Friends

20 години „Friends“: Нешта што не сте ги знаеле за серијата

Точно пред 20 години, се случи премиерата на ТВ серијата „Friends“. Ситкомот направи ѕвезди од актерите и се здоби со планетарна популарност уживајќи ги симпатиите на публиката насекаде.

friends-season.jpg


По овој повод, ви пренесуваме неколку интересни факти за „Friends“ кои можеби не сте ги знаеле.

1. Мет Лебланк имал само 11 долари на сметка на денот кога бил најмен за улогата на Џои во серијата. Со првиот хонорар си купил ручек-Кортни Кокс си купила Porsche со нејзиниот.

2. Становите на Моника и Чендлер најпрво беа со броевите 4 и 5, а потоа беа сменети со 19 и 20, бидејќи продуцентите сфатиле дека становите со броеви 4 и 5 не биле соодветни за станови на повисоките катови во Њујорк.

fgggg.jpg


3. Првичната идејата била големата романса да се случи помеѓу Моника и Џои. Но кога продуцентите ја виделе хемијата помеѓу Дејвид Швимер и Џенифер Анистон, решиле тоа да биде помеѓу ликовите Рос и Рејчел.

4. Брус Вилис гостувал во серијата само затоа што изгубил облог. Рекол дека неговиот филм „The whole 9 yards“ нема да има добар успех на боксофисот. Бидејќи не бил во право, гостувал во „Friends“ и хонорарот го донирал во добротворни цели.

gghjuu.jpg


5. Во 1993-та Метју Пери отишол кај NBC со предлог за ситком серија за група луѓе од 20-тина години. Идејата била одбиена бидејќи телевизијата веќе работела на слична серија, „Friends“.

6. Во секоја епизода се спомнува зборот „пријатели“ најмалку еднаш.

7. Кортни Кокс првично требало да го глумот ликот на Рејчел, но во последен момент ја зела улогата на Моника.

8. Моника и Фиби се единствените ликови кои не се бакнале никогаш во серијата.

iomhh.jpg


9. Според приказната, шесте ликови имале вкупно 138 романтични врски. Џои спиел со 51 личност, Фиби со 32, Рејчел со 15, Моника и Рос со по 14, а Чендлер со 10.

10. Елен Деџенерис ја одбила улогата на Фиби.

11. Во последната сезона, секој од главните ликови добиваше по еден милион долари од епизода.

12. Портокаловиот кауч бил пронајден во подрумот на Warner Bors. Studios и употребен во кафулето Central Perk.

central-perk-scene.jpg


12. Корни Кокс е всушност две години постара од Дејвид, иако во серијата глуми помала сестра на Рос.

13. Во 1997-ма, сите шест актери здружено побарале покачување од 100.000 долари по епизода. Ова се случило за прв пат во историјата на телевизијата.

14. Кога заврши серијата, на сите актери од екипата им било дадено по една плочка од тротоарот пред Central Perk, за спомен.
 
Првата епизода од седмата сезона е смеење за цел месец :pos:

Кога Џои кажа "you stole my candy bar" или така нешто тој израз, таа фаца и во сон мислам ќе се смеам. Потоа делот со Рос и рацете и поносот, кога Рејчел не му даваше
tumblr_mana305oBv1qgvo7ho1_250.gif

шта речи :ROFLMAO:

и секако Џои, секој воздух го изгубив од смеење ради сценава

И секако песните на Фиби, каде без нив
tumblr_lzjsdoa9s11r8y141o1_500.jpg

tumblr_nad62mu4kQ1snhpyjo1_r5_250.gif
tumblr_nad62mu4kQ1snhpyjo2_r4_250.gif


И Моника некако во 6 и 7 сезона ми е посебно убава :giggle:

Врвови...
 
^ Кажете си нормално => откако почна да иде со Чендлер се разубави. :love:

А он обратно. :D
Највише физички промени имаше Чендлер. Во трета сезона беше препреслаб, коски и кожа човекот, после со Моника кога се фатија па имаше фрлено доста килца плус. Мене најдобро ми изгледаше негде 9та и 10та сезона. Сите остареа некако, Моника дури и ботокс почна да става, а овој конечно си фати некој баланс. :D
 
А он обратно. :D
Највише физички промени имаше Чендлер. Во трета сезона беше препреслаб, коски и кожа човекот, после со Моника кога се фатија па имаше фрлено доста килца плус. Мене најдобро ми изгледаше негде 9та и 10та сезона. Сите остареа некако, Моника дури и ботокс почна да става, а овој конечно си фати некој баланс. :D

Ама баш во третата сезона според мене мислам дека најмрднат и најзабеган хумор има Чендлер.
 
И Моника некако во 6 и 7 сезона ми е посебно убава :giggle:
Да, Кортни Кокс е бонбона од шеста сезона натака.
^ Кажете си нормално => откако почна да иде со Чендлер се разубави. :love:
Мене тука ми е свиѓа
1x10_The_One_With_The_Monkey_mkv_snapshot_14_0.jpg

И она коа вика "SEVEN".
rachel-and-monica-7.gif

ПС: Може некој да ми ги наброи сите седум?
У порака ако не се дозволени такви зборови ;)
 
Последно уредено:
Има видео од сцената кога го гледаат порничот на Урсула? Кое сценарио :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom