Формула 1 - сезона 2019

  • Креатор на темата Креатор на темата JagodicaBobica
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за сезоната 2019?


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.
Ферари и стратегија ти се како магаре и козметика, очај :tapp:
И дај нека не пренесуваат тимско радио од Хамилтон жити мене, секоја ебана трка се лигави за гумите ко мало дете некое, а сите знаеме дека ќе му издржат до крај.

Фетел е тежок кретен изгледа. Толку долго сигурно не тактизира со времено.
А Ле Клер убава шанса да стигне, и се сјеба...

----
Со глуп Фетел, уште поглупи у тим, и грешка на Ле Клер, на чиста победа на Хамилтон смрди.
п.с. Мод од друга мачка му треба, не од лав :D
Не знам што ти е крив Фетел кога извозе супер трка без грешка.
 
Не знам што ти е крив Фетел кога извозе супер трка без грешка.

Не се обиде да нападне, ради тоа е крив. Откако излезе од бокс, разликата ниту ја симна(~1,9), ниту ја зголеми(~2,7) меѓу него и Хамилтон.
Што чекаше?
 
Одвозе на сигурно, целта си ја исполни, се пласира пред клубскиот ривал веке неколку трки ја смалува разликата помеѓу него и Чарлс, сега се само 6 бода достижни и кога веќе ја изгуби битката со Чарлс за пласмани на квалификации барем да го престигне во бодови, уште 3 трки до крајот ако освои повеке поени од Чарлс, повторно ке биде прв возач во Ферари наредната година. Грешките (намерни или не) во стратегијата на Ферари спрема Чарлс му одат во прилог.
Ок, за право - легитимно е да се бори за место под сонцето во екипата.
 
Мерцедес не ја доби трката, туку Ферари ја загуби. Изгубени се во свемирот, очајни се кога треба да се подготви стратегија. Уште не знам зошто така му ја упропастија трката на Леклер. Па и Фетел, не се ни обиде да направи нешто да го предизвика Хамилтон за победата. Ако вака продолжат искрено немам многу надеж и за наредната година.
 
Мерцедес и самите кажале дека не очекувале да победат.
Ферари тотално ја утнаа стратегијата, и на 2та. Леклер прерано го викнаа (од тактичка гледна точка го затвораа Албон), а Фетел прекасно (многу беше зголемена разликата со Хамилтон).
Но, и Хамилтон како ги чуваше гумите, феноменално. И самиот Фетел го пофали за тоа.
 
Ферари циркузанти прави се бе, беа убедени дека ќе можат со свежи гуми да го стигнат Хамилтон иако 15 секунди беше разликата меѓу него и Леклерк. Со Фетел беше помала, и пак не го стигнаа. Да го бркаш Хамилтон и да очекуваш предност со гуми е нереално. Ако до сега не научија дека Хамилтон секогаш може да менаџира гуми подобро од било кој у Ферари ондак незнам...
 
Не се обиде да нападне, ради тоа е крив. Откако излезе од бокс, разликата ниту ја симна(~1,9), ниту ја зголеми(~2,7) меѓу него и Хамилтон.
Што чекаше?
Зошто Ботас не се обиде да го нападне Фетел иако беше блиску? Едноставно гумите на Пирели се ужас, аеродинамиката е ужас посебно на стази како Мексико и Русија, следење на болид пред тебе е речиси невозможно тука бидејќи одма имаат прегревање на пневматиците и кочниците. Хамилтон кога му се доближи на Албон неколку пати му јавија на тимско радио да се тргне од slipstream и да не го напаѓа бидејќи само си прави штета на себе. Болидите се чисто срање кога станува збор за close racing и се надевам дека тоа ќе се промени во 2021 со новите регулации. Нека ти текне Леклерк во Русија како остана пола трка позади Ботас со побрз болид без шанса за претекнување. Само clean air му е мајката во Ф1 последниве сезони иначе си го ебал ежот.

--------------------------
@сите над мојот пост

Според симулациите што ги правеа на тренинзите во петокот и саботата, датата им покажа на тимовите дека тврдите пневматици не би требало да издржат повеќе од 40 кругови без да покажат очигледни знаци на пад во перформансот. Хамилтон дури кажа на пресконференција дека во петокот Мерцедес направиле 8 круга помалку од Ферари и Ред Бул на симулациите за трката и беше изненаден од тоа колку издржаа на крај. Слична изјава даде и Фетел.
Затоа и стратегијата со два пит-стопа изгледаше како посилна варијанта пред да започне трката, се очекуваше поголема деградација на гумите. Затоа и Луис кенкаше на радио целовреме бидејќи знае колку кругови му издржаа гумите на тренинзите. Мерцедес се коцкаа малку со стратегијата, но на крај се исплатеше.
Деградацијата на тврдата и медиум компонента на пневматици испадна дааааалеку помала од очекуваното. Што може да се види и со случајот на Рикардо и Верстапен коишто извозеа преку 50, односно 60 кругови на еден сет пневматици.

Добро, Ферари се уште има инфериорен болид кога станува збор за возење на повеќе од еден круг во однос на Мерцедес, па и Ред Бул на некои стази. Но, за поразот во Мексико можат само себе да се обвинат и никој друг бидејќи имаа 1-2 стартни позиции што ги зачуваа после првите свиоци. Мерцедес покажаа муда, се коцкаа и победија.
 
Мерцедес покажаа муда, се коцкаа и победија.
Па оваа година на повеќето трки победија со ризични тактики и затоа што имаа муда. Нешто што Ферари никад нема да го има, за жал.
 
Кога веке го повикаа прерано во бокс Леклерк наводно да ја покриеле тактиката на Албон, не ми е јасно зошто не му дадоа тврди гуми па до крај да не мора повторно во бокс или ако мора пак да си влези, вака му ги дадоа истиот модел медиум да мора сакал - не сакал пак да влегува, а како шо гледаме ке издржеа тврдите кај Леклерк до крај најверојатно и ке си победеше, значи ај грешка со прераното влегување ама можеше да се исправи ако се работеше за тврди, вака апла го закопаа детето
 
едино нешто што не ми се свиѓа тоа што фелгите 18ки ќе ги правеле, формула е ебаго нема да личи на ништо толкаво тркало.
 
Еве и некои видеа:




И пресот:
Според мене кепот на 150 треба да го стават, 175 е пак високо. Ама се под ова тешко дека ке наиде на особрување од Ферари, Мерцедес и Ред Бул. Подобро нешто него ништо. Е сеа што може да се случи, 2020 огромни инвестиции во развој на 2021 болидот позади завеси додека немаат никакво ограничување и јас мислам дека на големо ке се пукаат екстра пари за максимален развој на 2021 болидот зашто овие правила сигурно ке се задржат тука следни 7-8 години а после ке се ограничени со трошење.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom