Формула 1 - сезона 2019

  • Креатор на темата Креатор на темата JagodicaBobica
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за сезоната 2019?

  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.
За РБ јас би го сакал Сајнц. Сезонава многу ми се свиѓа како вози. За Алонсо колку и да ми е фаворит доколку би се вратил веројатно ќе биде исто ко и Кими, колку да учествува...
 
Да, Санјц им е одлична опција. Но, кога беше тимски колега со Макс во Торо Росо имаа лош однос. Па не знам дали РБ би сакале да ги спојат нив двајца пак.
 
Ботас чим лани не доби клоца нема ни сега. Оваа година барем знае да донесе и по некоја победа и си ја одработува улогата. Барем нема шанси тоа да биде сега на паузата. За догодина единствено ако решат да го заменат со Окон.

Гасли е друга приказна. Не ја искористи шансата и тоа е тоа. Квјат моментално е логичен избор. Многу подобро ќе се вклопи како втор возач од Гасли. Ова за Алонсо во РБ се мислам само бош муабети. Ниту тие би зеле ветеран, ниту па тој би имал некаков интерес да вози како втор возач за нив. Мислам дека тој би се вратил во Ф1 само ако има конкурентен болид со кој би победувал, па и би пробал да освои уште една титула.
 
Целта на Ред Бул им е да освојат титула како што направија со Себ, со млад возач (Алонсо сигурно не се оди таму, а пример многу би ме зачудило наредниве години ако немаат добар тим (Макс да им замине и Гасли шитка), да го вратат Фетел таму).

I want that to happen :D
 
Прашањето е каде би отишол Макс
 
И јас се слагам, Макс цело време сонува да вози за ферари, сигурно и он има исфотошопирано слики што ги чува во пц облечен во оделце од коњчето на маранело.
 
И јас се слагам, Макс цело време сонува да вози за ферари, сигурно и он има исфотошопирано слики што ги чува во пц облечен во оделце од коњчето на маранело.
Знам дека си Пикачу ама не се електризирај одма :D:D:D Не ви го зимаме да не плачете после сме ви украле пола податоци за развој на болид
 
Ботас не гледам зошто би го менувале. Сепак е втор на табела, си ја врши работата како солиден број 2. Хамилтон од друга страна го вади максимумот и плус од тоа што се бара. Па све што останува на Ботас е да заврши втор. Лабаво освојуваат конструкторски.

Гасли од друга страна е толку многу позади Макс што веќе не е ни смешно. Човекот едноставно не може да се адаптира. Очекувам да го сменат. Фаворит ми е Квијат. Има највеке искуство од сите возачи во РБ, моментално не дига многу галама по медиуми како што правеше. Изгледа го скротиле, па перфектен е за број 2 возач.

Има шпекулации Алонсо во РБ. Но не ми се верува. РБ никогаш не плаќале за ѕвезди, секогаш ваделе возачи од нивната академија. А и што ќе им е Алонсо кога го имаат Макс. Алонсо не е ни долготрајно решение.
Ако се сеќавам добро лани кога Рикиардо најави дека ќе го напушти Ред Бул излегоа гласини дека РБ го контактирале Алонсо. А мислам дека и Хорнер потврди дека имале интерес за Алонсо, но Алонсо наводно одбил. Тука сигурно и Хонда има замешано прсти.

Алонсо исто така ги има одбиено Ред Бул во 2009 ако не се лажам. Кај ќе му беше крајот на Фернандо доколку го биваше за донесување на одлуки колку што го бива во Ф1 болид :LOL:
 
Ако не се лажам, Алонсо ја пушти таа гласина на Твитер дека РБ го исконтактирале. Но Хорнер веднаш излезе во јавност и го демантираше тоа, додаде дека единствениот пат кога му понудиле договор на Алонсо било 2009.

Како и да е, неможам да го обвинам што ги одбра Ферари наместо Ред Бул. Ред Бул не беа шампионски тим тоа време. Плус и Ферари како што знаат да даваат астрономски договори за нивните ѕвезди возачи, воопшто не го обвинувам :D
 
Нека ја стават Формула Е на класичниве стази, не по кепенци и сокаци по градови кај што најадекватен шампионат би бил шампионат со Фиат 500ки. Дајте Формула Е, горе доле рамноправни болиди, на класични стази па и некои ко не се во Ф1 шампионатот и да урламе.
 
Добар е Албон, ама исто и Гасли беше добар додека беше во Торо Росо, сега ќе дознаеме кој е кој.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom