Формула 1 - сезона 2018

Шампион за 2018 според вас е...

  • Sebastian Vettel

  • Lewis Hamilton

  • Valtteri Bottas

  • Fernando Alonso

  • Kimi Räikkönen

  • Nico Hulkenberg

  • Daniel Ricciardo

  • Pierre Gasly

  • Kevin Magnussen

  • Max Verstappen

  • Stoffel Vandoorne

  • Marcus Ericsson

  • Carlos Sainz

  • Esteban Ocon

  • Sergio Perez

  • Charles Leclerc

  • Romain Grosjean

  • Lance Stroll

  • Brendon Hartley

  • Sergey Sirotkin

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Замисли го Бриаторе во Хас. Кај психо им се возачите, буџет имаат, Американци се. Одма наредна сезона рекорди ќе рушат :D
Уште да се воведат три возачи и да му направат кам-бек на Малдонадо во Ф1

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Колку и да е Флавио преварант и перверзњак има нос за Ф1 и за возачи, тој ги купи како просечни млади возачи Михаел Шумахер и подоцна Алонсо и во неговиот тим истите станаа шампиони иако тогаш болидите на Бенетон беа инфериорни на Вилијамсите со Дејмон Хил и покасно против Ферари и Мекларен мислам Алонсо да се бореше.
Фали таа фаца..
 
http://sportclub.mk/index.php/avto-moto/18942-fetel-ferari-mercedes
Ке бидне интересно ова ке излезе на крај во право бевме дека Мерцедес сакаат Германски тим со германци во него, Луис во Ферари тогаш, е тоа ке бидне хаос хахахахаххахах
 
фетел е само еден просек кој кога го нема најдобриот болид плаче како пиче, има тон подобри возачи од него кои би можеле да возат за мерцедес
 
Ја уништија ф1. Ова е срамота, најкатастрофална сезона со ретардирани правила (n)
 
Шитттт, фетел имаше време за трето место да не се извртеше веѓоглавиот ( милиот Алонсо додека возеше за нас)
 
http://mkformula1.blogspot.mk/2016/07/blog-post_27.html
Има некој идеја кој би можел да го замени Џејми Алисон на таа позиција во Ферари ?
CoW4mNbW8AA1jhj.jpg
 
Можеби Black Knight сакаше да каже кој е Матија Биното?!? Инаку се си пишува на МК, не беше потребно од англиска верзија на истиот напис :)

Ова најверојатно не е поради неуспех, туку поради несреќната судбина на Алисон, кога неодамна почина неговата сопруга, од што се уште психички не можел да се стабилизира, а плус на неговите деца им требал родител во близина во овие тешки моменти за неговото семејство... Со овој потег во Ферари е изгледа донесена и конечна одлука дека се запира работата на 2016 болидот и поголемиот дел од ресурсите ќе се насочат кон развивање на болидот за следната сезона...

Матија Биното е Швајцарец, кој веднаш по својата магистратура на Универзитетот во Модена, се приклучува кон семејството на Ферари т.е. 95-та година кога е тест инженер, за да по две години, со само 25-години се приклучува на Ф1 тимот на Ферари, каде работи со Рубенс Баричело. По 10-годишна макотрпна работа, во 2007 започнува неговата нагорна линија во кариерата со поставување на главен инженер за трки, за да на позицијата Главен технички директор дојде од местото главен оперативен инженер за развивање на Ферари Ф1 ПЕ.

Покрај тоа што е добар инженер, тој во тимот важи како добар менаџер на човечки ресурси, како и голем мотиватор. Овие квалитети дошле до израз при координирањето на достапните ресурсите за развој и имплетментирање на сите компонентите на новите хибридни ПЕ. Новата позиција ќе биде за него можност да ги покаже овие квалитети на едно повисоко ниво. Од друга страна пак, сега по многу време поминато во тимот дојде до неблагодарна позиција од која нема назад и ако не покаже резултати лесно може да се случи да биде жртвено јагне.
-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА ГЕРМАНИЈА

Се надевам ќе покаже резултати а уште повеќе ќе ја изиритираат публиката ако се откажат од борбата оваа година уште колку ќе се чека до нова титула имаат светски шампиони во својот табор и пак ништо некаде грешат нека си ги поправат грешките од преамбициозни најави пред почеток на сезона не се живее го сакам Аривабене бидејки е страствен човек а таков му е потребен на Ферари но потребни се и луѓе кои ќе склопат шампионски болид.

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Од следната трка(овој викенд) највероватно ќе бидат повторно дозволени комуникациите на возачот со боксот за сите аспекти, но после стартот на трката. Нема да бидат дозволени во загревачкиот круг пред самиот старт
 
Подобро нешто него ништо

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
НЕ Е ШЕГА: ПОВТОРНО ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛАТА

Стратегиската група за Формула 1, тимовите, возачите и ФИА веќе не знаат кој пат да го фатат при донесувањето на нови, поништување на истите, изменување на правилата по примена на само една трка и после се чудат зошто гледаноста на овој мотоспорт драстично опаѓа. По денешниот состанок некои се донесоа едногласно, додека некои треба дополнително да се разгледаат, како на пример стартовите кога имаме влажна патека и користење на лимитите на патеката. Се на се Ф1 оди УПМ.

Фронтална заштита на кокпитот на болидите.
Стратегиската Група за Формула 1 едногласно донесе одлука дека фронталната заштита на кокпитот на Ф1 болидите ќе се воведе од 2018 сезоната со цел на значително подобрување на безбедноста на возачите. Беше одлучено дека ќе биде мудро да се искористи вториот дел од оваа сезона и почетокот на следната за понатамошта евалуација на целосниот потенцијал на сите опции пред конечна одлука. Ова ќе вклучува повеќе тестови на ХАЛО-системот на тренинг сесиите во остатокот од оваа сезона и во текот на првиот дел од сезоната 2017. ХАЛО-системот останува најверојатната опција на заштита за воведување во 2018 година.

Радио Комуникација
На барање на носителот на комерцијалните права и на тимовите, ФИА се согласи да применува полиберален пристап кон толкувањето на член 27.1 (дека возачот мора да го вози болидот "сам и без помош"). Со исклучок на периодот од почетокот на формацискиот круг и стартот на трката, нема да има ограничувањата на пораките што тимот ги испраќа до нивните возачи, преку радио-врска или табли на пит-ѕидот. Овој пристап е во насока на обезбедување на подобри содржини за фановите и гледачите, плус сега тимовите ќе треба да обезбедат неограничен пристап до нивните радио пораки на носителот на комерцијалните права во секое време додека болидите се надвор од нивните гаражи.
 
Ова со поракиве сеа како од инает да им прават баравте да се даваат пораки океј ама сеа сите ке ве слушаат што се договарате хахахахах

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom