Френдзонирање

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Темава ја отварам највеќе заради нас машките на форумот, бидејќи ние сме тие што се најчесто френдзонирани . Не сум слушнал женско да биде френдзонирано од машко, барем не досега. Ако има некоја што и се случило, нека го сподели тоа искуство на темава.

Знам дека многу момци мака мачат со френдзонирањето, односно им се допаѓа некоја девојка се трудат да ја импресионираат на најдобар можен начин , а таа им одговара во стил: Леле колку убав гест од тебе, ти си навистина добар пријател. Или: "ти за се ме разбираш, секогаш ме сослушуваш, никогаш не ми противречиш, стварно си најдобриот пријател што сум го имала."Исто така често нешто што го слушам од другари е: "Абе брат знаеш ли колку се потрудив и потрошив да ја изнесам на состанок, за после да укапирам дека таа всушност ме френдзонирала :( ".


Срање е стварно ставање на некој дечко што те свиѓа во зоната на пријатели. Зошто се случува ова во своите постови делумен одговор дава Sussaro , но сметам дека заслужува да се посвети посебна тема и да се разглоби оваа проблематика и најбитно од се како да се надмине т.е. да се победи женското френдзонирање.

images
 
Темава ја отварам највеќе заради нас машките на форумот, бидејќи ние сме тие што се најчесто френдзонирани . Не сум слушнал досега женско да биде френдзонирано од машко, барем не досега. Ако има некоја што и се случило, нека го сподели тоа искуство на темава.

Има, само не се до толку drama queens и attention whores ко машките.
 
Има, како нема... Еве јас имам неколку (не дека се фалам или сум геј), али ете едноставно имале dislike кај мене од било која причина (физичка или карактерна)
 
Има, само не се до толку drama queens и attention whores ко машките.
Drama queens и attention whores - двата поими се во женски род што значи произлегуваат од женскиот пол. Сега оној пол од кој што потекнуваат овие зборови не обвинува нас дека сме биле поголеми attention whores од самиот женски род за кој што се измислени и наменети овие два збора. :D Ајде бе бегај !!

Ако знаеш такво искуство, сподели за ќејф и утеха на мажите на форумот.
 
Има и женски точно и у право е девојката погоре што пиша.
Конкретно јас имам пример со колешка/другарка само што воопшто не ми падна мене у меѓувреме дека она со други очи ме гледа туку други ми посочија на тоа(едноставно не ми беше привлечна доволно и затоа беше на растојание friendzone како милува писателот на темава да го каже) :D
 
Има и женски точно и у право е девојката погоре што пиша.
Конкретно јас имам пример со колешка/другарка само што воопшто не ми падна мене у меѓувреме дека она со други очи ме гледа туку други ми посочија на тоа(едноставно не ми беше привлечна доволно и затоа беше на растојание friendzone како милува писателот на темава да го каже) :D
Ок, те разбирам што сакаш да кажеш. Во ред е сето тоа. Јас не реков дека не постои или не им се случува на жените, туку дека не сум слушнал досега за тоа.Нејсе темата не е дали жените можат да бидат френдзонирани. Туку зошто се случува тоа и како да се надмине односно победи френдзонизацијата.
 
Ја имам френдзонирано женски. Воглавно затоа што не ми се свиѓале.
Интересна работа, се имам и пробиено од френдзона.

Главната работа е: не се женските криви за тоа што сте се нашле во френдзона. Ако покажеш интерес кон неа, за нешто повеќе од пријателство одма си надвор од френдзоната, знаеш на што си. Или ќе те прифати или ќе те одбие. Ако се однесуваш како најдобар другар, а ваму ја сакаш, а нит го покажуваш тоа нити и кажуваш, тогаш сам си крив.

Значи нека не биде како на демотиваторов.
Friend zone.jpg

Ако ти се свиѓа, преземи нешто.
 
Пријателската зона е последица на не сфаќањето на психолошката игра што се одвива на подсвесно ниво помеѓу мажјакот и женката.
Повеќето од мажјаците имаат развиено погрешна парадигма за тоа како треба да се однесува со женка.
Се разбира тоа е поради тоа што мама не учела како мали да бидеме добри со девојчињата бла бла, не разгалила и ние сме станале пичиња.
Кога мама ни викала да бидеме добри со девојчињата ние погрешно ја сфаќаме. И поради тоа си имаме проблем.

За една типка да те етикетира како пријател ти треба како прво да се однесуваш како пријател.
Вината е твоја. Што подразбирам под тоа?
Да го разгледаме од обратната страна и одговорите сами ќе дојдат.
За една типка да те гледа како сексуален партнер (не пријателски), како прво треба да има игра.
Игра од која ќе произлегуваат позитивна тензија, антиципација, конкурентност, атракција.
А за да имаш игра ти треба да ги поставиш твоите правила на игра и никако да и се потчиниш на нејзините. (една од клучните грешки кои повеќето ги прават). За да ја водиш играта потребно е да имаш самодоверба, и да знаеш да кажеш НЕ, кога нешто не ти се допаѓа. Пред се тоа е поради самопочит кон себеси, а потоа кон нејзе. Кога имаш твоја игра, ти треба да ги поставиш правилата и да ја водиш, при што ја покажуваш твојата доминантност како мажјак.
Кога ќе ги поседуваш овие карактеристики и ќе ја внесеш во твојот свет, твојата цена е висока, таа со задоволство ќе прифати ти да и бидеш лидер, со задоволство ќе ти се "потчини".
Кога веќе ќе биде "потчинета", таа срцка многу лесно може да биде твоја срцка (по твоја желба се разбира). И тоа одма ќе го забележиш.
Кога една срцка е заинтересирана кон тебе, таа тоа не го крие. Ако мислиш дека срцката игра игри со тебе, и си мислиш дека не покажува интерест кон тебе само бидејќи ЧЕКА од тебе да се докажеш колку многу и значиш, тогаш биди 100% сигурен дека типката воопшто не е заинтересирана за тебе, и дека тоа е плод само на твоите илузии кои тешко ја прифаќаат реалноста.

Навидум кратко и едноставно изгледа, но зборуваме за карактер, навики, и поглед на работите.
А тоа не се менува преку ноќ. Така што ако досега често си се наоѓал во пријателска зона не очекувај дека одеднаш можеш да го смениш тоа.
Прво и основно треба да се порабоди на самодовербата и самопочитта. А со тоа доаѓаат и говор на тело, и сите тие карактеристики на алфа мажјак.

Или со други зборови, друг пат, не се обидувај да ја купиш типката со манупулација.
Со тоа што ќе бидеш "добар" и ќе правиш како што ќе посака за да го добиеш нејзиното внимание, тело, секс..таа од километар ќе те дешифрира кои се твоите намери макар и ти самиот да се лажеш дека имаш "чувства" или навистина и да ги имаш.
 
Многу е зезнато кога погрешка ќе френдзонираш некоја...Ми се има случено,едноставно мислев дека девојката не е заинтересирана и не пробав апсолутно ништо, а после дознав дека всушност била заинтересирана. Ама тоа е се прават грешки и се учи од нив :) и дајте доста со тоа attention whore, ќе пишете желни за внимание :)) да не испаднам со двојни аршини ама за френдзонирање не ми текнува наш синоним или фраза :)
 
И шо сеа посебни сте?
Очекувате pity fuck или?
Не и се свиѓате на девојката и тоа е тоа.
Ова постои одамна и незнам зошто у послено време му се става акцент...
 
Главната работа е: не се женските криви за тоа што сте се нашле во френдзона. Ако покажеш интерес кон неа, за нешто повеќе од пријателство одма си надвор од френдзоната, знаеш на што си. Или ќе те прифати или ќе те одбие. Ако се однесуваш како најдобар другар, а ваму ја сакаш, а нит го покажуваш тоа нити и кажуваш, тогаш сам си крив.

А ако имаш покажано интерес, чувства и све остало што треба да се каже/покаже, она те одбива, а сака и понатаму да бидете другари... Кој е крив тогаш? И која сатисфакција она ја има во тоа да има другар кој за неа има чувства како за повеќе од другарка?
 
И шо сеа посебни сте?
Очекувате pity fuck или?
Не и се свиѓате на девојката и тоа е тоа.
Ова постои одамна и незнам зошто у послено време му се става акцент...


rrrrrrrrrr, хахахаа, јас сум за секаков fuck :icon_lol: дали е pity или можеби mindfuck, изгледа таков ми е хороскопскиот знак..

ржат, жениве на темава хахахаха, мирни
 
Гледам сте почнале со: Не и се допаѓаш на девојката и тоа е тоа... Од друга страна пак, ни викате да се трудиме повеќе и да ве освојуваме. Најверојатно целта на отварачот на темата е како да не влезеш во френдзона во фаза на освојување, бидејќи ако се потрудиш можеш и покрај тоа што првично не и се допаѓаш на некоја тоа да се промена, барем така ми е речено.

Мене еднаш ми се има случено, и кога на некој ќе му се случи тоа еднаш, понатака ќе си внимава и ќе нема да чека долго или пак ќе си биде директен да не ја оплеска. Што се однесува до женските, немам френдзонирано ниедна бидејќи со некоја што ме свиѓа не можам да бидам пријател, подобро за нив што седиме подалеку еден од друг, истото го сакам и за себе со некоја што ми се допаѓа. Еднаш некој рекол: За другарка не ми требаш, имам доста другарки...
 
rrrrrrrrrr, хахахаа, јас сум за секаков fuck :icon_lol: дали е pity или можеби mindfuck, изгледа таков ми е хороскопскиот знак..

ржат, жениве на темава хахахаха, мирни

Не ржат, 2 девојки пишаа помеѓу сите мудреци ама никој не ги чита.
И 2те пишаа исто, и 2те се во право.

Корпа на фин женски начин. Нема повеќе философија, како:

За една типка да те етикетира како пријател ти треба како прво да се однесуваш како пријател.
Вината е твоја. Што подразбирам под тоа?
Да го разгледаме од обратната страна и одговорите сами ќе дојдат.

Ова ко статија за фемина. Смешен ти е цел пост, најпријателски.
Класична Кајгана е темава. Сите машки ги знаат сите тајни на универзумот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom