Искрено, јас не знам зошто повеќе клубови не се нафаќаат. Сметај дека станува збор за платена едногодишна позајмица, најчесто околу 5-10 милиони. Единствен ризик за клубот што дава на позајмица е дека вредноста на играчот за една година нема да падне повеќе, од тоа што е платено за позајмицата. Ако играчот е релативно млад и има потенцијал, тогаш и после една година може да му извадат солидна сума, со која нема да бидат во загуба. Сумата за позајмицата може да се зголемува, во зависност од тоа колку клубот што продава сака да се обезбеди од ризикот дека играчот ќе биде комплетно срање. Плус, сумата што им ја даваат за позајмица, би требало да им биде некаква гаранција дека Интер ќе го откупи играчот.
Мислам дека ваквите дилови се поризични за Интер. Единствено добра опција за нив е, и играчот да има фудбалски добра сезона, што ќе ја оправда сумата за позајмицата и вредноста на играчот да порасне доволно за да бидат во состојба да го купат. Ако им се погоди само играчки, а Интер не може да го откупи на крај, тогаш значи дека само ја кренале вредноста на играчот за друг тим, кој тоа ќе го наплати Во тој случај само искористиле, толку колку што платиле, а кајмакот го собира некој друг. Другата ситуација е, играчот да нема добра сезона и Интер да ја фрлил сумата за позајмица во вода, без да го има играчот со неговата resale вредност.
Единствено, ако тимот што продава мора да купува замена со парите од продажбата, или ако веруваат дека ова е максималното ниво што може играчот да го постигне, па гледаат да го искористат моментот, или да се ограничени со ФФП или слично. Ја не гледам друга причина за неприфаќање, за вакви играчи што вредат 30-40 милиони евра.
Имај во предвид дека Рафиња и Кансело не беа платени позајмици, барем колку што ја знам. А и пак, Барселона и Валенсија воопшто не излегоа оштетени од целиот трансфер. И двата клуба добија, Интер доби играчи што им помогнаа за место о ЛШ, Валенсија доби играч што го продаде за 40 милиони, кој лани беше скоро 3-та опција на десен бек и за кој максимум добиваа понуди за позајмици, а Барса доби назад играч што се враќаше од сериозна повреда, кој сега има солидна полусезона во нозе, каде играше редовно и играч за кој сега комотно може да бара 35 милиони.