоден, ако не успее а не им треба, ќе ви го дадат пак вас (ако сеуште го сакате/имате потреба од него).
Искрено, јас не знам зошто повеќе клубови не се нафаќаат. Сметај дека станува збор за платена едногодишна позајмица, најчесто околу 5-10 милиони. Единствен ризик за клубот што дава на позајмица е дека вредноста на играчот за една година нема да падне повеќе, од тоа што е платено за позајмицата. Ако играчот е релативно млад и има потенцијал, тогаш и после една година може да му извадат солидна сума, со која нема да бидат во загуба. Сумата за позајмицата може да се зголемува, во зависност од тоа колку клубот што продава сака да се обезбеди од ризикот дека играчот ќе биде комплетно срање. Плус, сумата што им ја даваат за позајмица, би требало да им биде некаква гаранција дека Интер ќе го откупи играчот.
Мислам дека ваквите дилови се поризични за Интер. Единствено добра опција за нив е, и играчот да има фудбалски добра сезона, што ќе ја оправда сумата за позајмицата и вредноста на играчот да порасне доволно за да бидат во состојба да го купат. Ако им се погоди само играчки, а Интер не може да го откупи на крај, тогаш значи дека само ја кренале вредноста на играчот за друг тим, кој тоа ќе го наплати Во тој случај само искористиле, толку колку што платиле, а кајмакот го собира некој друг. Другата ситуација е, играчот да нема добра сезона и Интер да ја фрлил сумата за позајмица во вода, без да го има играчот со неговата resale вредност.

Единствено, ако тимот што продава мора да купува замена со парите од продажбата, или ако веруваат дека ова е максималното ниво што може играчот да го постигне, па гледаат да го искористат моментот, или да се ограничени со ФФП или слично. Ја не гледам друга причина за неприфаќање, за вакви играчи што вредат 30-40 милиони евра.
Имај во предвид дека Рафиња и Кансело не беа платени позајмици, барем колку што ја знам. А и пак, Барселона и Валенсија воопшто не излегоа оштетени од целиот трансфер. И двата клуба добија, Интер доби играчи што им помогнаа за место о ЛШ, Валенсија доби играч што го продаде за 40 милиони, кој лани беше скоро 3-та опција на десен бек и за кој максимум добиваа понуди за позајмици, а Барса доби назад играч што се враќаше од сериозна повреда, кој сега има солидна полусезона во нозе, каде играше редовно и играч за кој сега комотно може да бара 35 милиони.
 
BREAKING: Ante Rebic's agent Fali Ramadani has cut his holidays short in Italy and flew to Germany to conduct talks with FCBayern over his client. Frankfurt are claimed to ask for between €40m & €50m. Bayern trying to overtake Man Utd who are also interested.

Според Педула тоа. Демек блиски биле Педула и Рамадани. Според мене добар е играчот, се подобри последнава сезона, еве се виде и на СП, но мислам дека не е за во Баерн. Плус па и околу 40 мил. ми се чинат многу.
 
Искрено, јас не знам зошто повеќе клубови не се нафаќаат. Сметај дека станува збор за платена едногодишна позајмица, најчесто околу 5-10 милиони. Единствен ризик за клубот што дава на позајмица е дека вредноста на играчот за една година нема да падне повеќе, од тоа што е платено за позајмицата. Ако играчот е релативно млад и има потенцијал, тогаш и после една година може да му извадат солидна сума, со која нема да бидат во загуба. Сумата за позајмицата може да се зголемува, во зависност од тоа колку клубот што продава сака да се обезбеди од ризикот дека играчот ќе биде комплетно срање. Плус, сумата што им ја даваат за позајмица, би требало да им биде некаква гаранција дека Интер ќе го откупи играчот.
Мислам дека ваквите дилови се поризични за Интер. Единствено добра опција за нив е, и играчот да има фудбалски добра сезона, што ќе ја оправда сумата за позајмицата и вредноста на играчот да порасне доволно за да бидат во состојба да го купат. Ако им се погоди само играчки, а Интер не може да го откупи на крај, тогаш значи дека само ја кренале вредноста на играчот за друг тим, кој тоа ќе го наплати Во тој случај само искористиле, толку колку што платиле, а кајмакот го собира некој друг. Другата ситуација е, играчот да нема добра сезона и Интер да ја фрлил сумата за позајмица во вода, без да го има играчот со неговата resale вредност.

Единствено, ако тимот што продава мора да купува замена со парите од продажбата, или ако веруваат дека ова е максималното ниво што може играчот да го постигне, па гледаат да го искористат моментот, или да се ограничени со ФФП или слично. Ја не гледам друга причина за неприфаќање, за вакви играчи што вредат 30-40 милиони евра.
Имај во предвид дека Рафиња и Кансело не беа платени позајмици, барем колку што ја знам. А и пак, Барселона и Валенсија воопшто не излегоа оштетени од целиот трансфер. И двата клуба добија, Интер доби играчи што им помогнаа за место о ЛШ, Валенсија доби играч што го продаде за 40 милиони, кој лани беше скоро 3-та опција на десен бек и за кој максимум добиваа понуди за позајмици, а Барса доби назад играч што се враќаше од сериозна повреда, кој сега има солидна полусезона во нозе, каде играше редовно и играч за кој сега комотно може да бара 35 милиони.

Убаво си образложил ама не се слагам, затоа што позајмица одговара за млади играчи на кои што им треба гејм тајм, за да стекнат искуство и да си ги вратиш у тим. Вака со Рафиња, кој што веќе е етаблиран, гледаат да го продадат, зошто сакаат ваљда парите да си ги реинвестираат на друго место.
 
Мене овој Ребич ми е дно од играч, борбен и трча многу да, ама другото е се сиромашно.

И јас тоа викам. Борбен и трча многу и ќе помага и назад (баш за Мурињо тим :D) ама завршницата не му е баш јака страна. Е сеа дно играч никако не е. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom