Формула 1 - сезона 2018

Шампион за 2018 според вас е...

  • Sebastian Vettel

  • Lewis Hamilton

  • Valtteri Bottas

  • Fernando Alonso

  • Kimi Räikkönen

  • Nico Hulkenberg

  • Daniel Ricciardo

  • Pierre Gasly

  • Kevin Magnussen

  • Max Verstappen

  • Stoffel Vandoorne

  • Marcus Ericsson

  • Carlos Sainz

  • Esteban Ocon

  • Sergio Perez

  • Charles Leclerc

  • Romain Grosjean

  • Lance Stroll

  • Brendon Hartley

  • Sergey Sirotkin


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Разликата е тоа што сите тимови освен Ферари и Мекларен може утре да напуштат. А Ферари не е ништо различно од порано. Да, доминираа од 2000 до 2004, но па од друга страна имале доста периоди кога биле катастрофа. Имаат највеќе титули бидејки се од самиот почеток -1950.
 
Но и кога губат привлекуваат најмногу публика. А ``губат`` кога се второ или трето место што за некои историски тимови(Вилијамс) е мислена именка
 
Nema zasega ništo....so Ros Brown sega na čelo na tehničkiot odel na F1 ke ima noviteti. Do togaš ke biti "status kvo"
 
БЕРНИ ОТПУШТЕН, РОС БРАУН НОВ СПОРТСКИ РАКОВОДИТЕЛ НА ФОРМУЛА 1

Чејс Кери, новиот претседател и извршен директор на Формула 1, и официјално го објави назначувањето на Рос Браун и Шон Брачес на новосоздадените позиции, спортски раководител и комерцијален директор. Овие назначувања веднаш стапуваат во сила и се во согласност со комплетирањето на сопственоста врз Ф1 од страна на Liberty media. Новите сопственици засега кон Ф1 пристапуваат со огромен ентузијазам и желба за успех, одделувајќи го спортскиот од финансискиот дел на спортот, давајќи ги раководните позиции на луѓе кои имаат потврдени успеси во својата област на делување.

Рос Браун е еден од најуспешните и иновативни технички директори во историјата на овој спорт, легенда со 40 годишно искуство во мото трките. Неговото CV вклучува 11 Ф1 Титули со Ферари и седум како дел од Вилијамс и Бенетон.

Во 2009 година го спасува тимот на Хонда, го преименува во Браун ГП и ги освојува шампионските титулите во генералниот пласман на возачи и конструктори.

Следната 2010 година тој го продава својот тим на Мерцедес-Бенц, каде во текот на следните три години ги изгради темелите, кои му овозможија на овој тим да ги освои шампионските титули во 2014, 2015 и 2016 година.

Шон Брачес се смета за една од највлијателните лидери на ESPN, со над 27 години искуство. Неговата кариера е дефинирана од страна на иновации и визија, кои го поттикнаа огромниот раст на ESPN брендот и нивните финансиски приходи.

Чејс Кери, претседател и извршен директор, изјави: "Мило ми е што можам да му посакам добредојде назад во Формула 1 на Рос Браун. Во неговите 40 години поминати во мотоспортот, тој го донесе неговиот магичен допир во секој тим со кој има работено, има големо техничко познавање, искуство и врски, a јас веќе имам голема корист од неговите совети и експертиза."

"Јас сум воодушевен што Шон се приклучи на Формула 1. Тој беше движечката сила во градењето на ESPN како една од водечките светски спортски франшизи. Неговата експертиза и искуство во продажба, маркетинг, дигитални медиуми и дистрибуција ќе бидат непроценливи за развојот на Формула 1."

"Со нетрпение очекувам да соработуваме со Рос и Шон, како и нашите водечки луѓе, Данкан Лоуарч, финансиски директор, Саша Вудворд Хил, главниот правник, ФИА, Берни и Liberty media, да работиме заедно за да ја направиме Формула 1 најдобра што може да биде за тимовите, промотерите и секако фановите во годините што доаѓаат."

Рос Браун изјави: "Фантастично е што се враќам во светот на Формула 1. Уживав во консултациите со Liberty media во последниве неколку месеци и јас со нетрпение очекувам да работaм со Чејс, Шон и остатокот од Формула 1 тимот за да помогнеме во развојот на спортот. Имаме единствена можност да работиме заедно со тимовите и промотерите за што подобра Ф1 за нив и што е најважно, за фановите."
Шон Брачес додаде: "Јас сум многу радосен што се приклучувам кон Формула 1 и можноста да придонесам за континуираниот раст на овој извонреден глобален бренд и спорт. Формула 1 е еден од ретките вистински глобални спортови, и јас сум охрабрен од многубројните можности за финансиски раст на бизнисот, соработката со сегашните и идните спонзори, патеките, ТВ куќите носители на правата за преноси, како и создавање на нова генерација на дигитални и искуства во живо за сите Формула 1 фанови."

Берни Еклстоун во интервју за Германскиот АМС потврди дека бил принуден да ја напушти својата позицијата како извршен директор на Формула 1: "Чејс ја презеде мојата позиција, а јас сега сум нешто како почесен претседател, иако незнам што тоа значи. Можеби ќе посетам по некоја трка од време на време, имам уште многу добри пријатели и доволно пари за да си го дозволам тоа."[DOUBLEPOST=1485255055][/DOUBLEPOST]П.С.

Кога сме кај Ферари, зошто да не би земале повеќе пари кога се единствениот тим кој никогаш не ја напуштил Формула 1, тоа треба да се цени, а не тимови како Мерцедес, Рено, Хонда, Тојота кои кога не им одговара си заминуваат од спортот!!! Историјата треба да се цени, Ф1 треба да ги почитува тимовите како Ферари, но и Мекларен, Вилијамс, Заубер, а не новокомпонирани тимови како Ред Бул и Мерцедес АМГ...
 
Последно уредено:
Конечно можност да видиме поатрактивна Ф1. Рос Браун е човекот што и треба на Ф1. Се надевам дека ќе променат и некои од правилата кои се надвор од секоја логика за ф1, како на пример ограничувањето на горивото на 105kg (од 2017)
 
Според статусот на фејсбук на МкФормула1, Ферари имаат set-back годинава, зимислете лани каде бевме а сеа имаме set-back значи ке си се тркаме со Форс Индија и Рено може и Мекларен ке не пројде. Аривабене аут, може време е за шут карта ако и оваа сезона не направи ништо?!?! :cautious::cautious::cautious:
 
Според статусот на фејсбук на МкФормула1, Ферари имаат set-back годинава, зимислете лани каде бевме а сеа имаме set-back значи ке си се тркаме со Форс Индија и Рено може и Мекларен ке не пројде. Аривабене аут, може време е за шут карта ако и оваа сезона не направи ништо?!?! :cautious::cautious::cautious:
Наводно резултатите од симулаторот и тестирањата во воздушниот тунел биле лоши , најмногу поради недовршениот проект на Алисон кој набрзина го закрпил Рори Брн и се префрлил на Б верзија на болидот кој треба да се појави на првите трки во Европа. До тогаш ќе се оди на сила со помош на форсирање на моторот.

Во меѓувреме ферари се обидува да направи клипови од челик користејќи 3Д принтер, и принтајќи клипови со форма на саќе (шуплива структура). така би добиле малку потешки клипови но издржливи кои ќе можат да ги оптоваруваат максимално, без да ја намалуваат силата на моторот поради издржливост на повеќе трки
 
Следува уште една досадна сезона во Ф1,ништо ново,ШОУ БИЗНИС,минатата сезона тука беше Нико,до некаде беше интересна ама не е тоа тоа..Сега го нема Нико.Валтери факинг Ботас,немам ништо против момакот,топ возач е има талент но не требаше да отиде во Мерцедес,мислам дека многу поинтересно ќе беше доколку отидеше некој од Кими,Алонсо,Рикардо и сл во Мерцедес,али јебига.Ботас во Мерцедес ќе биде како Маса(Фелипе бејби Фернандо ис фастер ден ју),Вебер во РедБул,Баричело во Ферари ..И оваа сезона нема да има конкурентен тим на Мерцедес и ќе гледаме 96% победи на Луис, по некоја на Ботас и др.
 
ВИДЕО ОД ПРВИОТ БОЛИД ЗА 2017 СЕЗОНАТА

На youtube каналот на Вилијамс осамна видео од нивниот 2017 болид - FW40, првиот предизвикувач дизајниран по новите правила во Формула 1 за оваа сезона. Во тимот на Вилијамс се решија да ја прескокнат бројката 39, и да одат директно на 40, како би се обележила нивната 40-годишна историја во Формула 1 мотоспортот.

Дебитантот Ленс Строл и Фелипе Маса, кој ја смени својата одлука да се повлече од Формула 1, кога Валтери Ботас замина во тимот на Мерцедес АМГ, се возачите кои ќе седнат зад воланот на јубилејниот болид на овој Британски тим.



Болидот официјално ќе биде презентиран на 25 Февруари и може да изгледа поразлично од денес прикажаниот компјутерски модел.
 
Последно уредено:
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА 2017 БОЛИДИ

ПОНЕДЕЛНИК, ЗАУБЕР C36
ВТОРНИК, РЕНО R.S.17
СРЕДА, ФОРС ИНДИЈА VJM10
ЧЕТВРТОК, МЕРЦЕДЕС АМГ W08
ПЕТОК, ФЕРАРИ, МЕКЛАРЕН MCL32
САБОТА, ВИЛИЈАМС, FW40
НЕДЕЛА, ТОРО РОСО STR12/ХАС VF17/РЕД БУЛ RB13

Основни информации за 2017 сезоната: Календар на трки, возачки постави, Календар на пред-сезонски и сезонски тест сесии...
http://mkformula1.blogspot.mk/2016/11/2017.html
 
1487584702559.jpg

1487584702559.jpg

1487584702559.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom