Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Набил Фекир од Лион во Бетис за 20+10 во бонус. Да потсетиме дека лани пропадна трансфер во Ливерпул од 60 милиони пораи тоа што не помина медицински прегледи. Мислам дека уште не е официјален трансферов.

Ло Селсо оди во Тотенхем за 65 милиони а со тие пари си го купија Педраза од Виљареал, Фекир и ваљда уште еден центарфор.:drk::drk::drk::drk:
1563815435962.png
 
Добар играч ама има хронична повреда, арно и се нафатил некој да го купи со оглед на тоа шо 5 натпревари игра 10 не игра, ако успее да остани здрав во Бетис ќе биди топ засилување, ех да имаа моќ да го задржат и Ло Селсо со едно засилување во нападот пример Иглесијас ќе беа оган ама и вака ќе ги ишлапаат Реал и Барса а и нас нема да не поштедат :)
 
Обединети немаат десно крило... како ќе им легне една трампа за дабингмастерот :icon_lol:

Нема проблем. Манчестер ќе го трампа еден од најдобрите играчи од среден ред во светот во најдобри години, за играч кој го помина зенитит и кој изгледа нема повеќе никаков интерес за фудбал. Може во знак на добра волја и да го испрати во Мадрид Ван Бисака во замена за Хамес кој како евтина ороспија го нудат по Европа, или за Иско кој со доаѓањето на Азар ќе биде седма резерва.

Никаков проблем ќе нема околу овие трампи, само факсот да не се расипе.
 
Добар играч ама има хронична повреда, арно и се нафатил некој да го купи со оглед на тоа шо 5 натпревари игра 10 не игра, ако успее да остани здрав во Бетис ќе биди топ засилување, ех да имаа моќ да го задржат и Ло Селсо со едно засилување во нападот пример Иглесијас ќе беа оган ама и вака ќе ги ишлапаат Реал и Барса а и нас нема да не поштедат :)
29 утакмици одиграл во лига минатава сезона, плус куп и ЛШ/ЛЕ. Значи пак само тропаш безвезе без да провериш прво.
 
Според мене исплатлив ризик е Фекир за големите тимови. Има голем квалитет. И нас ни фали таков играч, на Арсенал исто. Ливерпул можеше пак да се замеша. Атлетико му треба таков играч, па и Интер. И Баерн би го ставил во овој круг. За 30м во денешно време е исплатлив ризик.
 
Реално никој тука го нема видено Фекир како игра, така да и мислам не е само повредата него има нешто и до неговите играчки квалитети
 
Рајан Сесењон за 22,5 милиони во Тотенхем. Одлична замена за Роуз. Штета што и Астон Вила не остана во Чемпионшип, па да го соберевме Грилиш.
 
Реално никој тука го нема видено Фекир како игра, така да и мислам не е само повредата него има нешто и до неговите играчки квалитети

Фекир беше оган и пламен кога играа заедно со Лаказет, арно ама овој го сјеба здраво коленото и затоа му е цената таа каква му е.
 
Нема проблем. Манчестер ќе го трампа еден од најдобрите играчи од среден ред во светот во најдобри години, за играч кој го помина зенитит и кој изгледа нема повеќе никаков интерес за фудбал. Може во знак на добра волја и да го испрати во Мадрид Ван Бисака во замена за Хамес кој како евтина ороспија го нудат по Европа, или за Иско кој со доаѓањето на Азар ќе биде седма резерва.

Никаков проблем ќе нема околу овие трампи, само факсот да не се расипе.
Па и ваков умрен Бејл е далеку поконстантен од дабинг папагалот :icon_lol:
 
29 утакмици одиграл во лига минатава сезона, плус куп и ЛШ/ЛЕ. Значи пак само тропаш безвезе без да провериш прво.
За минатата сезона сезона а пред таа сезона кога отсуствуваше пола сезона, пред тоа исто скоро цела сезона ја пропушти, не знам дали јас тропам или ти
 
Па и ваков умрен Бејл е далеку поконстантен од дабинг папагалот :icon_lol:

Нема грешка. Во овој момент соодносот на цените на едниот и другиот е 3/1 во корист на Погба. Трампа, нема проблем. Навивачите на Барса и Реал на форумот се како удрени со воден чорап по глава. Толку немање смисла за реалност ретко се гледа. Во нивните фан клубови вака одат муабетите: Да им го понудиме Ракитич за Нејмар на ПСЖ и да ни доплатат 40 милиони, одлична понуда, сигурно ќе ја прифатат.

На тоа ниво отприлика е и муабетот за трампата на Погба со Бејл.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom