Нешто околу бојата на косата на девојката....
Русокоси, бринети или црвенокоси, одлучете сами!
Како што не треба да се суди за книгата според корицата, парфемот според боцата, филмот врз основа на насловот, така не треба да се суди ни по бојата на косата која ја носат девојките. Кога сме веќе кај ова не постои ниту еден научен доказ дека жените со природно светла коса не се подеднакво интелигентни како бринетите, на пример, ама прочуениот стереотип за глупавите русокоси тврдоглаво продолжува да живее. На мажите се уште им е полесно да ја прифатат како лежерна и растоварена, а дебелите девојки како весели личности. Откритието покажува дека разни стереотипи, од боја на коса до големината на градите имаат значајно влијание на перцепцијата на жената во друштвото. Можеби русокосите навистина подобро се забавуваат во животот ама тоа не им е од никаква помош во работата. Во едно истражување, од работодавците е побарано да ја прегледаат професионалната биографија со приложени фотографии за девојки кои се шефици. Освен што бринетите добиле повеќе гласови во однос на црвенокосите и русокосите, тие земаат и многу повисоки плати. Историски гледано, црвенокосите биле предмет на одушевување во Грција и Италија, глорификувана во поезијата на Стара Грција и чест извор на инспирација на сликарите, посебно кај Тицијан. Сепак во другите делови на Европа црвенокосите предизвикувале недоверба, па дури и жртви на осуда и прогонство. Во 16 и 17 век црвената боја на косата бил доволен доказ дека сте вештерка. Русокоси - "позитивна девијација". На русокосите често им се припишува невиност, дека се секси и забавни жени, комуникативни, склони на забава и нормално дека немаат висок коефициент на интелигенција. (Принцезата Дијана-невина русокоса, Памела Андерсон-русокоса секс бомба, Мерилин Монро-типичен пример на русокоса). Толку за стереотипите што се однесува до бојата на косата, а размислете малку и за другите карактерни особини. На пример, како го делите мислењето за девојките со кратка/долга, дебела/слаба, убава/неубава, со големи/мали гради... Стереотипот е чудо, најчесто има негативна конотација, поради дискриминација заснована на погрешни претпоставки. Понекогаш стереотипите можат да бидат штетни и да ја нарушат нашата перцепција и моќ на расудување. Секако девојките не би сакале да ги сметаме за вештерки (црвена коса), неинтелигенти (долга руса коса), "хало ефект" (убава), себична, неспособна (дебела), малку компетента, неморална (големи гради)... Мажи памет во глава и обидете се да го исфрлите стереотипот. Судете за личноста дури кога ќе ја запознаете, ќе ви биде поубаво и на вас и на неа.