Фото берза [помош при избор на фотоапарат]

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Рефот-М е генерален застапник, а за најефтино... побарај си сам по дуќаниве :)
 
Сакам и јас да си купам фотоапарат за и на мене кога ќе ми биде досадно во друштво да има со што да се занимавам.
Да ми препорачате нешто вака ко за мене?
 
Искра, планирам да си фатам девојка за и на мене кога ќе ми биде досадно во друштво да има со што да се занимавам.
Да ми наместиш некоја вака ко за мене?

Пиши колкав буџет имаш на лагер, па ќе смислиме нешто. Уствари јас не мислам, веднаш ќе ти најдам соодветен модел од Канон :)
 
Сакам и јас да си купам фотоапарат за и на мене кога ќе ми биде досадно во друштво да има со што да се занимавам.
Да ми препорачате нешто вака ко за мене?
canon coolpix L120
 
И колку пари е ова апаратче ? :)
никон е чудово иначе...ја канон сум пишал
Nikon CoolPix L120
14.2 МегаПиксели, 21х оптички зум (25-525мм), 3.0 инчен дисплеј со резолуција 921.000 пиксели, оптички стабилизатор на слика, HD видео запис, 4хАА батерии, макро 1cm
13.999,00 ден/228,18 EUR
 
Ми падна апаратот на паркет директно на објективот, и ми вика Lens Error. Бев кај некој од локалните сервисери и ми вика проблемот е блендата, и ми бара 2000 ден за поправка. Ме интересира дали е реална цената што ја бара мајсторов. Станува збор за Никон 210. Препорачајте некој сервисер за поефтино ако некој знае од форумов.
 
Ме интересира фотографирањето. Ама досега сум сликала само со аматерски апарати. Сакам сега да си купам нешто попрофесионално , имам буџет од 20.000 денари. Знае ли некој да ми препорача добар дигиталец со оваа цена , може и до 4-5000 плус ..
 
Најефтино што можеш да пројдеш е 25.990 за Canon EOS 1000D. Или пак да бараш нешто на старо за буџетот кој го имаш.
 
Реално за Канон 1000D не би дал толку пари, поарно штеди повеќе за да земеш нешто на старо туку да ги потрошиш парите на просечно тело како 1000D.
 
FujiFilm е добра марка на дигитални апарати? Бидејќи сретнав по огласи на старо
FujiFilm FinePix S2500 HD (12.1mp, 18x optic zoom, HD video) за 165 евра..
 
Океј се Фуџи, ама гледај да е нешто од моментално водечките, Canon / Nikon.
 
ДонЈас, батали Никон, барем во овој сегмент, ФУЏИ се бољи од Никон во оваа класа апарати, а конкретно ова апаратче, за тие пари... сосема ОК, барем според мене.
 
Има ли некој идеја со каков апарат се сликани сликте во албумов? Страшно ми се допаѓа графиката ;)
 
Има ли некој идеја со каков апарат се сликани сликте во албумов? Страшно ми се допаѓа графиката ;)

228652_10150190223645680_716860679_6878181_3528476_n.jpg

Со ваков. Некој од ентри левел DSLR-ите на Nikon.
Она што тебе ти се допаѓа е постпродукцијата која најверојатно е правена во фотошоп. Морам да признаам, добар е дечкото во средување на своите фотографии.
Како и да е, за таква постпродукција потребна е квалитетна основа, така да, било кој SLR може да заврши работа за фини фотографии.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom