Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Атлетико се доста активни на пазарот ова лето, што е и очекувано со оглед на тоа што полека треба да се прави смена на генерации на некои позиции таму. Ќе видиме како ќе се вклопат во тимот новите играчи, меч со две острици е купување на голем број играчи во еден трансфер период.
Па пола тим си отиде, секако мораше да купуваат.
 
Па пола тим си отиде, секако мораше да купуваат.
Да да, јасно. Муабетот ми беше да не се заебат како Тотенхем кога го продадоа Бејл и го заменија со еден куп лоши трансфери. Што е до мене, јас би сакал силен Атлетико кој би се вклучил во борба за титулата во Шпанија, да не биде шпанската лига како лани.
 
Ми го зеде зборот, пола тим си отиде мораше да пазарат, за Хуанфран, Годин и Фелипе прашање на време беше кога ќе си заминат, ако не оваа сезона другата сигурно. Си заминаа клучни играчи како Лукас Родри и Гризман, е овие ќе видиме како ќе се заменат.
Добро е шо засега пазарат одлично, млади и талентирани играчи како Феликс, Љоренте, Лоди, Хермосо со доаѓањето на Хамес ќе добијат уште еден квалитетен играч, имаат и искусни играчи како Коке, Коста, Савич па и Саул. Јас сум презадоволна како се одвиваат работите, едвај чекам да почни сезоната па да видиме шо е како е[DOUBLEPOST=1563708825][/DOUBLEPOST]
Да да, јасно. Муабетот ми беше да не се заебат како Тотенхем кога го продадоа Бејл и го заменија со еден куп лоши трансфери. Што е до мене, јас би сакал силен Атлетико кој би се вклучил во борба за титулата во Шпанија, да не биде шпанската лига како лани.
Ако функционира ВАР како лани тешко таа работа :)
 
Наводно А.Силва блиску до Монако за 30 милиони сосе бонуси.
 
Спукана е многу работата. Малце е чудно, повеќе ми се глеа дека ја имаат спукано со неговиот агент отколку со играчот. Зашто сите тие изјави што излагаа, излагаа од неговиот агент. Зидан сам кажа дека не планира на Бејл сезонава, но дека има почит према играчот.

Како и да е, кажав и претходно најубаво за сите страни ќе биде ако Бејл си најде нова средина. Има уште фудбал ваљда во играчов и штета ќе биде ако не искористи уште 3-4 сезони врвен фудбал.

И неговиот агент потврди дека работат моментално на продажба на Бејл.

 
Шо ти реков јас :)
За А.Силва воопшто не ми е чудно. Има некој квалитет ама едноставно не се труди доволно и тоа го кочи. Башка едноставно не му се игра за Милан.
Ми нема логика и Кутроне исто да го продадат кога се во дефицит на напаѓачи.
 
За А.Силва воопшто не ми е чудно. Има некој квалитет ама едноставно не се труди доволно и тоа го кочи. Башка едноставно не му се игра за Милан.
Ми нема логика и Кутроне исто да го продадат кога се во дефицит на напаѓачи.
Ќе купат замена сигурно имаат алтернатива ако си заминат и двајцата.
 
Бејл ја доби бараната шанса што ја чекаше во Реал од доаѓањето на Роналдо...а таа беше со неговото заминување..
Лани овој период сите весници и сите фактори у Шпанија му дадоа целосна поддршка и го најавија како новиот лидер на тимот..дека кога си оди Роналдо сега тој конечно ќе излезе од сенката и дека ќе се прикаже во право светло и ќе биде лидер на нов Реал...

Наспроти тоа, тој почна голф да игра....почна со провокациите со голфот и слично..
Колку и изјавата дека ќе игра голф 3 години додека не му истече договорот е измислена, сепак самиот тој си направи да стигне до тоа ниво да никој од фановите не го сака..
А тоа беше со објавувањето на сликите со играње голф..башка и една повреда му беше од играње факинг голф...

Тимот губи утакмица, сите анализи прават , барат кривци, а овој следниот ден поставува слика со Тајгер Вудс и му посакува среќа и ред други провокации што ги направи..
(зидан го најавуват нов тренер, сите играчи му посакуваат добредојде, овој слика од голф и дека се релаксира)...
Па фала богу неможеш да бидеш ти по курназ од тренерот, а и тренерот не е Гравесен, туку фкинг Зидан...


Згора на тоа...играч со 6 сезони мислам во Реал, и да не знае 1 ЗБОР ШПАНСКИ да гекне....што очекуваш...тука се гледа препотентноста и идиотизмот во играчот..
Значи ако сакаш да напредуваш во тимот, и ТИМОТ да функционира подобро, мора да знаеш барем да се поздравиш, а не да те ебават играчите на интервју дека со гестови комуницираат со тебе после 6 години..

Кубо , младио меси шо го викат, земал интензивен курс за јазик и за 6 месеци си разговара со репортер како шпанец, а овој бикот само мршти веѓи...

Све на све...самиот Бејл си го направи тоа..сигурно ако играше и се залагаше да Реал постигнува подобри резултати немаше да дојде до оваа...никоја екипа ни тренер не може да избрка играч ако тој е предобар за тимот...
И да...за сите тие работи, Бејл беше платен 30 мил евра од сезона..И на сетоа тоа, последното во последното интервју се жалеше како фудбалерите биле машини и се им било диктирано, додека во голфот не било така..сам си си го правил распоредот и си имал повеќе слобода...
толку. :D
 
Само незз кај ќе го продадат, и тој агентот курназ нигде не му е по мерка. Башка платата мн кочи. У некоја фејк трампа Бале плус 50 милки за Ериксен ќе испадне на крај :icon_lol:
 
Само незз кај ќе го продадат, и тој агентот курназ нигде не му е по мерка. Башка платата мн кочи. У некоја фејк трампа Бале плус 50 милки за Ериксен ќе испадне на крај :icon_lol:
70m + Bale :D
 
Ќе купат замена сигурно имаат алтернатива ако си заминат и двајцата.
Едино ако го земат Кореа за слична сума околу 30тина милиони со бонуси до кај 35. Тоа ми е многу поверојатно него сума од 55 милиони.
 
Вака така пола играчи ради Зидан ќе си одат, Бејл, Хамес, Љоренте ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom