Фудбал - генерална дискусија

Ќе ги спојат септемвриската и октомвриската репрезентативна пауза. Односно, место да има две паузи, на почеток на двата месеца, како што е обично, оваа од септември ја ставиле на крај.

Може ќе биде ептен долга пауза, ама од друга страна нема да ги сецкаат два пати. Искрено, не знам што е подобро.
 
Со 64 тима можи и Македонија да ја видиме на светско.

Прво да видиме колку репки од Европа ќе учествуваат. Второ сите 6 домаќини дирекно ќе се пласираат или како за европското во Британија ќе играат квалификации ?
 

Не сум сигурен на каде тера италијанската репрезентација и италијанскиот фудбал во целина.
 
Не дека е нешто полошо решение Пирло од Конте или Манчини.

Ова може да го пише само некој кој гледа Серија А еднаш-двапати годишно.
Пирло не е ниту топ 10 италијански менаџери а не па да се споредува со некој како Конте.
 
Ова може да го пише само некој кој гледа Серија А еднаш-двапати годишно.
Пирло не е ниту топ 10 италијански менаџери а не па да се споредува со некој како Конте.
Дури и да не гледа Серија А, доволно е да види дека Конте има 5 пати Серија А освоено и еднаш Премиер Лига, а Манчини има освоено европско со Италија, покрај титулите со Интер и Сити.

Од друга страна Пирло има една голема нула и искуство од една просечна сезона во Јувентус и нешто во Сампдорија.

Пирло беше класа играч, може и како тренер да го биде, ама на оваа распадната Италија тоа е најмалку што им треба.
 
Од друга страна Пирло има една голема нула и искуство од една просечна сезона во Јувентус и нешто во Сампдорија.

Вреди да се напомене дека таа сезона со Сампдорија беше во Серија Б и не обезбеди пласман иако беа фаворити тогаш за да се вратат. Тек на почеток на наредната сезона го избркаа заради мизерни резултати а таа сезона Сампдорија едвај се спасија за опстанок во Серија Б иако повеќе од пола тим беа играчи со искуство во Серија А.
Еден Пипо Инзаги што водеше претежно мали клубови има подобро сиви од Пирло.
Очигледно е дека е ова избор базиран на репутација и лични пријателства, ама нема логика на толку избор да се замени Гатузо со веројатно уште полош тренер во ситуација кога немаат простор за нова бламажа.
 
Back
На врв Bottom