Фудбал - генерална дискусија

Ќе ги спојат септемвриската и октомвриската репрезентативна пауза. Односно, место да има две паузи, на почеток на двата месеца, како што е обично, оваа од септември ја ставиле на крај.

Може ќе биде ептен долга пауза, ама од друга страна нема да ги сецкаат два пати. Искрено, не знам што е подобро.
 
Со 64 тима можи и Македонија да ја видиме на светско.

Прво да видиме колку репки од Европа ќе учествуваат. Второ сите 6 домаќини дирекно ќе се пласираат или како за европското во Британија ќе играат квалификации ?
 

Не сум сигурен на каде тера италијанската репрезентација и италијанскиот фудбал во целина.
 
Не дека е нешто полошо решение Пирло од Конте или Манчини.

Ова може да го пише само некој кој гледа Серија А еднаш-двапати годишно.
Пирло не е ниту топ 10 италијански менаџери а не па да се споредува со некој како Конте.
 
Ова може да го пише само некој кој гледа Серија А еднаш-двапати годишно.
Пирло не е ниту топ 10 италијански менаџери а не па да се споредува со некој како Конте.
Дури и да не гледа Серија А, доволно е да види дека Конте има 5 пати Серија А освоено и еднаш Премиер Лига, а Манчини има освоено европско со Италија, покрај титулите со Интер и Сити.

Од друга страна Пирло има една голема нула и искуство од една просечна сезона во Јувентус и нешто во Сампдорија.

Пирло беше класа играч, може и како тренер да го биде, ама на оваа распадната Италија тоа е најмалку што им треба.
 
Од друга страна Пирло има една голема нула и искуство од една просечна сезона во Јувентус и нешто во Сампдорија.

Вреди да се напомене дека таа сезона со Сампдорија беше во Серија Б и не обезбеди пласман иако беа фаворити тогаш за да се вратат. Тек на почеток на наредната сезона го избркаа заради мизерни резултати а таа сезона Сампдорија едвај се спасија за опстанок во Серија Б иако повеќе од пола тим беа играчи со искуство во Серија А.
Еден Пипо Инзаги што водеше претежно мали клубови има подобро сиви од Пирло.
Очигледно е дека е ова избор базиран на репутација и лични пријателства, ама нема логика на толку избор да се замени Гатузо со веројатно уште полош тренер во ситуација кога немаат простор за нова бламажа.
 
I taka ne mozat plasman za svetsko da fatat, taman im e Pirlo.
 
Да не се којат в дуп овие двата, немам друго објаснување за ова.
Спортскиот директор Малдини е посебна приказна, нема никаква допирна точка со легендарниот фудбалер Малдини.
 
Едни исти 5-6 тренери кои се вртат цело време во Серија А и се ротираат во сите клубови, сега истото ќе го прават и во репрезентацијата. Конте и Манчини.....
Океј, имале успех некогаш, ама ако сакаат успех не може едни исти имиња вечно кредити да имаат на стара слава. Ако одиме по таа логика, нека го вратат Марчело Липи од пензија, со него последен пат личеа на сериозна репрезентација.

Има Манчини освоено европско, ама истиот Манчини беше нокаутиран од Македонија среде Палермо.
 
Back
На врв Bottom