Фудбал - генерална дискусија

Интересно, ниеден наш тв канал не ја дава сега Шкендија, која се бори за бодови во Конференциска лига....дали е нешто со тв правата, не знам......србите на Арена ги бутаат нивните домашни лигашки натпревари
...а дава албански и косовски канал
 
Последно уредено:
Премногу е роботизиран фудбалот во моментов, нема никаква импровизација, никаква слобода немаат играчите, нема никаков surprise фактор. Играта е како да е цртана со ленир и имаш чувство како да го гледаш истиот натпревар одново и одново. Не се превзема никаков ризик, се е како што е нацртано од тренерот.

Овие foot апликации дополнително му ја ебаа мајката на играта. Сега се е рејтинзи, кој имал најточни пасови, најмалку шутеви, најпрецизни центаршути, се роботски. Ќе има некој играч висок рејтинг затоа што имал најмногу прецизни пасови, а 95% од тие пасови се до играчот до него, или ќе го нема цел меч, ама ќе даде некој гол и одма рејтингот му оди во вис. Најлошо е што играчите знаат дека сега нивната игра се мери по овие глупи апликации и затоа играат на сигурно, се адаптираат на новите критериуми за оценување на тоа кој е подобар фудбалер.

За мене лично најдобра ера за фудбалот беше во 2000тите, можеби е носталгија, но лично за мене беше убедливо најзабавна ера. Таа ера имаше перфектна комбинација, спој од стариот шмек на фудбалот и модерното време. Перфектна доза. Се беше добро во тоа време, дури и дресовите имаа најголем шмек.
Фудбалот беше доволно унапреден тактички, ама се уште играчите имаа слобода да направат импровизација на некој натпревар. Секоја лига имаше свој шмек поради кој вредеше да се следи, секоја екипа имаше минимум по тројца играчи за кој вредеше да се следат, ривалствата беа вистински.

Најразновиден тип на играчи, сакаш играчи кои можат да дадат гол од далеку ги имаш Џерард, Лампард, Бекам, Деко, Пирло, Сидорф, Рекоба, Адријано, Сколс, Чави, Чаби Алонсо, Ибрахимовиќ, Тоти, Дел Пиеро, Недвед и тн, само за слободни удари имаше беше страшна конкуренцијата. Имаше дриблери како магионичари како Роналдињо, Анри, буквално се и сешто имаше во тоа време. Скоро секое коло имаше по некој спектакуларен гол од секоја лига.

Батево има најдобро објаснето за таа ера:
 
Брзо ќе прејде во отворен расизам темава, осеќам.
Шифрирано ќе кажуваме дека силата и брзината ја уништува убавината, ама знаеме кај ќе се заврши сѐ :icon_lol:
 
Барела :pos:

Нејмар, Де Брујне ок али Мбапе у листата да го ставиш....

И уште еднаш Барела го пиша со цел памет :pos:
Што е смешно за Барела? Топ 5 везњаци у свет последни 5 години, не знам што е толку смешно. Мбапе зашто сум го стаил? Сериозен си? Треба сеа да ти објаснувам Мбапе кој е? Што на 23 години има подобра кариера од Верон и Рикелме заедно? Бог да чува еј.
Автоматски споено мислење:

Не е смешно, може секакви споредби да се прават, зависи која мерна единица ја користиш. Ако е атлетицизам, да, отиден е напред, се трча повеќе. Дали е тоа мерило за тоа колку добар фудбал гледаме? Ако да, во ред. Ако е поентата дека денешните екипи би ги надтрчале екипите од минатото, веројатно да, не го спорам тоа.

Но дали тебе како гледач тоа ти причинува најголемо задоволство кога гледаш фудбал, или е нешто друго?
Во секоја смисла на зборот е подобар денешниот фудбал во однос на оној пред 20 години, тактички, технички, физички, атлетски, што сакаш земи. А за вкусови не се разговара, за тоа ќе се сложиме верувам.
 
Што е смешно за Барела? Топ 5 везњаци у свет последни 5 години, не знам што е толку смешно. Мбапе зашто сум го стаил? Сериозен си? Треба сеа да ти објаснувам Мбапе кој е? Што на 23 години има подобра кариера од Верон и Рикелме заедно? Бог да чува еј.
Автоматски споено мислење:

Во секоја смисла на зборот е подобар денешниот фудбал во однос на оној пред 20 години, тактички, технички, физички, атлетски, што сакаш земи. А за вкусови не се разговара, за тоа ќе се сложиме верувам.
Постот не беше за кариера туку за калап на фудбалери.

Рикелме е бог на фудбалот за Мбапе, ако праиме муабет за техника со топка.

Ок Мбапе е светски спринтер и поголем професионалец, и затоа е у најдобри играчи денес.

Барела може е у топ 5 денес, али у поглед на техника би бил смешен да се спореди со фудбалери како Рикелме, Пирло, Сколс, Сидорф, Руи Коста итн...
 
Во секоја смисла на зборот е подобар денешниот фудбал во однос на оној пред 20 години, тактички, технички, физички, атлетски, што сакаш земи. А за вкусови не се разговара, за тоа ќе се сложиме верувам.
Тешко дека е технички подобар.
 
Брзо ќе прејде во отворен расизам темава, осеќам.
Шифрирано ќе кажуваме дека силата и брзината ја уништува убавината, ама знаеме кај ќе се заврши сѐ :icon_lol:
tenor.gif
Во секоја смисла на зборот е подобар денешниот фудбал во однос на оној пред 20 години, тактички, технички, физички, атлетски, што сакаш земи. А за вкусови не се разговара, за тоа ќе се сложиме верувам.
Никаде не реков дека за вкусови не се разговара. Затоа те прашав, што ти причинува тебе задоволство кога гледаш, дали статистиката, трчањето, пасовите... тоа ти е најважно? Дали е подобро што трчаат како волови 90 минути а најголем број од головите се тап-ин. Колку голови паѓаат од слободен удар или надвор од 16 метри? Колку напаѓачи има кои одат сам против сите? Колку играчи заради кои вреди да се купи карта постојат денес?

Еве ти и јас навиваме за Интер и во последниве години имаме тим кој е релативно успешен и дома и надвор. Дали ти причинува повеќе задоволство да го гледаш овој Интер со оваа уредена игра, или Интер со Роналдо, Рекоба, Џоркаеф па Виери, Креспо, Адриано... јас уживав во тој Интер повеќе и од Интер кој ја освои триплетата со организирана и дисциплинирана игра со Жозе.

Фудбалот на крајот на краиштата треба да донесе емоции, пресврти, невозможни голови... тоа што некој може да истрча повеќе никогаш нема да го направи подобар фудбалер од играчи кои имаа потези да те извадат од памет.

Но се ова да тргнеме на страна затоа што и не ми беше муабетот носталгија и докажување дека фудбалот порано бил подобар или поубав од фудбалот сега. Мислам дека и денес фудбалот може да биде убав, но потребна е промена во размислувањето, потребно е да им се дозволи креативност на играчите од среден ред и слобода да грешат на напаѓачите. Кога играш фудбал во кој имаш 3-4 сериозни шанси по натпревар, напаѓачот е виновен за секое промашување. Како да е негова вина што нема никаква креативност и мора да ги претвори сите шанси во гол. Ме потсети ова на документарецот со Бекам кога отиде во Реал, и на првенствен натпревар примаат брз гол, одат на центар, Роналдо и Раул се смеат. Него не му је јасно зошто се смеат, тие му викаат не се секирај, ќе дадеме неколку гола.

Се согласувам со постот на @Tyler Durden, веројатно не постои подобра ера за фудбал од 2000-те, можеби и последните години од 90-те. Барем кога се однесува на топ лигите и ЛШ, додека за источно и централно европските земји сонцето зајде на почетокот на 90-те, пред тоа имаа и тие во што да уживаат.
 
Ме потсети на Рекоба, што исто за Мбапе или било кое циганче денес што трча 100 метра за 10 секунди беше бог, али други времиња беа тоа...
 
Задоволство ми причинува она што веројатно и на 99% од луѓето им причинува, а тоа е голови и убава игра. Имам и јас доста замерки за денешниот фудбал, меѓу тоа муабетот ми беше друг, т.е. одговор на твоето прашање дали фудбалот е напреднат и подобар во однос на порано, рецимо пред 20 години. Затоа ти пишав дека во секој аспект е подобар, е сеа дали тоа ми се допаѓа на мене или на тебе е сосема друг муабет.

Мене лично ако ме прашуваш јас не сум поборник на споредување на ери затоа што секоја ера е приказна за себе, на пример фасцинантно е како Пеле играл и давал голови во негово време, фасцинантно е и како Марадона имал онаква техника и контрола на топката по калосаните терени низ Италија и Европа, фасцинантно е и она што го правеше Роналдињо неколку сезони, онаа магија што ја имаше во нозете, фасцинантно е и она што го направија и се уште во прават Роналдо и Меси, фасцинантно е она што сега го прават Халанд и Мбапе и да не набројувам натака, во сите овие приказни има посебна убавина. Замерки имам околу мекото судење и општо мекоста на играчите, за денес зборувам секако. Но, од техничко-тактички аспект верувај друга галаксија е 2025 во однос на пред 20тина години. Имаше еден краток клип, ќе се обидам да го најдам, од ПЛ каде е инсталирана камера на играчот и ги следи неговите движења, буквално нема ни секунда време да се ослободи од топката кога ќе прими пас, а тоа доволно кажува до каде е отиден фудбалот чим 20 играчи на теренот стигнуваат на секој дел од истиот во секое време.
Автоматски споено мислење:

Ме потсети на Рекоба, што исто за Мбапе или било кое циганче денес што трча 100 метра за 10 секунди беше бог, али други времиња беа тоа...
Рекоба да не беше без мозок можеше да биде еден од најдобрите во историјата со неговиот талент, али јебига. Како и да е, и ваков е легенда на Интер.
 
Имаше еден краток клип, ќе се обидам да го најдам, од ПЛ каде е инсталирана камера на играчот и ги следи неговите движења, буквално нема ни секунда време да се ослободи од топката кога ќе прими пас, а тоа доволно кажува до каде е отиден фудбалот чим 20 играчи на теренот стигнуваат на секој дел од истиот во секое време.
Брканица.
 
Фудбалот денес е апсолутно напреднат во секое поле. Физички, тактички, аналитички, инфраструктурно, па и ментално. Нема аспект што не е подобрен. Тоа што во 2000-те имало потехнички играчи не го прави фудбалот тогаш подобар, само поразличен.

Истото се дешава и со кошарката и НБА, спортовите еволуираат, стануваат посложени, побрзи, поточни, ама со тоа губат дел од хаосот што некогаш ги правел поинтересни за гледање. Напредок ≠ повеќе забава, едноставно е различен продукт.

Таа носталгија за 2000-те во голема мера е лична и нема врска со самиот фудбал. Ако денес, со сите обврски, стресови и проблеми што ги носи животот, се вратиш назад во 2000-те, нема да го гледаш фудбалот исто како кога си бил 20 годишен студент што за ништо не го болело курот. Едноставно со други очи си гледал фудбал тогаш.

Еве ја фан на Милан, прва утакмица што целосно ја изглеав у животов беше финалето во Истанбул 2005-та :ROFLMAO:. Дете у основно, не пратев нешто многу редовно после тоа, финалето во Атина го памтам поубаво, веројатно тој период и сезоната што следеше почнав да пратам бааги поредовно како што растев (глеам тогаш сум и регистриран на форумов). Средно и факултет ги фатив у минатава декада, мене таа ера ми е најдрага, тогаш го памтам фудбалот како најдобар, веројатно ради сите овие причини што ги спомнав горе. Освен 10/11, Милан дно пробиваше се повеќе и повеќе секоја наредна сезона у тој период, ама шо кур, јас глеав и убаво ми беше.
 
Што е смешно за Барела? Топ 5 везњаци у свет последни 5 години, не знам што е толку смешно. Мбапе зашто сум го стаил? Сериозен си? Треба сеа да ти објаснувам Мбапе кој е? Што на 23 години има подобра кариера од Верон и Рикелме заедно? Бог да чува еј.
Автоматски споено мислење:

Во секоја смисла на зборот е подобар денешниот фудбал во однос на оној пред 20 години, тактички, технички, физички, атлетски, што сакаш земи. А за вкусови не се разговара, за тоа ќе се сложиме верувам.
Јас како метузалем едно да ви кажам, џабе везете за атлетизам, Мбапеовци, ова она! Критериумите на судење се женски сега. Да е со критериумите од 70-90 година, Барела, Мбапе, Нејмарчиња, би биле просечни играчи. До седумдесетите во Англија и Шкотска, 90% од играчите ги немаа сите заби, па види ти Винициус :ROFLMAO: кај би бил во тој фудбал. Само на светско во Италија, Марадона има изедено повеќе ќотек од една цела лига од европските пет во денешно време.
Подобар фудбал не би се сложил. Кој може да најде како играл Бразил да речеме во 1982, со Сократес и компанија, па нека каже.
Сега стварно е сведено на атлетицизам, трчање, маркирање, тактики и толку. Ако тоа ти е убаво Ок, секој си има право на личен избор.
Освен голманот, другите се мање више исти, нема голема разлика. Убаво кажа некој, ќе се сведе на теркот на НБА, каде главни ќе бидат чукариња како Јанис или Ембид, кои во време на Меџик и Бирд ни 150 пик не би биле.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom