Формула 1 - сезона 2015

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 2015 според Вас...

  • Вкупно гласачи
    71
  • Гласањето е завршено на .
Тапа а ? Само првиот круг добар значи. Честам пиво за ова хахахах .. Кога почнуваат тестирањата ?

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk

Zavisi za koj tim, mislam nekade okolu sredina Januari oficijalnite, a neoficijalnite se veke odamna zapocnati.
 
2015 АБУ ДАБИ ГП: НИКО РОЗБЕРГ ДОМИНАНТЕН НА ЈАС МАРИНА

Нико Розберг стигна до својата трета последователна победа со доминантно возење на трката за Големата Награда на Абу Даби, победувајќи го Шампионот за оваа сезона, својот тимски колега Луис Хамилтон со предност од осум секунди. Кими Раиконен го освои третото место пред својот тимски колега од Ферари, Себастијан Фетел, кој успеа по стартот од 15-тата позиција да го освои четвртото место.

Водството го имаше уште по првиот свиок, искористувајќи го стартот од Пол позицијата. Нико Розберг во секој момент од трката имаше контрола врз ситуацијата и при првиот стинт на употребени супер-меки гуми тој направи предност од речиси пет секунди пред Хамилтон на второто место. Британецот немаше баш најдобар старт, па во еден момент мораше да одговори на нападите од Раиконен и Серџо Перез, но тоа траеше кратко и многу набргу го "зацементира" второто место. Перез ја задржа неговата почетна позиција пред тимскиот колега Нико Хулкенберг и Даниел Рикардо од Ред Бул.

На крајот на гридот имавме борба за напредок на Себастијан Ветел, кој до крајот на првиот круг успеа од 15-тата позиција до се искачи само до 12-тото место, и покрај контакт со Макс Ферстапен. Исто тала, мораше да избегнува судир при првиот свиок, во моментите кога Алонсо се префорсира и заврши во болидот на Пастор Малдонадо, кога подебелиот крај го извлече Венецуелецот. Ветел ја започна трката на меките гуми, што во еден момент го доведе до второто место, бидејќи сите стартери на супер-меки гуми, мораа рано по промена на своите гуми. Розберг влезе во бокс во 9-от, додека Хамилтон еден круг подоцна.

Нико Розберг, на почетокот на вториот стинт, повторно успева да создаде разлика од околу 7 секунди пред Хамилтон, која се намалуваше како што одминуваше времето за втор влез во боксевите. Германецот имаше поголеми проблеми со абењето на гумите од својот тимски колега, и се реши да ги посети своите механичари во 31-от круг. Хамилтон тогаш се реши да го продолжи својот престој на патеката, како би дошло до промена на позициите.

Нико со нови меки гуми, започна да ја намалува разликата до Хамилтон, водечкиот во тој момент, во обид да покрие негова одлука да се префрли на значително побрзите супер-меки гуми за својот последен престој. Тој успеа добро да ги изменаџира своите гуми и ги имаше работите под контрола со намалена разлика до својот тимски колега на 10 секунди со 15 круга до крајот.

Заканата од Хамилтон на супер-меки гуми, сепак никогаш не се случи, и кога Британецот ја имаше својата последна посета на своите механичари повторно се врати на патеката на меки гуми. Во тој момент од трката тој имаше заостанување од 12 секунди зад својот тимски колега. Се обиде да форсира, но Розберг имаше перфектна контрола над ситуацијата и на крајот од трката заврши со предност од 8.2 секунди, забележувајќи ја шестата Победа во оваа 2015 сезона и трета последователна.

Зад нив Кими Раиконен имаше мирна трка за третото место, завршувајќи пред својот тимски колега, Себастијан Ветел, кој имаше голем напредок по стартот од 15-тата позиција. Првиот стинт на меки гуми на Германецот траеше 24 круга, за да следува уште еден на меки, за да на 15 круга до крајот се префрли на побрзите супер -меки гуми. Одличното тркачко темпо на болидот на Ферари, му овозможи да стигне до четвртото место, претекнувајќи ги Рикиардо и Перез во завршните фази.

Серџо Перез ја искористи добрата форма на Форс Индија да стигне до петтото место пред Рикиардо, Хулкенберг, и Фелипе Маса. Роман Грожан, во неговата последна трка за Лотус, со стратегија од три застанувања во бокс успеа да заврши на деветтото место, пред Данил Квјат со Ред Бул. Болидите на Торо Росо не беа во форма, како ни нивните маханичари, па нивната работа и заработените казни не можеа да влезат во топ 10 пласманот. Карлос Саинц ЈР заврши на 11-тото место, пред тимскиот колега Ферстапен.

Џенсон Батон заврши на 13-тото место за Мекларен, пред Валтери Ботас, кој се судри со Британецот во боксевите и беше казнет со дополнително поминување низ боксевите. Маркус Ериксон го победи својот тимски колега, Фелипе Наср, за 15-тото место, додека Фернандо Алонсо беше 17-ти. Вил Стивенс трката ја заврши пред својот тимски колега Роберто Мери за 18-тото место.

Голема Награда на Абу Даби, Јас Марина, Абу Даби
 
Од тркава денес имаше некоја борба позади, класика. Дуелот измеѓу Батон и Верстапен беше јак. Макс е луд.

Како и да е, сега кога заврши сезоната очекувам појак Ферари наредна година. Тешко е да се предвиди каде точно ќе бидат во однос со Мерцедес али очекувам голем прогрес бидејќи ако ги земеме во предвид прогресот што го имаше Ферари од 2013 зимата во оваа година може да се заклучи дека овој менаџмент на Ферари едноставно не се заебава :D
Мекларен секако дека би требало да бидат појаки, да се борат за некое подиумче и ако победат на некоја трка мислам дека ќе бидат пресреќни. Од нив највеќе очекувам 2017.
А околу Ред Бул не очекувам ништо посебно. Нека изјават првин каков тип на мотор ќе користат. Али највероатно ќе биде некоја второстепена Рено варијанта така да ништо посебно од Ред Бул наредна година.
 
МЕКЛАРЕН ПРЕТСТАВИ КОНЦЕПТ НА БОЛИД ЗА ИДНИНАТА

Во Мекларен, сегашноста не е баш перфектна, па нивните дизајнери направија футуристички концепт на својот Ф1 болид именуван како МП4-Х.

"Со футуристичкиот Мекларен МП4-X концепт, сакавме да се ѕирне во иднината и да се замисли на уметноста на возможното. Ние ги комбиниравме основните состојки во Формула 1 спортот, брзина, адреналин и перформанси, со нови насоки на развој, како што е затворен кок-пит, за подобрување на безбедноста на возачот, и хибридните погонски технологии. Формула 1 е гладијаторски спорт, а футуристичкиот болид е заснован на врвна технологија, со високи перформанси, кој ќе предизвика возбуда кај Ф1 фановите, како во ниеден друг спорт."

Надворешноста изгледа впечатливо, но под хаубата се најголемите промени. МП4-X е дизајниран да ги искористи алтернативните извори на енергија, шасијата ја менува својата форма за да се прилагоди на различните аеродинамични барања, и може да комуницира во случај на одреден проблем. Ова е уникатен концепт на Мекларен за идната на Гран При трките.

КОЛКУ ТРКИ ЌЕ ИМА 2016 Ф1 СЕЗОНАТА, НОВИ ПРАВИЛА!!!

Денес во Париз состанок одржа Советот за Мотоспорт на ФИА за време на кој беа потврдени неколку одлуки околу Формула 1 Шампионатот, како и календарот за 2016 година.

На состанокот со речиси едногласна одлука, т.е. само еден глас против, беше решено Претседателот на ФИА, Жан Тод, заедно со Берни Еклстоун, носителот на комерцијалните права на Формула 1, да дадат препораки и донесат одлуки во врска со голем број на итни прашања во овој спорт, како што се управувањето, погонските единици и намалување на трошоците. Двајцата ја изразија својата намера заклучоците по овие прашања да ги дадат најдоцна до 31 Јануари, 2016 година.

Светскиот совет за мотоспорт, исто така, одобри одреден број на промени во Техничките и Спортски правила:

Промени во Техничките Правила

- Бројот на дозволени токени за развој на ПЕ во текот на наредните сезони ќе се намалуваат по следниот редослед:
2016 - 32
2017 - 25
2018 - 20
2019 - 15;

- На секој нов производител на ПЕ ќе му бидат доделени 15 токени во својата прва година, а 32 во втората;

- Заштитните области околу главата на возачот ќе бидат зголемени за подобрување на безбедноста.

Промени во Спортските Правила

- Официјалниот снабдувач со гуми од 2016 сезоната треба да обезбеди три смеши за суво време, наместо досегашните две;

- Од 13 сета на гуми за суво на располагање на секој возач, снабдувачот на гуми ќе избере два за трката (само еден од нив ќе треба да се користи), и еден сет (од најмеката смеша), кој ќе може да се користи само во Q3. Потоа секој возач може да ги избере останатите десет комплети од трите понудени смеши;

- Освен кога ќе се користат интермедиа или гумите за влажно време, секој возач ќе мора да искористи најмалку две различни спецификации на гуми за суво време, од кои едната ќе биде избрана од страна на добавувачот на гуми.

- Во случај кога ќе биде употребено Виртуелното безбедносно возило, ДРС-системот ќе биде овозможен веднаш по укинување на периодот на ВБВ. Исто така, ВБВ ќе може да се користи и во тренинг сесиите за да се намали изгубеното време за санација на патеката.

Хомологираните ПЕ од претходните сезони сега ќе може повторно да се хомологираат за тековната сезона. Претходно производителот на ПЕ не можеше да снабдува повеќе од една спецификација на ПЕ. Советот за мотоспорт на ФИА се согласи Ферари да снабдува четврт тим со 2015 спецификацијата на ПЕ за 2016 сезоната. (Торо Росо)

Максималниот број на трки во една сезона е зголемен на 21 а потврден е и календарот за 2016 Ф1 Шампионатот:
1. Австралија20 МартМелбурн
2. Бахреин3 АприлБахреин
3. Кина17 АприлШангај
4. Русија1 МајСочи
5. Шпанија15 МајБарселона
6. Монако29 МајМ.Карло
7. Канада12 ЈуниМонтреал
8. Азербеџан19 ЈуниБаку*
9. Австрија3 ЈулиШпилберг
10. Британија10 ЈулиСилверстоун
11. Унгарија24 ЈулиХунгароринг
12. Германија31 ЈулиХокенхајм
13. Белгија28 АвгустСПА
14. Италија4 СептемвриМонца
15. Сингапур18 СептемвриСингапур
16. Малезија2 ОктомвриСепанг
17. Јапонија9 ОктомвриСузука
18. Америка23 ОктомвриОстин**
19. Мексико30 ОктомвриМексико Сити
20. Бразил13 НоемвриСао Пауло
21. Абу Даби27 НоемвриАбу Даби

* Може да ја промени датата поради 24 часа Ле Ман

** Може да се откаже ако не биде постигнат договор со промотерот на трката
 
Што е работава што во концептите и Ферари и Мекларен коридтат "штитници" кај тркалата, повеќе ми се допаѓа концептов на Мекларен оној на Ферари повеќе ме потсеќа на возилата од Endurance категоријата што не ми се допаѓа а Мркларенов уште се гледа дека во сржта е Ф1 болид.
Инаку штета ке е ако не де вози Остин бидејки годинава беше една од повозбудливите трки.

Така е, повеќе личи на некој Ле Ман прототип концепт за иднината од колку Ф1. Кај затворен кокпит уште па и браници кај тркалата. А open wheel racing категорија е Ф1.
Иначе околу Остин, мислам дека Мексико многу и наштети на трката. Најголема посетеност во Остин имало од Јужна Америка. А иначе да, штета е да се изгуби трката. Една од најдобрите модерни патеки на Тилке е.
 
Технички тешка тука се прави разликата меѓу возачите дај им ист бочид на сите типувам на Кими,Алонсо,Хамилтон,Ветел во врвот. Не може секој да ја вози. Ме интересира Ред Бул што концепт ке исфрлат некое вонземно решение на Њуи претпоставувам

Sent from my HTC Desire 610 using Tapatalk
 
Иначе и Рено официјално го превзема Лотус. Уште еден фабрички тим, што е одлично. И нема повеќе да се руга името на Колин Чапман :D
 
Иначе и Рено официјално го превзема Лотус. Уште еден фабрички тим, што е одлично. И нема повеќе да се руга името на Колин Чапман :D
Тоооо .. told ya. Ред Бул ке го јаде сезонава .. акооо кога сакат да го тупат бујрум сеа Ферари нема да им даде првостепен мотор а нема ни Рено, ниту пак Мерцедес чиао рагаци. Се јачаа ауди она ауди ова па VW еве викајте сиги сеа другарчињата па правете ПЕ, ке направат ама ке се натпреваруваат со Марусија, па дури имам и надеж за Марусија во наредна сезона дека ке се гураат на 13-14 место :)
 
1449140284.jpg

zosto site se plasat od slabiot red bull ne mi e jasno, inace dogodina motorite na reno koi ke gi koristi rb ke bidat rebrendirani vo tag heuer
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom