Формула 1 - сезона 2018

Шампион за 2018 според вас е...

  • Sebastian Vettel

  • Lewis Hamilton

  • Valtteri Bottas

  • Fernando Alonso

  • Kimi Räikkönen

  • Nico Hulkenberg

  • Daniel Ricciardo

  • Pierre Gasly

  • Kevin Magnussen

  • Max Verstappen

  • Stoffel Vandoorne

  • Marcus Ericsson

  • Carlos Sainz

  • Esteban Ocon

  • Sergio Perez

  • Charles Leclerc

  • Romain Grosjean

  • Lance Stroll

  • Brendon Hartley

  • Sergey Sirotkin


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Formula 1 патеки кои веќе не се во календарот

На последната вистинска трка на Нирбургринг одржана во 1976 година, австриецот Ники Лауда речиси го загуби својот живот

11.jpg


Болидите од Formula 1 последен пат на Нирбургринг се тркаа во 2013 година. Четирите години од тогаш можеби и не се премногу, но фановите на најважното автомобилско натпреварување во светот ќе речат дека всушност последната трка на Nordschleife е одржана во 1976 година. Круг на патеката бил долг речиси 21 километри, требало успешно да се поминат 160 свиоци, а тоа, според многумина, било потешко отколку да се биде Formula 1 шампион. Оттука и прекарот на патеката даден од Џеки Стјуарт – Зелениот пекол.

10.jpg


Во текот на 70-тите години, возачите се повеќе почнале да зборуваат за безбедност на патеките, па затоа и легендарниот Nordschleife е редизајниран. По девет години пауза, ГН на Германија во 1985 година се враќа на Нирбургринг, но на патеката GP-Strecke, изградена за да се задоволат современите стандарди за безбедност. Од 20,8 километри кругот е намален на 4,5 километри. Патеката била прилично бледа и стерилна, и иако до денес се направени неколку измени, GP-Strecke никогаш, а во оваа конфигурација и никогаш нема да ја достигне славата на оригиналот.

01.jpg


Фановите бараат реплика
Ники Лауда има изјавено дека тоа е најдобрата патека во светот, исто како што би рекле и добар дел од Англичаните. Бидејќи во Brands Hatch последната трка е возена во 1986 година, веројатно е многу лесно за повеќето од вас сегашниот домаќин на британското ГП во Силверстоун да му се додели статусен симбол во англискиот автомобилизам. Brands Hatch ги имал некои од највеличенствените свиоци, а особено импресивен и возбудлив бил десниот свиок со надолнина на крајот од целната рамнина. Сепак, болидите станувале се побрзи, а патеката не го следела овој тренд, бидејќи всушност и немало каде да се прошири. Постојат оние кои, заговараат изградба на реплика на некое друго место …

02.jpg


Не се вози веќе 11 години
Речиси е тешко да се поверува дека во Имола не се возело од 2006 година … Автодромот на Дино и Енцо Ферари, тоа секако не го заслужува, а свиоците Tamburello i Rivazza сеуште го подигнуваат адреналинот кај вистинските Formula 1 фанови. И покрај големата историја и традиција, при спомнувањето на Имола прво што на секој му доаѓа на ум се трагичната смрт на Аиртон Сена и Роланд Раценбергер. Своето деби во Formula 1 го имала во 1980 година, како Големата награда на Италија, а патеката била толку добра, со различни свиоци и брилијантни елевациски промени, што останува во календарот и следната година, но како ГН на Сан Марино.

03.jpg


Патека од нацистички патишта
ГН на Холандија во еден дел е конструирана на помошни патишта, кои во втората светска војна ги користеле нацистите. На Zandvoort се возело од 1952 до 1985, со неколку паузи. Еднаш Холандското ГП не е одржано пради штрајк на возачите. Тие се плашеле за својата безбедност, велејќи дека патеката е премногу опасна.

05.jpg


Малку бавно, малку брзо
За механичарите во боксовите, градската трка во Барселона на брдото Монжуик била ноќен кошмар. Првиот дел од патеката бил многу бавен, а вториот дел многу брзо, па било исклучително тешко да се подесат болидите. Трки на оваа патека се возени од 1969 до 1975 година кога болидот на Ролф Стомелен излетал од патеката и усмртил пет гледачи.

09.jpg


Со исклучок на Монте Карло, според многумина, најдобрата улична трка
Со исклучок на Монте Карло, според многумина, најдобрата улична трка дефинитивно била онаа во Аделаида. Голем е бројот на оние кои биле исклучително разочарани по префрлањето на Австралиското ГП по 1996 година во Мелбурн. Многу улични трки низ историјата добивале место во Formula 1 календарот само затоа што изгледале добро на телевизија. Аделаида имала врвна патека и за разлика од повеќето улични трки, претекнувањата никогаш не биле проблем. Formula 1 трки на оваа патека се возени само 11 години, но сите до една, сите се сложуваат, биле одлични. Интересно и неповторливо… На последната трка на оваа патека се собрале дури 210.000 гледачи.

06.jpg


Три рамни делници за спектакуларни претекнувања
Ремс можеби е познат како главен град на францускиот регион Champagne, но освен шампањското овој прекрасен град е исто така познат и по Formula 1. Домаќин на трки за Големата награда на Франција бил помеѓу 1950 и 1966 година. Патеката има интересен триаголен облик и е составена од три патишта кои ги поврзува селата Thillois , Gueux и La Garenne. Посебна атракција биле трите долги рамнини од по 2,2 километри. Болидите на овие места развивале максимална брзина и претекнувањата биле и повеќе од спектакуларни. Возачите во автомобилите, во просек, развивале и по 200 km/h. На оваа патека последната автомобилска трка е одржана во 1972 година. Пред неколку години, трибините и боксовите речиси се распаднале, но добиле статус на заштитен споменик па затоа се обновени.

07.jpg


Апартхејдот ја згасна трката
Formula 1, велат, е глобален спорт, но трки се возат на сите континенти, освен во Африка. И така веќе 24 години. Патеката Kyalami била една од најбрзите во календарот. FIA долго време се спротивставувала на притисокот од меѓународната заедница да ја укине трката за Големата награда на Јужна Африка, поради апартхејдот, за тоа конечно да се случи во 1986 година. По демократизацијата на земјата, болидите во 1992 се враќаат во Kyalami. Сепак, редизајнираната патека веќе не нудела возбуда како старата, па по 1993 година заминува во историјата. Последниве години има најави за големо враќање на Formula 1 во Јужна Африка, но засега нема ништо конкретно.

08.jpg


Откажана поради безбедносни причини
Formula 1 се возела и на легендарниот Индијанаполис, но што се однесува до Американците и Formula 1, Watkins Glen бил број 1. Околу истоименото село се возело уште во текот на 40-тите години, но во 1956 година, изградена е вистинска патека. Пет години подоцна, Watkins Glen е домаќин на првата Големата награда на САД. Џим Кларк и Грахам Хил биле победници по три пати. Приказната завршува во 1980 година, бидејќи немало пари за вистинска модернизација на патеката, односно проширување на просторот за излетување. На возачите им била една од најпопуларните патеки во календарот на Formula 1, но од безбедносни причини повеќе не било дозволено да се вози. Денес, трката за Големата награда на САД се одржува во Остин.

Неколку интересни факти:
• Во текот на историјата на Нирнбургринг загинале 78 лица. Ова вклучува возачи, судии, гледачи … Најсмртоносната Formula 1 патека сепак е Имола со 87 мртви

• Џеки Стјуарт е авторот на прекарот на легендарниот Nordschleife – Зелениот пекол, прекар кој сеуште се користи

• Најкраткото гран-при во историјата на Формула 1 е одржано во 1991 година во Аделаида. Поради лошите временски услови и обилните дождови трката била запрена по само 16 круга

• Бразилецот Аиртон Сена во Имола загина на 1 мај 1994 година, а во квалификациите ден претходно животот го загубил и Роланд Раценбергер.

• Лела Ломбарди е единствената жена која има освоено поени во Formula 1. Toa и успеало на градската трка во Барселона во 1975 година.

• Во ниедна друга земја, Formula 1 не се возела на толку различни патеки како во САД – дури 10
 
Давајте стримови за утре, во Холандија сум на студии немам ни тв уште во станов хахахах немам кај да гледам, сеа ке кукам по МТВ 1 лош коментатор ама барем имаше да се гледа сеа трт, Спа ми е на 200км мислам и помалце може ама будалите над 100 евра карта ставија ... и ништо а сакав да идам да гледам. Еби му матер сеа ке се задоволам со стрим само :D
 
Давајте стримови за утре, во Холандија сум на студии немам ни тв уште во станов хахахах немам кај да гледам, сеа ке кукам по МТВ 1 лош коментатор ама барем имаше да се гледа сеа трт, Спа ми е на 200км мислам и помалце може ама будалите над 100 евра карта ставија ... и ништо а сакав да идам да гледам. Еби му матер сеа ке се задоволам со стрим само :D

http://www.rojadirecta.me/en?0
http://arenavision.in
http://torrent-tv.ru На последниов можеш бесплатно да се регистрираш, имаш доста руски канали. Ако работи утре, имаш на Матч Арена каналот, ама мислам кога има Ф1 и Sky F1 го ставаат. Со среќа и убав помин :)
 
http://www.rojadirecta.me/en?0
http://arenavision.in
http://torrent-tv.ru На последниов можеш бесплатно да се регистрираш, имаш доста руски канали. Ако работи утре, имаш на Матч Арена каналот, ама мислам кога има Ф1 и Sky F1 го ставаат. Со среќа и убав помин :)
My savior, кога се вратам честам пиво хахха :D
 
Пуста надеж дека Алонсо ќе се врати во Ферари.... Нејсе, Кими нека се уозбили страшен тандем се со Фетел. Проблемот со Кими е што не е константен.
 
Не спомна никој, циганчево го изедначи рекордот на Шуми по број на пол-позиции. 68, честитки.
 
Мерцедес одлучи да го користи 4-тиот мотор(и последен оваа година) на трката во Спа, со што докажа дека е точна шпекулацијата дека моторното масло го користат и за согорување и така добиваат на снага.

Што е кваката?

Имено, поради зачестените шпекулации дека одредени тимови, меѓу кои е и Ферари, имаат изработено систем во моторот кој дозволува префрлање на маслото од моторот во коморите за согорување. Ова посебно се користи во квалификациите, а најмногу во Q3.
ФИА на ова реагираше и од трката во Монца која е следна на распоредот после Спа, секој мотор што ќе биди ``презентиран`` од тогаш, мора да го редуцира трошењето на маслото на 0.6 литри на 100 км. Но ова не важи за мотори возени до Монца. Значи овој и предходните мотори на Мерцедес можат да трошат масло за согорување, и за нив неважи ова ограничување.

Не е јасна ситуацијата со Ферари, кои значително им падна квалификациската брзина одкако прво го намалија трошењето на масло на 1.2 па на 0.9 литри на 100 км. ХААС денес го возеше најновиот 4-ти мотор на Ферари(се шпекулира дека има челични клипњачи изработени со технологија на 3д принтинг и издржуваат многу големи притисоци во коморите за согорување(над 400 атмосфери)
Дали ќе важи ова за ферари бидејќи ваков мотор вози ХААС или не...незнаеме сеуште.

ПС:Оваа афера ја извади на виделина Мерцедес, а се шпекулира дека тоа им го ``шепнал`` алисон кој премина од Ферари во Мерцедес и им ја откри тајната од ферари
 
Давајте стримови за утре, во Холандија сум на студии немам ни тв уште во станов хахахах немам кај да гледам, сеа ке кукам по МТВ 1 лош коментатор ама барем имаше да се гледа сеа трт, Спа ми е на 200км мислам и помалце може ама будалите над 100 евра карта ставија ... и ништо а сакав да идам да гледам. Еби му матер сеа ке се задоволам со стрим само :D

http://mobdro.com на Андроид

Торенти не е препорачливо, знам за Германија - 900€ е казна ако ти е прв пат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom