FRAMED - the daily movie guessing game

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.635
Се сеќавате на Wordle и нашата верзија Зборле? За тие кои не знаат за што се работи, еве ја темата со објаснување: https://forum.kajgana.com/threads/Зборле.113066/

Е па се појави нова игра, која слично на Wordle се менува на секои 24 часа. Се вика Framed, и е прилично едноставна: ти се појавува кадар од филм и треба да погодиш кој е филмот. Можеш да погаѓаш 6 пати, слично како Wordle, со таа разлика што кадарот се менува на секое погаѓање, со што ти ја олеснува работата. До сега 3 дена откако ја открив играта, лесно беше да се погодат филмовите: првиот и вториот ги погодив на трета. Денешниов малку ме намачи зашто немаше актери на ни еден од кадрите освен на последниот, ама кога се појави последниот беше прилично лесно.

Линк до играта: https://framed.wtf/

Споделувајте ги резултатите од играта тука, само НЕ КАЖУВАЈТЕ КОЈ Е ФИЛМОТ додека трае тој Framed.

1648537807311.png
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Абе јас не го прочитав воведот и мислев секоја слика различен филм. Се изнапишував глупости за на крај да сфатам дека сите кадри се од еден филм. :D
Топ игра иначе. Ќе се гази ова.


1648570071258.png
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.635
Инаку јас почнав со Framed #16, беше Call Me By Your Name
Framed #17 вчера беше Ford V Ferrari
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Framed #18


Е па како може една сцена само врата ми покажаа! :D :D :D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Framed #18


Е па како може една сцена само врата ми покажаа! :D :D :D
Ја кај таа сцената со вратата хо пишав оној филмот со Де Ниро "Analyze this"
Ме потсети на куќата во која живееше психијатарот. :LOL:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.635
Ја кај таа сцената со вратата хо пишав оној филмот со Де Ниро "Analyze this"
Ме потсети на куќата во која живееше психијатарот. :LOL:
Јас пишував глупости пошто поим немав што се случува. Првиот филм го пишав West Side Story, што не ми го даде ни како сугестија. :D
 
Член од
10 јуни 2008
Мислења
470
Поени од реакции
852
Се спасив со последниот обид, зборле е лесна игра, овде осеќам ќе има доста помал процент на погодени филмови.

1648578652547.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom