Формула 1 - сезона 2025

За кои (мин.1, макс. 3) возачи ќе навивате во 2025?

  • Вкупно гласачи
    76
  • Гласањето е завршено на .
Ne e do sinite gumi, toa sto nikoj ne saka da priznae e deka bolidite momentalno ne se proektirani za vakvi uslovi, rabotata e sto samite vozaci ne sakaat da vozat vo vakvi uslovi zaso toa za niv e skoro i nevozmozno, gi vidovte kadrite od nivnite kacigi, boldive se ko gliseri na dozdov, sozdavaat uslovi za tie pozadi ti da ne mozes apsolutno nisto da ne gledas pred tebe i da imas 0 pretstava sto se slucuva. Porano toa podobro se kontrolirase, ama so momentalnive bolidi toa e mnogu tesko, taka da koga samite vozaci ne sakaat da vozat na takvi uslovi toa sve kazuva.

Ne e idealno, ama realnosta e takva, ja zatoa ic ne se raduvav na dozdov sto se prognozirase za vikendov i trkava, znaev deka verojatnosta za vakvo scenario e golemo, i bidna.
 
Епа нека возат поспоро ако не можат да гледаат убаво :)
Возењето на дожд си е посебен скил, а последниве години тоа задоволство ни е скратено. Повеќе би рекол дека е до конструкторите кои сакаат да заштедат на потенцијалните штети од судири. Возачите се ултра безбедни, не постоел побезбеден болид во историјата.
 
Што да се гледа од мотоспортови? WRC на времето беа многу јаки... F1 е постаната тешка лакрдија на бизнис интереси со правила и регулативи кои ги деградираат сите елементи што го правеа овај спорт колку толку интересен.

Посебен скил е кога можеш да возиш, ко во Бразил, тука невозможно е да возиш на ваков дожд, не може скилови да бараш кога они ништо не гледаат пред себе апсолутно, самите возачи не сакаат да возат во такви услови, зашто им доаѓа ко да играат руски рулет, тоа е проблем со денешните болиди. 2021 сите беа за да не се тркаат, eве слушни ги што велат за тогашното фијаско

ХАЛО системот не помага увек, батали ти најбезбедно е, Хуберт на истава стаза умре откако ХАЛО системот беше воведен, колку и да возиш споро, тоа споро во ф1 светот може да доведе пак до фатални судари, пример некој да се изврти на Eau Rouge и бочно директно некој да влезе у него, толку е, макар возат и под 300. Работата е што тие позади не гледаат ништо, видливоста е нула, немаат време за реакција и избегнување на друго болиди, и со новите безбедносни регулативи нема теоретска шанса да ги пуштат да возат, нити пак самите возачи да излезат и да се натпреваруваат.

Ќе видиме следна откако изгледот на болидите ќе се смени драстично, и ќе бидат помали, дали ова би се сменило. Бјанки, кој умре пред ХАЛО да биде воведено, удри во багерот на услови на дожд со брзина од само 123 km/h, тоа за Ф1 болид е преспоро, делува ко да се влече на патеката, па ударот тука беше фатален. Така да сеа се внимава на све, и оној најмал ризик кој постои за ваков тип на инциденти, они се приморани да го уништат.
Автоматски споено мислење:

Што да се гледа од мотоспортови? WRC на времето беа многу јаки... F1 е постаната тешка лакрдија на бизнис интереси со правила и регулативи кои ги деградираат сите елементи што го правеа овај спорт колку толку интересен.

Мотогп глеј, иако и тоа ќе стане лакрдија зашто моторите со сите тие додатоци изгледаат смешно, и ги земаа истите што моментално ги држат сега Ф1. А и дукати таму матер ебаваат ко да нема утре, не е толку интересно ко што некад беше во златната ера на Роси.
 
Како што има Виртуелно Безбедносно Возило така можат да им воведат еден вид Мод за дожд. Директорот на теката да го уклучува исклучува, а да се лимитира брзината, вртежите и друки параметри па така место 350кмч да возат со 150кмч, место 1000кс да имаат 500кс. Може ќе личат на матпревар на Југовци ама ќе бидат безбедни а ќе има натпревар и возбуда.
 
Пошто гумите што ги користат се направени за југовци

Боље лизгалки да им дадат и под Кале на лизгалиште да ги пуштат него овие гуми на тие брзини
 
Се откажа Ландо на крајот од бркање, по 100 возачки грешки.

Ама како сум растурил на fantasy тркава! 353 поени, мој личен рекорд! :ojeaa:
 
Многу досадна трка, тотално ја усраа уште лани откако втората DRS зона кај што има најмногу претекнувања ја скратија за неколку метри, и останаа на истото и оваа година, уште лани се осети колку фалат тие плус неколку метри за да гледаме повеќе претекнувања.

Тоа ми е една нејаснотија и причина за оваа одлука, друго, кој кур не стартуваа нормално, не дека има ова врска со трката у глобала, немаше многу да се смени во тој контекст ама пак останува и ова како дамка за денешниов ден. Останатото досадно, Пијастри по не знам кој пат сезонава вози како прав шампион, на крај и се надевам дека ќе ја освои титулата иако е сеуште третиран како втор возач од сопствениот тим, вреди да се пофали и Леклер за денешното возење, ова е максимумот на Ферари.

Норис многу грешки, можеби имаше услови да дојде до 2 секунди и под 2 па да праи така притисок и да го натера Пијастри да згреши и тука да си ја бара шансата ако влезе у DRS.

Све на све денес лоша трка, можда најак момент беше претекнувањето на Пијастри кога дојде прво и тоа беше тоа, не знам што друго би издвоил од денес. .
 
Јас Спа ја памтам по една дождлива трка на Прост! Не се сеќавам која годона беше! Најинтересна трка што сум ја гледал! Сега дремат во бокс. Тоа е други времиња.
Мото ГП не е ништо поарно, нема набој, нема харизма натпреварувањето. Еден луд шпанец и толку е!
 
Ја усраа иначе вчера, ради паузата не ни останав да глеам до рестартот, можеле саат, саат и нешто пред рестартот да имаат трка, на дожд, кога условите се смириле, врнело ама прифатливо, пола од болидите беа сетирани за таква трка, на Макс нарочито. Сеа ми излезе видео кога давал овој интервју и у тој момент на телоп официјално било објавено кога ќе е рестартот и почна да пцуе, невозможно е со такви сетинзи и кренати крила да возиш на суво и да си компетитивен.

Смешно е што 2 пати вака промашуваат РБ, во Англија имаа обратно, сетинзи за суво а врнеше, вчера тотално обратно, иако технички ќе имаа саат време трка на дожд, ако овие одлучеа тогаш да биде рестартот а не да чекаат целосно да прекине, така да конкретно ова е мега глупа одлука зашто рестартот требаше да се деси кога услови за тркање ќе има без разлика дали врне или не, а не да се оди на тоа да се чека тотален прекин на дождот за кој знаеле дека ќе се деси ако чекаат уште саат ипол.
 
Сигурно сега болидите не биле за на дожд за разлика од порано, моментално се најбезбедни од било кога така да манекенки сега се шофериве затоа и одбиваат на дожд
 
Кај новиве болиди проблем е тежината. Многу потешко се контролираат на таква водена површина од старите. И ако дојде до судар, сударите на големи брзини се многу постраотни. Јуки се тумбаше само зошто влесе со поголема брзина во кривина, Жоу исто така на кров леташе. Такви судари порано беа многу ретки, затоа и немаше потреба од halo.
 
Халото и не е само за тумбање, без хало Грожан ќе беше покоен. Верувам еден тон погинати шофери ќе се спаселе да го имало хало порано ама јбг. Секоја чест за изумот.
 
Халото и не е само за тумбање, без хало Грожан ќе беше покоен. Верувам еден тон погинати шофери ќе се спаселе да го имало хало порано ама јбг. Секоја чест за изумот.

Немало порано такви судари каде што главата на шоферот е загрозена пред овие големи болиди. Ниеден шофер не загинал ради тоа осврн Бјанки.
 
Сигурно сега болидите не биле за на дожд за разлика од порано, моментално се најбезбедни од било кога така да манекенки сега се шофериве затоа и одбиваат на дожд

која е поентата што се најбезбедни кога ке има судари и сејфти кар на секоја минута од што се големи, тоа за нормални услови едвај ги собира 2 не па уште на дожд...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom